Контакт

Свет

САД и Русија го договорија START 2

Објавено пред

„САД и Русија постигнаа најсеопфатен договор за контрола врз вооружувањето во последните две децении“, изјави американскиот претседател

dobivaj vesti na viber

Во изјава од Белата куќа, претседателот Барак Обама соопшти дека со овој договор кој трерба д асе потпише на 8-ми април во Прага, за околу една третина се намалува нуклеарното оружје кои двете супер сили ќе го разместат. Оваа изјава дојде по конечниот договор и прецизирањето ан текстот на договорот со рускиот претседател Дмитриј Медведев.Новиот Договор за ограничување на стратешкото вооружување (START) ќе има важност од десет години а се надоврзува на претходниот ваков договор кој важеше од 1991 до крајот на 2009 г. На него преговарачите работеа од април 2009 г. Разговорите беа тешки, бидејќи имаше големи разлики околу верификацијата, вклучувајќи ги инспекциите на самите арсенали, како и околу проектилите кои ги носат нуклеарните боеви глави. „Со договорот значително ќе се намали бројката проектили и лансери. Со него се воспоставува силен и ефектен верификациски режим. Тој ја одразува флексибилноста која ни е потребна за да ја заштитиме и унапредиме нашата национална безбедност, и ја гарантиран нашата непоколеблива предаденост на безбедноста на нашите сојузници“, изјави Обама, додавајќи дека контролата во вооружувањето е на врвот од приоритетите на неговата администрација. Според податоците за новиот START, кои ги објави Белата куќа, двете земји се обврзале  значително да го намалат стратешкото вооружување во рок од седум години од неговото стапување на сила. Тој ќе стапи откако по потписите на претседателите врз него, ќе биде ратификуван и од руската Дума и од американскиот Сенат. START 2 предвидува ограничување на разместувањето на нуклеарните боеви глави на 1.500 за секоја од страните. Тоа е ниво за 74 отсто помало од она од претходниот договор START 1 од 1991 г., и за 30 проценти пониско од она предвидено со Московскиот договор од 2002 г. Комбинираната бројка разместени и неразместени копнени и поморски лансери на интерконтиненталните балистички проектили (ICBM), како и на тешките бомбардери опремени да носат нуклеарно оружје, се ограничува на по 800 за секоја од потписничките на договорот. Со овие ограничувања се преполовени и одредбите за системите за испорачување на нуклеарното оружје. Според податоците што претходно ги објави Федерацијата на американските научници (FAS), САД моментално имаат разместени 2.100 а Русија 2.600 стратешки боеви глави. Двете земји неколку години наназад еднострано ги намалуваа бројките на лансери (ICBM), па така според истите податоци САД имаат сега помалку од 1.200 а Русија околу 800, колку и што се предвидува со новиот договор.Верификацискиот режим за кој зборуваше американскиот претседател предвидува теренски инспекции, размена на податоци и информации.Меѓутоа, потврдено е дека договорот не содржи ограничување за тестирање, развој и разместување на веќе постојните или планирани американски програми за одбрана од проектили или за постојните или планираните капацитети за конвенционални напади од долг дострел, потврди Белата куќа. Според американските медиуми, оваа одредба била една од најспорните точки од преговорите, бидејќи Русија бараше со договорот да се ограничат и системите за одбрана од проектили. Државната секретарка Хилри Клинтон и министерот за одбрана на САД, Роберт Гејтс во петок изјавија дека промените нема да ја загрозат способноста на земјата да се заштити самата и нејзините сојузници. Како што пишуваат американските медиуми, Обама планира да отвори и втор круг од преговорите за натамошно намалување на нуклеарните арсенали, во кои би биле опфатени веќе складираните нуклеарки и тактичките атомски бомби, а на крајот смета во преговорите да бидат вклучени и другите нуклеарни сили, како Кина, Велика Британија, Франција итн. По потпишување на договорот со Медведев, на 12. и 13-ти април, во Вашингтон Обама организира самит на 45 држави посветен на спречувањето на ширењето нуклеарно оружје и материјали. Во мај, пак во Њујорк светските лидери ќе имаат редовна конференција за ревизија на спроведувањето на Договорот за неширење на нуклеарното оружје.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

Три девојки планирале терористички напад во Париз

Објавено пред

Девојки на возраст од 18, 19 и 21 година, беа уапсени и обвинети за терористичка завера и планирање напад во Париз, соопштија денеска истражните органи.

dobivaj vesti na viber

Како што е наведено, тие неколку недели планирале насилен терористички напад врз кафуле или концертна сала во Париз, јави РТЛ.

Апсењето и обвинението против трите жени е резултат на истрагата на Националното обвинителство за борба против тероризмот, која беше успешно завршена пред 10-годишнината од смртоносниот терористички напад на 13 ноември 2015 година во Париз.

Прикажи повеќе...

Свет

Се запали магацин за парфеми во Турција, загинаа шест лица

Објавено пред

Најмалку шест лица загинаа, а две се повредени во пожар што утрово избувна во магацин за парфеми во градот Диловаси, во северозападниот дел на Турција.

dobivaj vesti na viber

Според снимките што ги емитуваше турскиот канал НТВ, изгореле два ката од зградата во која се наоѓале магацинот и работилницата за производство на парфеми.

Засега нема информации за тоа што го предизвикало пожарот.

Прикажи повеќе...

Свет

Зеленски: Русија ја нападна Украина со повеќе од 450 дронови и 45 ракети, повредени се и деца

Објавено пред

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека Русија ја нападнала Украина од полноќ со повеќе од 450 дронови и 45 различни видови ракети.

dobivaj vesti na viber

– Во тек е спасувачка операција во Дњепар. Русија ноќеска го гранатираше градот, погодена е станбена зграда. Досега е познато дека се повредени 11 лица, вклучувајќи деца. За жал, едно лице почина. За жал, едно лице почина и во регионот Харков, има жртви во регионот Киев и Полтава, информира Зеленски во објава на Фејсбук.

Според него, руските сили ги нападнале и регионите Дњепропетровск, Кировоград, Николаев, Суми и Чернихив.

– Целите на терористите се непроменети, обичниот живот, станбените згради, нашата енергија, инфраструктурата. Прашањето е во ресурсите за убивање, за парите – потребни се санкции за да се лиши Русија од можноста да ја продолжи војната што ја почна и што се влече. Ги цениме сите чекори што нашите партнери веќе ги презедоа, но руските напади покажуваат дека притисокот мора да биде посилен, нагласи Зеленски.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ1 час

Грабнале жена, ја тепале, па откако се онесвестила, ја силувале во напуштен објект во Струга

Две лица од дебарско се осомничени дека на 6 ноември околу 19 часот грабнале 30-годишна жена која потоа едниот од...

Топ3 часа

Остатоци од човечко тело најдени во кавадаречко Сопот

Во ОВР – Кавадарци било пријавено дека во атар на кавадаречкото село Сопот биле пронајдени остатоци од човечко тело, информираа...

Топ3 часа

Полицијата ги најде децата кои тепаа малолетник во Струмица и го снимаа за на Тик Ток

Случајот во кој четворица малолетници насилно се однесувале кон малолетник во Струмица, а потоа настанот го објавиле на социјалната мрежа...

Македонија7 часа

Таен ринг за борби со кучиња разоткриен во битолско, заработувале од мачење животни

Грчки државјанин сопственик на куче, пит бул, косовски државјанин сопственик на куче од расата американски стафорд, како и двајца македонски...

Свет7 часа

(Фото) Русите пак ја нападнаа Украина, има загинати

Украина пријави нов руски напад врз нејзината енергетска инфраструктура во текот на ноќта, во кој едно лице загина, а неколку...

Свет8 часа

Руската воздушна одбрана соборила 79 украински дронови

Руската воздушна одбрана соборила 79 украински дронови во текот на ноќта, соопшти руското Министерство за одбрана. – Во текот на...

Свет19 часа

САД ги укинаа санкциите против сирискиот претседател

САД денес ги укинаа санкциите врз сирискиот претседател Ахмед ал-Шариа, само неколку дена пред неговата средба со американскиот претседател Доналд...

Регион21 час

(Видео) Околу 50 маскирани лица дојдоа пред Српскиот културен центар во Загреб

Педесетина маскирани мажи, претежно млади луѓе, пристигнаа пред Српскиот културен центар во Загреб, каде што се одржува изложба. Таму беа...

Свет21 час

Министрите на Трамп: Обновливите извори на енергија се бескорисни, ЕУ треба да купува наша нафта

Глобалните инвестиции во обновлива енергија се покажаа како залудни и светот треба да се фокусира на сигурно снабдување со фосилни...

Европа22 часа

Германски министер: Дроновите во Белгија се порака да не се допираат замрзнатите руски средства

Германскиот министер за одбрана Борис Писториус денес посочи врска помеѓу неодамнешните инциденти со беспилотни летала во Белгија и дебатата за...

Топ23 часа

Кривична против полициски службеник од СВР Тетово: Ја заменил урината за да спаси син на колега кој бил уапсен за дрога

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи до Основното јавно обвинителство за гонење...

Македонија1 ден

За подарок од 50.000 евра, директорот на Платежната агенција му доделил на апликант финансиска помош од ИПАРД-програмата

Полицијата уапси пет лица, меѓу кои и директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и рурален развој во најновиот коруптивен...

Топ1 ден

Скопјанец репетирал пиштол во угостителски објект во Центар, кај него била пронајдена дрога

Скопјанец извадил пиштол и го репетирал во угостителски објект во Центар, а полицијата кај него пронајде и дрога. Според информациите...

Македонија1 ден

За најмногу шест месеци, од Зелениково до Центар за 25 минути ќе се патува со градскиот воз, сосе застанувања

Од Зелениково до централната железничка станица во Скопје со градскиот воз ќе се патува за 25 минути. Возот, кој ќе...

Македонија1 ден

Ѓорѓиевски за акцијата за чистење: Ова што вчера го почнавме не е маркетинг

Ова што вчера го почнавме не е маркетинг, туку да покажеме дека кога се сака – сè се може, вели...

Македонија1 ден

Турчин фатен со злато вредно половина милион денари на аеродром, Македонец од Лондон шверцувал уреди „епл“

Царински службеници и мобилни царински тимови запленија 92 грама златни плочки и монети, „Епл“ уреди, 37.500 евра, цигари, парфеми и...

Македонија1 ден

Откриен еден од убијците во Чашка, по вториот се трага – жртвата намамена, застрелана во главата и оставена покрај патот

Велешкото Обвинителство донесе Наредба за истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека бил соизвршител за убиство....

Свет1 ден

(Видео) Заплови „Фуџијан“, најновиот и најмоќен кинески носач на авиони

Најновиот кинески носач на авиони „Фуџијан“ официјално е пуштен во служба, што претставува значаен чекор во напорите на Пекинг да...

Македонија1 ден

„Влен“: Почна вистинското чистење на Скопје од ѓубрето и старата политика

По месеци на давење на градот во лоша миризба, ѓубре, запуштеност и пропаганда, од коалицијата „Влен“ велат дека почнало вистинското...

Регион1 ден

Албанија усвои закон за родова рамноправност по бурна расправа

Албанскиот парламент доцна синоќа го усвои Законот за родова рамноправност, по повеќечасовна и остра дебата. Законот беше изгласан со 77...