Македонија
Тренковски осомничен за двојно платени лекови и штета од 451.000 €

Поранешниот директор на Фондот за здравство, Ѓорѓи Тренковски се сомничи дека во текот на 2007 година два пати платил исти лекови, со што ја оштетил државата за 27,7 милиони денари (околу 451.000 евра)
Поранешниот директор на Фондот за здравство, Ѓорѓи Тренковски се сомничи дека во текот на 2007 година два пати платил исти лекови, со што ја оштетил државата за 27,7 милиони денари (околу 451.000 евра)
Управата за финансиска полиција со Управата за јавни приходи денеска поднесе кривична пријава против Тренковски поради постоење основано сомнение дека сторил кривично дело „несовесно работење во службата“ и против управителот на Приватна здравствена установа (ПЗУ) „Градска аптека“ Скопје, Весна Огненовска за „злоупотреба на службена положба и овластување“.
Тренковски и Огненовска, се уапсени и треба да бидат изнесени пред истражен судија.
Тренковски во својство на Директор на Фондот за здравствено осигурување, во содејство со Огненовска во текот на 2007 година со несовесно работење, два пати платил исти лекови, еднаш на добавувачите и еднаш на ПЗУ„Градска аптека“ Скопје, се наведува во соопштението од Управата за финансиска полиција
Тренковски со тоа овозможил ПЗУ „Градска аптека“ да се стекне со противправна имотна корист во вкупен износ од 27.764.147 денари со што го оштетил Фондот, односно Буџетот на Република Македонија.
Управата за финансиска полиција соопшти дека Тренковски, во текот на 2007 година потпишал договор со ПЗУ„Градска аптека“ за начинот на плаќање на лекови кои паѓаат на товар на Фондот, за месец март – април 2007 година, без претходно да склучи спогодба со која залихата на фондовски лекови од Јавна здравствена организација (ЈЗО) „Градска аптека“ Скопје ќе се пренесат како залиха на фондовски лекови на ПЗУ „Градска аптека“ Скопје.
Со ова фондовските лекови кои веќе еднаш веќе биле платени на добавувачите за ЈЗО „Градски аптеки“, истите ги платил по втор пат на ПЗУ „Градска аптека“ Скопје во износ од 27.764.147 денари.
Пријавената Огненовска, според Финансиската полиција, иако знаела дека фондовските лекови веќе еднаш биле платени од страна на Фондот за здравство на ЈЗО „Градски аптека“ Скопје, бидејќи истата во текот на 2007 година во исто време била директор на ЈЗО „Градска аптека“ и на ПЗУ „Градска аптека“, лековите од Фондот пријавената повторно ги фактурирала доставувајќи ги фактурите преку Фондот за здравствено осигурување со што овозможила ПЗУ „Градска аптека“ Скопје да се стекне со противправна имотна корист во висина од 27.764.147,00 денари./крај/со/амп
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Без вода дел од Општина Центар

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЈП Водовод и канализација, информира дека денеска (Вторник), поради изведување на водоводен приклучок од ф-80 мм на ул. Никола Тримпаре бб, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул. Никола Тримпаре, Дебарца и Борка Талевски.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.(Општина Центар)
Македонија
Променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер

Времето денеска, променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, силен ветер и изолирана појава на град.
Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 13, а максималната ќе достигне од 21 до 29 степени.
Во Скопје, ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за краткотрајно невреме со изолирана појава на град.
Минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне до 28 степени.
Во наредните денови следува период на променливо облачно и нестабилно време со честа појава на локални врнежи од дожд и грмежи.
Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд (за кратко време поголема количина), грмежи, силен ветер (над 60 km/h) и изолирана појава на град.
До петок ќе дува умерен до засилен јужен ветер и температурите ќе бидат без поголема промена, а од сабота со засилен северен ветер ќе бидат во опаѓање.
Македонија
На многумина ќе им бидеме пречка, но како премиер нема да отстапам од правото да говориме на македонски, јазикот е нашиот неспорен идентитет, вели Мицкоски

Пред осумдесет години, на оваа почва, се кодифицираше македонскиот литературен јазик. Тоа беше повеќе од административен чин. Тоа беше признавање на една длабока, искрена, долга и тешка борба на еден народ за свое име, свој израз и своја самобитност. Оваа кодификација не произлезе преку ноќ. Таа беше плод на децении работа и истрајност на големи луѓе и на генерации интелектуалци, учители, поети, новинари, читатели. Секој од нив вложи збор, мисла, срце, истакна премиерот Христијан Мицкоски на одбележувањето на 80-годишнината од кодификацијата на македонскиот стандарден јазик.
Македонскиот јазик, кажа Мицкоски, живее во мислата на секој Македонец каде и да е.
„Во 21 век судбината на малите народи е постојано да се потврдуваат, борат и држат до своето право на идентитетско обележување. Најмоќните пропаганди се тие кои удираат по идентитетските обележја. И неретко ние како нација сме ги имале таквите удари, а болката е поголема кога тие доаѓаат од домашните луѓе кои ваму или таму, поради разноразни лични или лукративни интереси ќе оспорат или невнимателно ќе внесат сомнеж кон некоја историска вистина која нас не потврдува како народ и нација. Јазикот е нашиот бедем и неспорен идентитет, и јас како премиер нема да отстапам од нашето цивилизациско право да говориме на македонски, да се претставувам на македонски, да се радуваме, тагуваме и да пееме на нашиот многувековен, ќе повторам многувековен македонски јазик. Тоа го правеле нашите дедовци, тоа ќе го прават и нашите деца. Затоа на многумина ќе им засметаме, на неколкумина ќе им бидеме пречка, но секогаш знам дека работам за моите граѓани и нашата заедничка татковина“.
Владата, како што рече, ќе продолжи да инвестира во македонскиот јазик, преку образовни реформи, дигитални проекти, речници и стандардизација.