Вести
Богданов: Русија не разговара за федерализација на Сирија
Информациите во медиумите дека наводно Русија и Западот разговараат за федерализација на Сирија, не соодветствуваат со реалноста, а ниту Москва ја дала таквата идеја, изјави во саботата за агенцијата ТАСС специјалниот претставник на рускиот претседател за Блискиот исток и заменик на министерот за надворешни работи, Михаил Богданов.
„Тоа е бесмислено. Такви идеи не сме искажале, слични предлози треба да дадат самите Сиријци, тие треба меѓусебно да ги разгледуваат и да одлучуваат“, изјави Богданов истакнувајќи дека за политичкиот систем во земјата треба да решаваат самите нејзини жители.
„Прашањето за општествениот систем мора да го решат самите Сиријци, тие треба да го подготват уставот на својата земја и во него да определат какво ќе биде државното уредување“, додаде рускиот дипломат.
„Ние поаѓаме од начелото дека најдобро е да се зачува територијалното и единството на народот, не се мешаме во тоа и не ја определуваме нашата позиција“, во врска со политичката иднина на Сирија, истакна Богданов.
Претходно повеќе светски медиуми повикувајќи се на дипломатски извори блиски на Обединетите нации, пренесоа дека Русија и некои западни земји разговарале за федерализација на Сирија, како една од можностите за зачувување на територијалната целост на оваа земја на Блискиот исток, којашто точно пет години е разорувана од граѓанската војна, која од бунт против власта прерасна во меѓуконфенсионален судир со регионално и глобално значење.
Во Москва се оптимисти во врска со изгледите на почетокот и перспективата на меѓусириските преговори коишто во понеделник ќе започнат во швајцарска Женева, под покровителство на ОН, истакна Богданов.
„Секогаш сме оптимисти. Самото тоа што постои резолуција, заедничко разбирање на Меѓународната група за поддршка на Сирија, е причина за оптимизам“, рече Богданов одговарајќи на новинарско прашање во врска со претстојните преговори./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита
Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа
Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа
Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.