Македонија
Членовите на „Достоинство“ ќе го посетат Вејце
Претседателот на здружението „Достоинство“ Стојанче Ангелов објави дека во среда на 28 април „Достоинство“ ќе го посети селото Вејце каде што во 2001 година загинаа колегите бранители.
Претседателот на здружението „Достоинство“ Стојанче Ангелов објави дека во среда на 28 април „Достоинство“ ќе го посети селото Вејце каде што во 2001 година загинаа колегите бранители. „Оваа посета ќе ја направиме како граѓани на државата, а не како припадници на безбедносните сили. Ќе бидеме невооружени и нашата цел не е да провоцираме, туку само сакаме да оддадеме почит на нашите колеги кои на тоа место ги загубија своите животи“ изјави Ангелов. Здружението „Достоинство“ кое денеска одржа собрание, објави дека бил направен обид за растурање на здружението од страна на неколку пратеници на ВМРО ДМПНЕ. Ангелов не сакаше да ги именува, но кажа дека веќе еден месец се обидуваат припадниците на ова здружение да ги натераат да преминат во ново здружение. „Седум члена на ’Достоинство’ го напуштија задружението и преминаа во некакво друго здружение. Централното собрание ги исклучи овие седум члена“, објави Ангелов. Претседателот на „Достоинство “ негираше дека од здружението се отцепени ограноци, туку дека го напуштил само еден претседател./крај/сл
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Во прекин сообраќајот на граничниот премин Евзони
Од 17:30 часот сообраќајот на граничниот премин Евзони (Богородица) е во прекин, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Македонија
Во наредните десет дена изменет сообраќаен режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта
СВР Охрид информира дека од денеска во наредните десет дена, на сила ќе бидат измените на сообраќајниот режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта, општина Дебрца.
„На овој патен потег, сообраќајот ќе се одвива наизменично по левата сообраќајна лента гледано во правец од Охрид кон Кичево поради што, апелираме до возачите, крајно внимателно и со прилагодена брзина да ги управуваат своите патнички и други моторни возила и во согласност со поставената хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација“, соопштуваат од СВР Охрид.
Македонија
СДСМ: „Тефтерчињата“ во судството од времето на Никола Груевски се вратија
„Го сменија јавниот обвинител за да постават обвинител под своја контрола. Сопруга на градоначалник од ДПМНЕ назначија за член на Судскиот совет, поставија партиски човек во Советот за јавни обвинители. ‘Тефтерчињата’ во судството од времето на Никола Груевски се вратија“, велат од СДСМ.
„Сите знаат, следува целосно погребување на правдата. Со неуставна Резолуција во Собранието ДПМНЕ-ЗНАМ ја гушат демократијата, слободата на говор и се обидува да ја замолчи опозицијата да не зборува за договорот мигранти за пари.
Дури и Катица Јанева ја пуштија од затвор. Три години порано ја пуштија надвор од затвор за 3 месеци да тера кампања. Copy-paste сценарија како методите на Никола Груевски и Вучиќ. Режим 2.0.
Затоа е потребен широк фронт за правда на сите слободоумни граѓани, опозициски партии, прогресивни сили, здруженија. Заедно ќе ја одбраниме демократијата, заедно ќе ја одбраниме Македонија!“, се наведува во соопштението на СДСМ.

