Македонија
Ново кривично дело : Најмалку 4 години затвор за лажни азиланти
Министерството за правда подготви и до Владата на Република Македонија достави предлог за изменување и дополнување на Кривичниот законик со кој се предвидува ново кривично дело „Злоупотреба на правата од безвизниот режим со државите членки на Европската Унија и на Шенгенскиот договор“.
Министерството за правда подготви и до Владата на Република Македонија достави предлог за изменување и дополнување на Кривичниот законик со кој се предвидува ново кривично дело „Злоупотреба на правата од безвизниот режим со државите членки на Европската Унија и на Шенгенскиот договор“.Со ова кривично дело се санкционира сторителот кој врбува, поттикнува, организира, засолнува или превезува лица во држава членка на Европската Унија и на Шенгенскиот договор, заради стекнување или остварување на социјални, економски или други права, спротивно на правото на Европската Унија и на меѓународното право.За овој облик на кривично дело е пропишана казна затвор од најмалку четири години. Ако делото е сторено од користољубие се пропишува казна затвор од најмалку осум години. Исто така, предвидена е и одговорност на правното лице (превозници, туристички агенции и др.) кое врбува, поттикнува, организира, засолнува или превезува лица во држава членка на Европската Унија и на Шенгенскиот договор спротивно на правото на Европската Унија и на меѓународното право за што е предвидена парична казна. Со новото кривично дело се предвидува и одземање на предметите и превозните средства кои се употребени за извршување на кривичното дело. Со новото кривично дело ќе се создадат казнено-правни механизми за спречување злоупотреба на правата од безвизниот режим со државите членки на Европската Унија и на Шенгенскиот договор, соопштуваат од Министерството за Правда. Новото кривично дело ќе биде дел од борбата и спречувањето на лажните азиланти кои ја преплавија Европа заради што унијата се закани со враќање на визните бариери. крај.км
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ДИК: Излезноста до 15 часот изнесува 18,18 отсто
Државната изборна комисија соопшти дека до 15:00 часот, на повторените избори за градоначалник во општините Врапчиште, Гостивар, Центар Жупа и Маврово и Ростуше, гласале вкупно 23.298 гласачи, што претставува 18,18 отсто од вкупно запишаните 128.286 гласачи.
По општини:
– Врапчиште – 21,01%
– Гостивар – 17,85%
– Центар Жупа – 10,99%
– Маврово и Ростуше – 18,60%
Гласањето се спроведува на 215 избирачки места.
Македонија
(Видео) МВР: Гласањето се одвива мирно, без нарушувања на јавниот ред и мир
Локалните избори кои се одржуваат во дел од општините на подрачје на СВР Тетово, односно ОВР Гостивар и СВР Охрид се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера, информира Министерството за внатрешни работи.
„МВР презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес. До сега не се регистрирани инциденти или било какви нарушувања на јавниот ред и мир. МВР апелира до сите граѓани и до политичките партии, да придонесат за мирна и демократска атмосфера. Доколку има било какво нарушување на изборниот процес граѓаните да пријават во најблиската полициска станица или на телефонските броеви 192 или 112“, се наведува во објавата на ФБ.
Македонија
(Видео) ДИК: До 13 часот излезноста е 8,90 отсто, едно избирачко место воопшто не е отворено
До 13:00 часот на повторените локални избори гласале 11.217 лица или 8,90 отсто, соопшти Државната изборна комисија.
По општини:
– Врапчиште – 9,58 %
– Гостивар – 8,74 %
– Маврово – Ростуше – 10,03 %
– Центар Жупа – 6,61 %
Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, кажа дека гласањето на сите избирачки места се одвива непречено, освен на избирачкото место 0782 во Ќафа кое се уште не е отворено.

