Економија
Емотивно вреднување на македонските брендови
Агенцијата за односи со јавност Chapter 4 го почна „Brands4ever“ како истражувачки проект за македонските брендови. Тој се појави на македонскиот пазар во време кога македонските брендови се концентрираат исклучиво на финансискиот аспект, но ја занемаруват моќта на нивната емоционална вредност.
Досега, инаку, во Македонија, не постоеше агенција којашто врши рангирање на македонските брендови врз основа на квантифицирана емоционална вредност.
„Вредноста на брендот треба јавно да се искажува. Тоа придонесува до засилување на довербата, кредибилитетот, супериорноста и престижноста на самиот бренд. Искажувањето на вредноста на брендот води кон зголемување на свесноста, подобрување на сликата и перцепцијата за брендот кај потрошувачите. Ова пак, води кон зголемување и засилување на севкупната вредност на самиот бренд“, цели м-р. Ана Ќовкарова, проект менаџер на “Brands4ever“ и надворешен консултант на Chapter 4.
Според неа, спроведувањето на овој проект има намера да го промени целото гледиште за брендирањето и бренд менаџментот во Македонија.
„Брендот ги активира и поврзува луѓето, креира и ослободува емоции, не е лесно да се замени, создава лојалност, вредност, персоналитет и влијае на одлуката за купување“, рече Борис Бекер, косопственик на Агенцијата за односи со јавност Chapter 4, кој додаде дека поради оваа причина, многу е важно да се мерат брендовите и да се знае како истите да се направат подобри и поконкуренти.
„Како што се менува нашиот свет, се менуваме и ние, така и брендовите се менуваат и адаптираат“, објаснува Бекер.
Проектот “Brands4ever“ доби поддршка и од Агенцијата за поддршка на претприемништвото на Република Македонија (АППРМ).
„Основните услови кои треба да ги исполни едно претпријатије за да ја зацврсти својата позиција и да освои нови пазари се употребата на заштитата на правата од индустриска сопственост (патент, трговска марка, индустриски дизајн), искористување на моќта на техничката информација во конкурентното разузнавање, трансфер на know-how технологии, утврдување и развој на маркетинг и брендови стратегии и создавање на иновации“, рееќ д-р Љубиша Николовски, раководител на Сектор за институционална поддршка и координација при АППРМ.
Според Николовски, иако кај македонските компании употребата на интелектуална сопственост, во целина, е мошне ограничена, сепак тие се свесни дека креирањето и управувањето со интелектуалната сопственост е од клучно значење за одржување на нивниот раст, конкурентноста и проширување на своите пазари.
Целта на проектот „Brands4ever“ е да го промени целото гледиште за брендирањето и бренд менаџментот во Македонија преку креирање и менаџирање со брендовите како вредносни деловни средства./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Исплатени се 338.468.141 денари кон 9.567 овоштари
Извршена е исплата во износ од 338.468.141 денари кон 9.567 лица, соопшти Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.
Истата е реализирана согласно Мерка 1.6 – директни плаќања по обработлива површина за одржување на постоечки овошни насади, со што се обезбедува континуирана поддршка за одржување и унапредување на овоштарското производство.
Економија
Отворен Економскиот бизнис форум помеѓу Северна Македонија и Словачка
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска во Скопје, заедно со министерот за финансии на Словачката Република, Ладислав Каменицки, го отвори Економскиот бизнис форум помеѓу Република Северна Македонија и Словачката Република, на кој присуствуваа голем број домашни и словачки компании.
„Настанот, организиран од двете министерства со вклученост на повеќе економски институции, беше одлично посетен од претставници на стопанските комори и бизнис-заедницата. Присутните имаа можност за директни средби и вмрежување со словачките компании од секторите енергетика, градежништво, здравство и медицина, туризам, ИКТ, трговија и други услужни дејности“, соопштија од Министерството.
Во своето обраќање, министерот Муцунски истакна дека форумот претставува потврда не само на политичката блискост меѓу двете држави, туку и на заедничката верба во силата на економското партнерство.
„Економската дипломатија не е дополнување на надворешната политика – таа е нејзино јадро. Силните политички односи мора да бидат придружени со силни економски темели“, нагласи Муцунски, изразувајќи благодарност до словачките партнери и компании за нивното присуство, кое, како што посочи, претставува знак на доверба.
Тој истакна дека Северна Македонија нуди стабилност, отвореност и предвидливост како основа за инвестирање, при што континуираното усогласување со европското законодавство претставува заложба за транспарентност и правна сигурност. Посебно ги нагласи потенцијалите во автомобилската индустрија, производството на компоненти, ИКТ-секторот, обновливите извори на енергија и агробизнисот.
Министерот посочи дека достигнувањата на Словачка во автомобилското производство, иновациите и енергетската транзиција создаваат природна основа за продлабочување на партнерството преку заеднички инвестиции, интеграција на синџирите на снабдување и трансфер на технологии.
Во рамки на форумот беше потпишан и Меморандум за соработка меѓу Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот на Северна Македонија и словачката агенција SARIO, со што се отвора дополнителен простор за директна институционална соработка и заедничка промоција на економските потенцијали.
Муцунски истакна дека Владата останува цврсто посветена на поддршка на бизнис-заедницата преку дипломатската мрежа, институциите за промоција на инвестиции и механизмите за олеснување на трговијата, со цел идентификување нови можности и отстранување на административните пречки.
Форумот, како што беше оценето, претставува конкретен чекор кон продлабочување на економската соработка и создавање нови можности за инвестиции, иновации и одржлив раст во интерес на двете држави.
Економија
Компанијата Зегин и Фондацијата д-р Верица Механџиска со донација за погодените семејства од поплавите во Кичево
По поплавите во Кичево што доведоа до евакуација на околу 250 луѓе од 63 домаќинства, компанијата Зегин и Фондацијата д-р Верица Механџиска уште еднаш ја потврдија својата општествена одговорност преку донација на средства за лична хигиена за лицата кои се привремено згрижени во градската спортска сала „Христо Узунов“.

Пакетите, кои содржат основни производи за секојдневна хигиена, како и вода и храна се наменети за најзагрозените домаќинства со цел да им помогнат полесно да се справат со последиците од природната непогода.


Со оваа хуманитарна иницијатива, компанијата испраќа силна порака за солидарност и поддршка во моменти кога заедништвото е најпотребно, останувајќи доследна на својата општествено одговорна мисија.
(ПР)

