Свет
Продажбата на нови автомобили во Европа паѓа 13 месеци по ред
Продажбата на нови автомобили во Европа во мај годинава забележа намалување, 13-ти месец по ред
Продажбата на нови автомобили во Европа во мај годинава забележа намалување, 13-ти месец по ред.
Продажбата во мај се намалила за 4,9 насто во однос на истиот месец лани, а во првите пет месеци од годинава продажбата на нови автомобили паднала за 13,9 насто во однос на истиот период од 2008 година.
Во Европа (ЕУ и ЕФТА) продажбата на нови автомобили во јануари паднала за 27 насто, во февруари за 18,9, во март за 9, а во април за 12,3 проценти. Продажбата беше малку поттикната откако бројни држави воведоа субвенции за купување на нови автомобили во замена за старите.
Најголем пад на продажбата на нови возила во првите пет месеци од годинава е забележан во Исланд од дури 89,5 насто, па следуваат Летонија 80,1 насто, Литванија 70,7, Естонија 66,5 проценти, Ирска 63,9 насто, Романија 57,6 и Унгарија 50,4 проценти.
Во еврозоната продажбата во мај најмногу паднала во Шпанија за 38,7 насто и во Велика Британија за 24,8 насто, а единствено зголемување е регистрирано во Германија. /крај/ста/мп
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Необичен настан над Исланд: авионот на Туркиш ерлајнс се свртел и се вратил во Истанбул, велат ова е причината
Екипажот на авионот на Туркиш ерлајнс, кој летал од Истанбул за Сиетл, ненадејно се свртел и се вратил на аеродромот од кој полетал.
Како што може да се види на платформата „Флајт радар“, авионот се свртел во близина на Исланд и се вратил во Истанбул.
Turkish Airlines flight #TK203 made a U-turn north of Iceland and is returning to Istanbul.
The reason is currently unknown. pic.twitter.com/eMpwV2qKRD
— Flightradar24 (@flightradar24) December 25, 2024
Според информациите, екипажот на авионот решил да се врати во Истанбул поради технички проблеми.
Станува збор за авион Ербас А350 со регистарски број TC-LGJ.
Медиумите јавуваат дека нема вонредна ситуација и дека ваквите постапки се вообичаени кога има технички дефект на леталото.
Свет
(Видео) Патникот кој ја снимаше внатрешноста на авионот во Казахстан го преживеа падот: објави снимка и по несреќата
Патникот кој го објави видеото од азербејџанскиот авион кој се урна во казахстанскиот град Актау, објави нова снимка на која се гледа како ја преживеал несреќата.
One of the passengers on Azerbaijan Airlines Flight 8243 sent a video to his wife just minutes before the crash.
In the video, passengers are heard praying and some oxygen masks are already down. pic.twitter.com/dGqnyXSPGU
— BNO News Live (@BNODesk) December 25, 2024
Според медиумите во Азербејџан, во авионската несреќа преживеале вкупно 29 лица, од кои 14 се државјани на Азербејџан.
„Триажата се врши на ниво на итната медицинска помош. Од 27 лица, 11 се тешко хоспитализирани на интензивна нега“, соопштија од службите.
Патник кој ја преживеал несреќата објави видео на социјалните мрежи на кое се гледа како спасувачите се приближуваат до авионот и вршат тријажа на лице место.
По падот на авионот, во Казахстан е покрената кривична постапка по членот за прекршување на безбедносните правила на управувањето со авионите.
Исто така, слични истраги беа отворени во Русија и Азербејџан. Претседателот на Казахстан Касим-Жомарт Токаев нареди да се формира комисија која ќе го испита падот на патничкиот авион.
Од друга страна, лидерот на Азербејџан Илхам Алиев изјави дека се уште не се познати причините за несреќата и дека постојат неколку различни верзии.
Свет
Романија од Нова година затвора 30 контролни пунктови поради пристапувањето во Шенген
Романското Министерство за внатрешни работи денеска соопшти дека во врска со целосното влегување на земјата во Шенген зоната, од почетокот на следната година ќе престанат да работат 30 гранични премини со другите земји-членки на ЕУ.
Како што објави романскиот портал Диги24, Министерството објави дека од 1 јануари 2025 година земјата ќе ги затвори копнените премини на границата со Унгарија и Бугарија.
Како што е најавено, проверките по случаен избор на документи на границите ќе продолжат да бидат можни.