Свет
Иранскиот научник побегнал во пакистанската амбасада
Исчезнатиот ирански нуклеарен научник, за кого Техеран тврди дека го грабнала ЦИА, побегнал во пакистанската амбасада во Вашингтон, соопшти денеска иранското државно радио.
Исчезнатиот ирански нуклеарен научник, за кого Техеран тврди дека го грабнала ЦИА, побегнал во пакистанската амбасада во Вашингтон, соопшти денеска иранското државно радио.
„Пред неколку часа Шахрам Амири се засолна во пакистанската амбасада во Вашингтон, сакајќи веднаш да се врати во Иран“, пренесе агенцијата Ројтерс.
Иран и САД ги прекинаа дипломатските односи кратко по иранската исламска револуција во 1979. година и од тогаш пакистанската амбасада ги застапува интересите на Иран во САД.
Амири, универзитетски научник кој работи во иранската нуклеарна програма, исчезна за време на аџилак во Саудиска Арабија пред една година. Техеран го обвини Ријад дека го предал научникот на САД, што Саудиска Арабија го негираше.
Иран на почетокот на овој месец го повика на разговор швајцарскиот амбасадор во Техеран поради документи во кои се гледа дека Амири бил киднапиран од САД. Американските интереси во Иран ги застапува швајцарската амбасада.
Западните земји го обвинуваат Иран дека нуклеарната програма ја користи за создавање нуклеарно оружје, додека Техеран тврди дека тоа го прави за цивилни цели. /крај/рој/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Шолц го блокира испраќањето нов пакет-оружје за Украина
Германскиот канцелар во заминување Олаф Шолц денеска го блокира предлогот за испраќање дополнителен пакет-помош за Украина во форма на оружје, кое се проценува на три милијарди евра, објави денеска „Дер шпигел“.
Планот наводно бил претставен од страна на министерката за надворешни работи, Аналена Бербок, и министерот за одбрана, Борис Писториус, како сигнал за непоколебливата поддршка на Германија за Украина.
Целта беше да ѝ се обезбедат на Украина клучни системи за оружје вклучувајќи три дополнителни батерии за противвоздушна одбрана „Ирис-Т“, 10 хаубици и повеќе артилериска муниција.
Свет
Данската премиерка се сомнева дека Трамп ќе се обиде да го заземе Гренланд со сила
Данската премиерка Мете Фредериксен рече дека не верува оти новоизбраниот претседател Доналд Трамп би се обидел да го заземе Гренланд со сила.
„Немаме причина да веруваме дека тоа ќе се случи“, рече данската премиерка.
Фредериксен рече дека се обидува да воспостави разговори со новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп за неговите изјави за преземање контрола врз Гренланд.
„Гренланд им припаѓа на Гренланѓаните“, рече Фредериксен додавајќи дека Данска е отворена за дискусии за американските интереси на Арктикот, пренесува „Анадолија“.
Претходно, Фредериксен се сретна со лидерите на политичките партии во данскиот парламент, вклучително и двајца претставници од Гренланд, за да ги информира за начинот на кој владата се справува со настаните.
„Предложивме разговор. Мислам дека ништо конкретно нема да се случи пред инаугурацијата на новоизбраниот претседател“, рече Фредериксен.
Трамп, чија инаугурација е на 20 јануари, повторно го иницира контроверзното прашање на платформата Truth Social.
„Гренланд е неверојатно место и луѓето ќе имаат огромна корист ако и кога ќе стане дел од нашата нација. Ќе го заштитиме од многу злобниот надворешен свет. Направете го Гренланд повторно голем“, напиша Трамп.
Данскиот министер за надворешни работи Ларс Локе Расмусен изјави во средата дека островот нема амбиции да стане сојузна држава во рамките на Соединетите Американски Држави.
Регион
На полноќ почнува изборниот молк пред вториот круг од претседателските избори во Хрватска
Денеска е последниот ден од кампањата во Хрватска во пресрет на вториот круг од претседателските избори в недела на 12 јануари, а на полноќ стапува во сила изборниот молк.
Во избирачкиот список се запишани нешто помалку од 3,8 милиони гласачи, а тие ќе одлучуваат меѓу актуелниот претседател Зоран Милановиќ (СДП) и Драган Приморац (ХДЗ со партнерите).
Гласачките места ќе бидат отворени в недела од 7 до 19 часот.