Свет
Оланд го потврди заминувањето на француските војници од Авганистан до крајот на 2012-та
Францускиот претседател Франсоа Оланд во саботата потврди дека повлекувањето на француските борбени единици од Авганистан ќе започне во јули, а ќе заврши кон крајот на 2012 година.
Повлекувањето на војската од Авганистан, што е едно од предизборните верувања на Франсоа Оланд, „ќе започне во јули, а ќе се доврши кој крајот на 2012-та“, изјави францускиот претседател во кусата изјава во Туле, каде присуствуваше на одбележување на годишнината на нацистичкиот масакр на цивилите од 9-ти јуни 1944 година.
„Дотогаш мораме да сториме сѐ нашите единици да ги извршат своите обврски, но со најголема безбедност и најголема грижа за своите војници, за што тука ја преземам одговорноста и лично ќе бидам гарант за таа операција“, рекол Оланд, пренесува AFP.
Оланд потсетил дека задачата на француските војници е „да им овозможат на Авганистанците што поскоро одново да го стекнат својот суверенитет во рамките на транзицијата која мора да биде организирана и брза“.
Францускиот претседател во изјавата за медиуми ја изразил „благодарноста на целата нација за француските војници“. „Им честитам на посветеноста и смелоста, позната ми е моралната сила на француските војници во Авганистан, на семејствата им изразувам сочувство и сочувстувањето од францускиот народ“, додал Оланд.
На крајот додал дека на „жртвите ќе им биде оддадена национална почест“, но не навел каде и кога ќе се случи тоа, додавајќи дека „ранетите во најкус рок ќе бидат пренесени во татковината“.
Во бомбашки напад во саботата наутро во источната провинција Каписа, најмалку четири француски војници беа убиени заедно со нивниот преведувач, а петмина се ранети, од кои тројца многу сериозно. Со тоа бројката Французи коишто ги загубија животите во Авганистан од почетокот на инвазијата на меѓународната коалиција во 2001 година беше соборен талибанскиот режим, се искачи на 87./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Во Брисел се дискутира можноста за воведување царини на американски производи, јавува „Фајненшл тајмс“
Во Брисел во тек е итен состанок на европските амбасадори на кој се дискутира за можниот одговор на американските царини што ги воведе Доналд Трамп, пишува „Фајненшл тајмс“.
Една од главните опции што се разгледуваат е воведување царини на американски производи во вредност од 93 милијарди евра. Според изворите запознаени со состојбата, овој пакет на контрамерки бил ставен на чекање минатиот август откако Европската унија постигнала трговски договор со САД. Таа шестмесечна суспензија истекува следниот месец, освен ако Европската комисија не одлучи да ја продолжи.
Како друга можност се спомнува и ограничување на пристапот на американските компании на пазарот на ЕУ. Се очекува францускиот претседател Емануел Макрон да побара активирање на Инструментот против присила на ЕУ, механизам што им овозможува на членките да возвратат трговски мерки против земји што вршат економски притисок.
Досега најавите од состанокот не се објавени, бидејќи дискусијата сè уште е во тек.
Свет
Руте: Разговарав со Трамп за Гренланд
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави дека разговарал со американскиот претседател Доналд Трамп за безбедносната состојба на Гренланд и Арктикот. Разговорот се одржал телефонски, но Руте не наведе детали за содржината.
Тој најави дека ќе се сретне со Трамп следната недела на Светскиот економски форум во Давос, каде се очекува присуство на политичката и бизнис елита.
Контекстуално, разговорот доаѓа во време кога Трамп бара целосно сопствеништво над Гренланд, кој е автономна територија на Данска. Претходно, тој се закани со зголемени царини за осум земји што одлучија да испратат војници како поддршка на НАТО-вежбата на Гренланд.
Свет
Данска се обидува да го одврати Трамп од идејата дека мора да биде сопственик на Гренланд
Данскиот министер за надворешни работи, Ларс Леке Расмусен, изјави дека Копенхаген се обидува да го разубеди американскиот претседател Доналд Трамп од идејата дека мора да го поседува Гренланд.
Расмусен го изјави ова на прес-конференција во Осло, по средбата со својот норвешки колега. Тој нагласи дека вниманието кон Гренланд не треба да го засени фактот дека во Украина сè уште се води војна и дека е во критична фаза.
И покрај заканите од Вашингтон, Данска, според Расмусен, сака да продолжи со дипломатски пристап. По средбите во Вашингтон со потпретседателот на САД, Џеј Ди Ванс, и со државниот секретар Марко Рубио, решено е да се формира работна група на високо ниво која ќе разгледа дали постои заедничко решение. Првата средба се очекува во наредните недели.

