Македонија
Формирана Асоцијација за алтернативен туризам
Новоформираната Асоцијација за Балкански Алтернативен Туризам „Балканија“ (А.Б.А.Т.), чие седиште е во Скопје, промовирана е денеска
Новоформираната Асоцијација за Балкански Алтернативен Туризам „Балканија“ (А.Б.А.Т.), чие седиште е во Скопје, промовирана е денеска пред македонската јавност.
Целта на оваа асоцијација е да го издвои, поддржи и унапреди културниот, руралниот и природниот туризам на земјите-членки преку заедничко дејствување на здружените туристички субјекти.
Креирајќи туристички производ што ќе ги промовира овие вредности на Балканот, ќе се поттикне алтернативниот туризам и ќе се овозможи меѓународна презентација на помалите туристички субјекти.
Предвидено е во „Балканија“ да членуваат јавни и приватни здруженија, како и физички лица од земјите во регионот: Македонија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Србија, Бугарија, Грција, Албанија, Косово и од Италија.
Скопје е одбрано како главно седиште на Асоцијацијата зашто Македонија се наоѓа во срцето на Балканот, регион што преку дејствувањето на оваа асоцијација ќе понуди нов, поинаков, иновативен туристички производ и ќе го промовира на начин што ќе создаде позитивна слика за Балканот во светот, слика за Балканот без граници и поделби, беше истакнато на презентацијата. /крај/со/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Отворена нова подрачна канцеларија на Агенцијата за катастар во Општина Ново Село
Агенцијата за катастар на недвижности отвори нова подрачна канцеларија во Општина Ново Село.
Директорот на Агенцијата за катастар на недвижности, Иван Живковски, денес заедно со градоначалникот на Општина Ново Село официјално ја отворија новата подрачна канцеларија на Агенцијата.
Со отворањето на оваа канцеларија, повеќе од 10.000 жители на Општина Ново Село и околните населени места од денес ќе можат побрзо и поедноставно да ги остварат своите катастарски права и обврски, без потреба од патување до Струмица.
Директорот на Агенцијата, Иван Живковски, при посетата на новата канцеларија истакна дека ова е дел од поширокиот процес на реорганизација и системско приближување на институцијата до граѓаните, со цел обезбедување подостапни, поефикасни и поквалитетни услуги.
Македонија
Утрешното судење за пожарот во „Пулс“ е одложено за 26 јануари
Судењето за пожарот во „Пулс“ што требаше да се одржи утре е одложено за 26 јануари, соопшти Кривичниот суд. Расправата за пожарот во Кочани се одлага по барање на една од адвокатките која е избрана за нов член на Судскиот совет.
„Главната расправа за предметот со К.бр. 1872/25 поврзана со пожарот во Дискотеката ‘Пулс’ во Кочани, насрочена за утре 14.01.2026 – та година, се одлага по барање на бранителот на еден од обвинетите, адвокат Сузана Јошевска Анастасовска“, соопшти Судот.
Барањето е од причина што во текот на вчерашниот ден, Јошевска Анастасовска е избрана за член на Судскиот совет на РСМ, па заради исполнување на правото за ангажирање нов бранител и негово запознавање со предметот, утрешната расправа се отповикува, а судењето продолжува на следниот, претходно утврден термин, на 26.01.2026 година во 09:30 часот во судницата во КПУ Идризово.
Од Судот информираат дека заради економичност во постапувањето, странките се веќе известени за отповиканата расправа.
Македонија
Бугарски државјанин протеран од земјава, кај него се пронајдени боксирач и транспарент со навредлива содржина
Полицијата уапси бугарски државјанин на Граничен премин Деве Баир, кај него се пронајдени боксирач и транспарент со навредлива содржина.
Според информациите на МВР, вчера во 13:30 часот на Граничен премин Деве Баир, на влез во државата, полициски службеници го приведоа Н.И.Л.(47) од Република Бугарија затоа што при гранични проверки и извршен преглед во содејство со царински службеници на патничко возило „хонда џез“ со бугарски национални ознаки, со кое допатувал, биле пронајдени и одземени метален боксирач и транспарент со навредлива содржина.
Од Основен суд Крива Паланка му била изречена парична глоба и санкција „протерување на странец од земјата“ во траење од една година.
На 13.01.2026 во 02:10 часот Н.И.Л. е спроведен во Граничниот премин Деве Баир и е предаден на бугарските погранични полициски служби.

