Македонија
Македонското здравство на 28 место во Европа

Според истражувањето European health consumer index 2013 (EHCI), изработено од шведската компанија Health consumer powerhouse, македонското здравство е рангирано на 28 место во Европа, од вкупно 35 земји. Последното место го зазема Србија, а првото место Холандија.
Холандија е лидер на оваа листа со скор од 870 поени од 1000 можни, а Македонија, заедно со Унгарија, има 546 поени. Србија на последното место има 451 поени, а на дното се уште и Романија, Летонија, Полска и Бугарија.
Овогодинешното истражување на здравствениот систем се рангира во 48 индикатори, кои опфаќаат шест подрачја: почитување на правата на пациентите и информираноста, времето на чекање за поедини операции и прегледи, исходи по здравје, превенција и достапност на услугите кои се даваат, фармацевтските средства кои ги добиваат болните, а прв пат оваа година рангирана е и областа на превенцијата.
Меѓу лидерите во Европа, покрај Холандија се и Швајцарија, Исланд, Данска, Норвешка и Белгија.
Целосниот извештај на Health consumer powerhouse може да се види тука./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
МВР најави засилени мерки против непрописното паркирање

Вчера во периодот од 17:00 до 20:00 часот од страна на Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје преземени се зајакнати мерки за санкционирање на непрописно паркираните возила низ централното градско подрачје за зголемување на безбедноста во сообраќајот.
МВР информира дека се преземени вкупно 20 мерки од кои изречени се шест прекршочни платни налози за непрописно паркирани возила, 12 возила се подигнати со специјалното возило “пајак” и 2 мерки по останати прекршоци.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови, најави МВР.
Од таму апелираат до сите учесници во сообраќајот да се почитуваат сообраќајните правила и прописи и сите заедно да придонесеме за посигурни патишта.
Македонија
Облачно време со пороен дожд и грмежи

Времето денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремени локални врнежи од дожд и грмежи. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, силен ветер и изолирана појава на град, информира УХМР.
Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 11, а максималната ќе достигне од 18 до 26 степени.
Во Скопје, променливо облачно, попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирана појава на град. Минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне до 25 степени.
Во деновите од викендот ќе се задржи променливо облачно и нестабилно време со повремени врнежи од дожд и појава на грмежи. Локално ќе има поинтензивни процеси во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, силен ветер и изолирана појава на град.
Во понеделник ќе има повремен локален дожд, а од вторник стабилизирање на времето.
Македонија
Ѓорче Петров и Сопиште денеска без струја

ЕВН Македонија АД известува дека денеска без електрична енергија ќе останат:
-во периодот од 09.00 до 14.00 часот, дел од корисниците на ул 100 и ул 21 во Волково (Општина Ѓорче Петров)
-во периодот од 12.00 до 14.00 часот дел од ул.3 во Ракотинци (општина Сопиште)