Контакт

Вести

Нема примирје во Сирија: Курдите напредуваат, Турците бомбардираат

Објавено пред

Нема пауза во борбите и бомбардирањата во северна Сирија ниту во петокот, на денот кога на сила требаше да стапи примирјето коешто цела седмица го најавуваат САД и Русија.

dobivaj vesti na viber

Додека војната во Сирија влегува во шестата година, започна во март 2011 година како рефлексија од ткн Арапска пролет“, надежите во постигнување мир се оценуваат како помали од кога и да е, признава и специјалниот претставник на Обединетите нации за Сирија, Стефан де Мистура. Според него, 25-ти февруари е датумот за продолжување на мировните преговори во Женева меѓу владата на сирискиот алавитски (шиитски) претседател Башар ал-Асад и сунитската вооружена опозиција, не е реален.

На теренот курдските сили и натаму напредуваат на северот од земјата, кон сунитските џихадисти од Исламката држава во покраината Хасака, профитирајќи од воздушните удари на меѓународната коалиција предводена од САД, како претходно од руските удари во северната покраина Алепо. Истворемено Турција ги прошири областите на коишто гранатира во Алепо кои се под контрола на сириските Курди, а коишто турската влада ги обвинува за најновиот терористички напад во Анкара, иако тие негираат дека имаат каква и да е врска со тој чин.

„Станува збор за најжестокото бомбардирање од почетокот на турскиот воен поход врз Курдите во оваа област од 13-ти февруари“, го пренесува AFP соопштението на опозициската Сириска опсерваторија за човекови права (SOHR) со седиште во Лондон, која се повикува на информации од активисти на теренот во Сирија.

Главната курдска милиција во Сирија, Единиците за заштита на народот (YPG) и нејзиното политичко крило курдската Партија на демократското единство (PYD), кои контролираат три четвртини од сириско-турската граница, Анкара ги третира како „терористички групи“, поради нивната блискост со забранетата Работничка партија на Курдистан (PKK) чиишто герилци помагаа во одбраната на сирискиот курдски град Кобане пред повеќе од година иполовина од повеќемесечната опсада на Исламската држава. Вашингтон, меѓутоа, ги поддржува Курдите, коишто се покажаа и на сириското и на ирачкото боиште како најефикасните борци против џихадистите.

Во сириската покраина Хасака, Сириските демократски сили (FDS), сојуз во кој е вклучена со арапски локални милиции и YPG, заземаа повеќе места и напредуваат кон градот Шадада, упориште на Исламската држава во оваа покраина, и се наоѓаат на само пет километри од градот.

Во своите напредувања Курдите успеаја да пресечат два важни правци за снабдување на борците на Исламската држава, еден кој ја поврзува Шадада со Мосул во Ирак и еден кој води до Рака, во истоимената сириска покраина, кој е дефакто главен град на „калифатот“ што го прогласи оваа екстремна сунитска организација на териториите коишто ги контролира во Сирија и во соседен Ирак. Курдите, исто така, го заземаа и нафтоносното поле К’биба, североисточно од Шадада.

Во согласност со повикот од 12-ти февруари на Меѓународната група за поддршка на Сирија, којашто обединува 17 земји и три меѓународни организации, меѓу кои се и САД, Русија, Саудиска Арабија и Иран, кои поддржуваат спротиставени страни во сирискиот конфликт, во петокот оружјето требаше да стивне, и да стапи на сила „прекинот на непријателствата“. Кога станува збор за преговорите меѓу владата и опозицијата, кои беа одложени на 3-ти февруари, тие во моментов се замрени.

„Реално гледајќи, не можам да свикам нови преговори во Женева на 25-ти февруари, но ја имаме намерата тоа брзо да го сториме. Ни се потребни десет дена да се подготвиме и да ги испратиме поканите. Преговорите може да бидат крунисани со успех, доколку продолжи доставувањето на хуманитарната помош и доколку дојде до прекин на огнот“, вели претставникот на ОН за Сирија, Стефан де Мисура во интервјуто за шведскиот дневен весник Svenska Dagbladet.

Русија, којашто е сојузник на претседателот Башар ал-Асад, сепак, изрази незадоволство од неговите предлози во врска со желбата повторни да ја контролира цела Сирија.

„Русија сериозно се ангажираше во оваа криза, политички, дипломатски а сега и воено. Оттаму, би сакале Башар ал-Асад да води сметка за тоа“, рече рускиот амбасадор во ОН, Виталиј Чуркин. Во едена од ретките критики на сириските власти, појасни дека изјавите на сирискиот претседател „не се во согласност со дипломатските напори на Русија“ чија цел е прекин на непријателствата и воспоставување примирје.

Оцени, исто така, дека е прерано за евентуално воспоставување зона на забранети летови над Сирија, на што со години инсистира Турција која сега доби поддршка и до Германија. Москва, имено, со поддршка на Кина, неколкупати во Советот за безбедност на ОН пред речиси три години блокираше слични предлог резолуции, бидејќи оцени дека со тоа се повторува ткн Либиско сценарио, која Либија ја доведе до тотален распад и хаос.

Кога станува збор за Турција, пак, НАТО ја предупредил Анкара да не ја предизвикува Русија, како и дека Алијансата нема да дозволи да биде вовлечена во „воена ескалација со Русија“ поради напнатоста меѓу двете земји, откако пред неколку месеци турските ловци соборија руски бомбардер на сириско-турската граница, тврди германскиот магазин Spiegel./крај/мф/сн

Извор: Макфакс

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија6 часа

Ѓорѓиевски: За два дена од Скопје се исчисти над четири и пол илјади тони отпад, скопјани имаат човек на кој може да се потпрат

Над четири и пол илјади тони отпад или четири до пет пати повеќе од секој вообичаен викенд што се собирало...

Топ7 часа

Пијан возач од Турција направи хаос во Аеродром

Полицијата објави фотографија од сообраќајката што се случила синоќа на улицата Матеја Матевски во Аеродром, кога возач на „БМВ 5“...

Македонија10 часа

Ѓорѓиевски со предупредување до граѓаните, ќе се казнува секој што ќе фрла отпад

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, објави дека акцијата за чистење „72 часа“ се одвива одлично, со цел градот да...

Македонија12 часа

Таткото на едно од девојчињата загинати со „Пулс“ објави видео од нејзиното последно излегување од дома

Александар Наунов, таткото на трагично загинатата Надица, една од 63-те жртви во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, сподели видео...

Македонија15 часа

Јаневска: Следната година нема „прогледување низ прсти“ ако директорите не нарачаат учебници на време

Директорите на училиштата треба многу сериозно да си ја сфатат работата дека се должни да ги почитуваат законите и да...

Македонија17 часа

„Супорт Кочани“ собра 11 милиони денари од донации за настраданите од „Пулс“, државата им наплати 1 милион денари данок

Околу 11 милиони денари се распоредени од заедничката сметка за донации од граѓанската иницијатива „Супорт Кочани“. Од граѓанската иницијатива велат...

Македонија1 ден

Родителите на починатите во „Пулс“ со порака до судиите: Не дозволувајте болката и гневот да станат уште поголеми

Во Кочани денеска родителите на жртвите од пожарот во дискотоеката „Пулс“ одржаа нов „Марш за ангелите“, упатувајќи порака до правосудните...

Топ2 дена

Грабнале жена, ја тепале, па откако се онесвестила, ја силувале во напуштен објект во Струга

Две лица од дебарско се осомничени дека на 6 ноември околу 19 часот грабнале 30-годишна жена која потоа едниот од...

Топ2 дена

Остатоци од човечко тело најдени во кавадаречко Сопот

Во ОВР – Кавадарци било пријавено дека во атар на кавадаречкото село Сопот биле пронајдени остатоци од човечко тело, информираа...

Топ2 дена

Полицијата ги најде децата кои тепаа малолетник во Струмица и го снимаа за на Тик Ток

Случајот во кој четворица малолетници насилно се однесувале кон малолетник во Струмица, а потоа настанот го објавиле на социјалната мрежа...

Македонија2 дена

Таен ринг за борби со кучиња разоткриен во битолско, заработувале од мачење животни

Грчки државјанин сопственик на куче, пит бул, косовски државјанин сопственик на куче од расата американски стафорд, како и двајца македонски...

Свет2 дена

(Фото) Русите пак ја нападнаа Украина, има загинати

Украина пријави нов руски напад врз нејзината енергетска инфраструктура во текот на ноќта, во кој едно лице загина, а неколку...

Свет2 дена

Руската воздушна одбрана соборила 79 украински дронови

Руската воздушна одбрана соборила 79 украински дронови во текот на ноќта, соопшти руското Министерство за одбрана. – Во текот на...

Свет2 дена

САД ги укинаа санкциите против сирискиот претседател

САД денес ги укинаа санкциите врз сирискиот претседател Ахмед ал-Шариа, само неколку дена пред неговата средба со американскиот претседател Доналд...

Регион2 дена

(Видео) Околу 50 маскирани лица дојдоа пред Српскиот културен центар во Загреб

Педесетина маскирани мажи, претежно млади луѓе, пристигнаа пред Српскиот културен центар во Загреб, каде што се одржува изложба. Таму беа...

Свет2 дена

Министрите на Трамп: Обновливите извори на енергија се бескорисни, ЕУ треба да купува наша нафта

Глобалните инвестиции во обновлива енергија се покажаа како залудни и светот треба да се фокусира на сигурно снабдување со фосилни...

Европа2 дена

Германски министер: Дроновите во Белгија се порака да не се допираат замрзнатите руски средства

Германскиот министер за одбрана Борис Писториус денес посочи врска помеѓу неодамнешните инциденти со беспилотни летала во Белгија и дебатата за...

Топ2 дена

Кривична против полициски службеник од СВР Тетово: Ја заменил урината за да спаси син на колега кој бил уапсен за дрога

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи до Основното јавно обвинителство за гонење...

Македонија3 дена

За подарок од 50.000 евра, директорот на Платежната агенција му доделил на апликант финансиска помош од ИПАРД-програмата

Полицијата уапси пет лица, меѓу кои и директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и рурален развој во најновиот коруптивен...

Топ3 дена

Скопјанец репетирал пиштол во угостителски објект во Центар, кај него била пронајдена дрога

Скопјанец извадил пиштол и го репетирал во угостителски објект во Центар, а полицијата кај него пронајде и дрога. Според информациите...