Македонија
Над 400 ромски дечиња во градинка
Вкупно 410 деца Роми во 20 општини наесен ќе одат во градинка, а лани беа опфатени 367 деца во 19 општини, во рамките на проектот што започна пред три години со цел да се зголеми бројот на ромски деца во детските градинки, една година пред поаѓање во училиште.
Вкупно 410 деца Роми во 20 општини наесен ќе одат во градинка, а лани беа опфатени 367 деца во 19 општини, во рамките на проектот што започна пред три години со цел да се зголеми бројот на ромски деца во детските градинки, една година пред поаѓање во училиште.
Во проектот „ Инклузија на деца Роми во јавните општински установи детски градинки“ , вклучени се 21 негувателки Ромки и 108 лица од воспитно – згрижувачкиот кадар.
“Овој проект претставува основа за сето она кое претставува помош и инклузија на Ромите во целокупните општествени текови. Градинката е основоположник во развојот на детето, која после продуцира полесен и поздрав образовен систем“, изјави заменик министер за труд и социјала Спиро Ристовски.
Активностите што се превземаат се во насока на поддршка и подобрување на ромските деца во основното образование преку подобрување на познавањето на македонскиот јазик, социјалните вештини, како и нивна социјална исклученост од општеството.
Националниот фасцилитатор на Ромскиот едукативен фонд (РЕФ) Сенад Мустафов рече дека родителите Роми често немаат услови да го плаќаат предучилишното образование со оглед на тоа дека во просек месечната социјалната помош изнесува до две илјади денари.
РЕФ е всушност иницијатор на овој проект во соработка со Министерството за труд и социјална политика.
Проектот ќе обезбеди финансиски средства за јавната општинска детска градинка со цел зголемување на бројот на Ромски деца а средствата ќе се доделуваат во еднакви месечни циклуси, базирани на редовноста на децата во детската градинка.
Проектот е дел од приоритетите за националната стратегија за Ромите во Македонија и произлегува од мерките и активностите истакнати во ревидираните национални акциони планови од „Декадата за вклучување на Ромите 2005-2015“. /крај/ ми
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Светиот крст на Водици за прв пат ќе се фрла во водите на езерото Јасика во Долно Лисиче
Оваа година за првпат во Долно Лисиче започнува една убава традиција, односно фрлање на светиот крст во водите на езерото Јасика. По тој повод организаторите на настанот ги покануваат верниците во Бога да присуствуваат на овој настан со надеж дека ќе прерасне во традиција.
„Почитувани верници во Бога, на 19.01.2024 на Богојавление – Водици, за прв пат во Долно Лисиче ќе се организира фрлање на светиот крст во водите на езерото Јасика. Во заедничка организација на Црковниот одбор при Храмот Света Троица и ресторанот Рибник Езеро Јасика ќе започнеме една традиција која се одржува секоја година. Сите заинтересирани кои сакаат да скокаат по крстот да се пријават кај секретарот Бобан Блажевски 070710378 или во самиот Црковен Храм Св.Троица со лични податоци и телефонски број како и доставена медицинска белешка за здравствената состојба на кандидатот“, велат организаторите на настанот.
За тој што ќе го фати крстот ќе биде доделена рачно изработена икона и уште една вредна награда. Пред самиот чин на скокање во осветените води ќе биде извршена уште еден медицински преглед од страна на медицинската екипа.
После фаќањето на светиот крст сите присутни ќе бидат почастени со топло чајче и греана ракија, а доколку некои од верниците во Долно Лисиче сака да донесе некое мезе или сукано истото ќе биде добредојдено.
Детална агенда за настанот:
Крст ќе се фрли во осветените води точно во 12:00. До сега има 15 пријавени кандидати, до сабота кој не се пријавил може да се пријави.
Настанот ќе го проследи и градоначалникот на Општина Аеродром кој лично ќе му ја врачи едната вредна наградата на среќниот капач, а втората вредна награда голема рачно изработена икона ќе ја врачи Отец Оливер Петровски во просториите на Црковниот Храм Св.Троица по завршувањето на манифестацијата.
Распоред на активности:
08:00 – 10:00 утринска богослужба во Храмот „Св.Троица“
11:00 собир во дворот на Св.Троица
11:40 осветување на водите
12:00 спуштање на Светиот крст во осветените води
Греана ракија, топло чајче и пити/банички за посетителите во „Јасика“
12:30 – 13:30 греана ракија, топло чајче, пити/банички во големата сала при Храмот „Св.Троица“ каде ќе се даде втората награда.
Поканети се сите кои сакаат да присуствуваат и да ја видат оваа убава манифестација во живо.
Македонија
Големи гужви попладнево на повеќе скопски улици – сообраќајот закочен
Огромни гужви има попладнево во повеќе делови од главниот град, а граѓаните се жалат дека се заглавени во своите автомобили повеќе од еден час, на рути за кои воглавно се потребни по 20 до 30 минути.
Според информациите, голем метеж има кај Автокоманда поради сообраќајна незгода со неколку возила, поради што настанати се колони, а автомобилите едвај се движат и во реонот на Железара и Бутел, каде исто има информации за случена сообраќајна несреќа.
Големи колони попладнево беа забележани и кај Влае.
Засега не е позната состојбата на учесниците во незгодите.
Граѓаните се жалат на големи гужви и во реонот на скопски Аеродром, Ново Лисиче, Нерези.
Македонија
Симулациска вежба на кандидатите за полициски службеници за одговор при природна непогода
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денес во Центарот за обука на МВР во Идризово, присуствуваше на симулациска вежба со кандидатите за полициски службеници, за одговор на полицијата по случена природна непогода – земјотрес и нарушување на ЈРМ од поголем обем.
„Вежбата се организира во рамките на теренско тактичката обука на кандидатите за време на последната работна недела на кандидатите од генерација 2024/2025. За симулациската вежба беше подготвено сценарио за прикажување на одговор на настаната ситуација од земјотрес. Целта на вежбата е да се претстават вештините на кандидатите за полицаец во делот на обезбедување прв одговор во случај на природна непогода и тоа преку обезбедување помош и поддршка на населението, обезбедување лице место и спасување на настрадани како и одговор на полицијата при нарушен Јавен ред и мир од поголем обем. Во спроведувањето на вежбата активно се вклучија: Црвен крст, Единицата за брзо распоредување, Единицата за службени кучиња и граничната полиција“, потенцираше министерот Тошковски.
Тошковски подвлече дека со таквите практични вежби се симулира реалност во која идните полициски службеници ќе можат да ја демонстрираат својата подготвеност за работа во сложена безбедносна состојба и е можност за унапредување на соработката и координацијата со Црвениот крст која е од суштинско значење во вакви реални ситуации.