Свет
Полицијата на Рио де Жанеиро продолжува со блокадите
Полицијата на Рио де Жанеиро ги повика трговците со дрога во зоната на операцијата на силите за безбедност – Комплексу де Алемао – да се предадат, предупредувајќи дека владата нема да отстапи, пренесува Бгнес.Бразилската војска продолжи да го блокира Комплеску де Алемао -комплекс од гето населби во северниот дел на градот, каде што по ноќта на спорадични престрелки се уапсени стотина шверцери со дрога. Телевизија „О Глобу“ покажа снимки од престрелка меѓу силите на редот и шверцерите. Насилството што веќе зема 34 жртви, продолжува седми ден. Денес ситуацијата е мирна и не се слушаат истрели. Вооружените шверцери се во рововите распоредени на низ тесни улички, откако како резултат полицијата офанзива, која доби поддршка и од оклопните единици беа принудени да го напуштат соседниот регион Вила Крузеиру. Според последните податоци петстотината силно вооружени разбојници се наоѓаат во близина на Комплексу де Алемао, каде што живеат 400 000 луѓе. Полицијата и армијата ги контролираат пристапите до регионот./крај/бг/бч
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Се бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери
Голем број граѓани на Тузла денеска излегоа на улиците на градот и одржаа протест, изразувајќи го своето незадоволство поради трагедиите и скандалите што го погодија Тузланскиот кантон.
Пожарот што избувна во вторникот во Домот за пензионери во Тузла однесе 13 животи, а 12 пациенти сè уште се наоѓаат во болница. Како што беше утврдено, жртвите починале од труење со јаглерод моноксид.
Една седмица претходно, Тузланскиот кантон го потресе случајот со подведување малолетнички, за што се осомничени полициски службеник и еден професор. Нивното подведување траело неколку месеци во текот на минатата и оваа година.
Присутните граѓани од Тузла, но и оние кои допатуваа од други градови на Босна и Херцеговина, денеска побараа оставки од надлежните.
Свет
Три девојки планирале терористички напад во Париз
Девојки на возраст од 18, 19 и 21 година, беа уапсени и обвинети за терористичка завера и планирање напад во Париз, соопштија денеска истражните органи.
Како што е наведено, тие неколку недели планирале насилен терористички напад врз кафуле или концертна сала во Париз, јави РТЛ.
Апсењето и обвинението против трите жени е резултат на истрагата на Националното обвинителство за борба против тероризмот, која беше успешно завршена пред 10-годишнината од смртоносниот терористички напад на 13 ноември 2015 година во Париз.
Свет
Се запали магацин за парфеми во Турција, загинаа шест лица
Најмалку шест лица загинаа, а две се повредени во пожар што утрово избувна во магацин за парфеми во градот Диловаси, во северозападниот дел на Турција.
Според снимките што ги емитуваше турскиот канал НТВ, изгореле два ката од зградата во која се наоѓале магацинот и работилницата за производство на парфеми.
Засега нема информации за тоа што го предизвикало пожарот.

