Вести
Избрана првата Мис Транс на Израел, редок пример на толеранција.ВИДЕО
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2016/10/mis20trans20seksualci.jpg)
Првото натпреварување во убавина на трансполовите лица, на коешто во петокот победи арапска христијанска, на едно место ги собра натпреварувачите од сите етнички групи и вери во Светата земја, на невообичаен и извонреден редок случај на соживот и толеранцијата.
Во она што го организаторите го нарекоа „етнички мозаик“, дванаесет лица се натпреваруваа за Мис Транс Израел 2016. Меѓу нив беше и еврејска слаткарка од ортодоксно семејство, муслиманска танчарка на стомачни танци од Тел Авив и балерина христијанка од Ерусалим.
На изборот победи арапската католичка христијанка 21-годишната Абу Хана, која Израел ќе го претставува на меѓународниот натпревар Miss Trans Star International во септември во Барселона.
„Нашата земја го заслужува најдоброто. Нашата земја ми овозможи мене, христијанка од Назарет, да ставам крај на војната меѓу своето тело и својата душа. Значи, ми донесе мир мене, нашата земја е земја на мирот“, изјави по прогласувањето Абу Хана.
За разлика од другите држави на Средниот и Блискиот исток, Израел има либерални закони за половиот идентитет, а отворено геј и трансполовите лица најнормално го служат воениот рок. Меѓутоа, често се соочени со непријателства од страна на верските конзервативци од еврејското мнозинство и од муслиманските и христијанските малцинства.
Муслиманката Каролин Кури се надева дека натпреварот одржан во петокот „ќе им испрати порака на арапските заедници во Израел и пошироко да ги прифатат другите и поинаквите“. „И покрај сите тешкотиите, го следев својот сон и еве ме тука. Ова натпреварување на некои луѓе ќе им отвори врати“, додаде./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/11/gaza32.jpg)
Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/09/борел-миа.jpg)
Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/10/антонио-гутереш.jpg)
Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.