Контакт

Општество

Спасов: Фирмите со над 35 вработени да имаат обврска да вработат лице со инвалидност

Објавено пред

Работодавачите од јавниот и приватниот сектор кои имаат над 35 вработени мора да вработат едно лице со инвалидност, а работодавачите со повеќе од илјада вработени ќе мора да вработат 20 луѓе со инвалидност. 

dobivaj vesti na viber

На правното лице ќе му се доделат средства за адаптација на работно место на кое ќе работи инвалидното лице, најмногу до 200.000 денари, а доколку фирмите и покрај обврската не вработат лице со инвалидност, ќе плаќаат паричен надоместок. 

Овие новини се предвидени во новиот Предлог Закон за вработување на лица со инвалидност кои во четврток (13.11) ги презентираше министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов, на првата јавна расправа за предложените измени на овој закон. 

„Во новиот Предлог Закон за вработување на лица со инвалидност се предвидува работодавач од јавен и приватен сектор кој има над 35 вработени да има обврска да вработи по едно лице со инвалидност и се предлага квотата да изнесува од 2% до 6% од вкупниот број на вработени, во зависност од дејноста која што ја врши работодавачот. Од тука, максималниот број на вработени лица со инвалидност да изнесува 20, во случај кога се работи за работодавачи со поголем број на вработени односно повеќе од 1000 вработени“, рече Спасов. 

При вработувањето, додаде тој, работодавачот нема обврска да се води од видот и степенот на инвалидноста, односно може да вработи лица кои се дефинираат како лица со инвалидност. 

Според предложените измени, изборот на лицето кое ќе се вработи ќе го врши самата компанија, преку јавен оглас, а доколку во рок од три месеци не успее да најде лице со инвалидност, вработувањето ќе го изврши преку посредување на службата надлежна за посредување при вработување од евиденцијата на невработените лица. 

„Доколку фирмите и покрај обврската не вработат лице со инвалидност, ќе плаќаат паричен надоместок во висина од минималната плата во бруто износ. Средствата од овој надоместок ќе се уплаќаат во посебен фонд и ќе се  користат за професионална рехабилитација на лицата со инвалидност, стручно оспособување на лицата со инвалидност, за грант средства во износ од 300.000 денари за самовработување на лица со инвалидност, финансиска поддршка на компаниите кои ќе вработат лица со инвалидност во однос на адаптација на работното место, стручно оспособување на работнициите и друго”, рече министерот Спасов. 

Тој истакна дека преку воведувањето на квотниот систем за вработување на лица со инвалидност се овозможува адекватна социјална инклузија на лицата со инвалидност, бидејќи тие работници под исти услови ќе конкурираат и ќе работат на активниот пазар на труд како и останатите работници. 

Претпријатијата коишто веќе имаат вработено лица со инвалидност, или имаат студенти со инвалидност на пракса, лице со инвалидност на работно, односно стручно оспособување за работа, најмногу до шест месеци и лице со инвалидност чие што редовно образование го стипендира работодавачот, нема да подлежат на обврската за вработување на лице со инвалидност. 

„Овде би сакал да потенцирам дека со Законот се предвидуваат погодности за работодавачите коишто ќе вработат лица со инвалидност. Имено, се предлага на правно лице кое не е заштитно друштво, да му се доделат средства од Посебниот фонд за адаптација на работно место на кое ќе работи инвалидното лице, најмногу до 200.000 денари. 

Новина во овој Закон е обезбедување на средства на инвалидно лице кога самостојно врши дејност како трговец поединец со што може да му се доделат средства од Посебниот фонд за негово вработување на неопределено време најмногу до 300.000 денари. 

Исто така, се предлага заштитните друштва да се основаат и работат под истите услови како и досега, односно како трговски претпријатија. Новост во овој дел е тоа што статусот на заштитно друштво ќе го утврдува Агенцијата за вработување, а не како досега Заедницата на заштитни трговски друштва. Агенцијата ќе врши и контрола дали заштитното друштво ги исполнува законските услови во однос на бројот на вработени и вработени на лица со инвалидност. 

На правно лице кое е заштитно друштво, ќе му се доделат средства од Посебниот фонд за адаптација на работно место на кое ќе работи инвалидното лице, најмногу до 300.000 денари. 

Истовремено, средствата за придонес за пензиско и инвалидско осигурување, придонес за здравствено осигурување и придонес за вработување за лицата со инвалидност кои се вработени во сите претпријатија или заштитни друштва ќе се обезбедуваат од Буџетот на Република Македонија, а исто така работодавачите се ослободени од плаќање на персонален данок на доход. 

Заштитните друштва покрај овие поволности се ослобедени и од плаќање на данок на добивка. 

Во моментот се евидентирани 291-но заштитно трговско друштво со 6.741 вработени од кои 2.455 се инвалиди. 

Со предложените решенија во новиот Закон направена е проценка дека 2.059 работодавачи имаат над 35 вработени и со примена на квотниот систем би се вработиле над 5.000 лица. Само во јавниот сектор со примена на квотниот систем ќе се вработат околу 1.700 лица. 

„Постојниот Закон нема ограничувања претпријатијата да вработуваат лица со инвалидност и да ги користат поволностите, но во основа законот фаворизира вработување на лица со инвалидност во заштитни трговски друштва, додека вработувањето на отворениот пазар на труд е незначително“, рече Спасов. 

Како и во досегашната примена на Законот за вработување на лица со инвалидност и со новиот закон се предлага  да постои Посебен фонд. Средствата во посебниот фонд се обезбедуваат од: 10% од придонесот за вработување  и осигурување во случај на невработеност (кој изнесува 1,2% од бруто плата)  или околу 3 милиони евра годишно; средства по основ на паричен надоместок кој работодавачите го плаќаат доколку не вработат лице со инвалидност согласно со овој закон (во висина на минимална бруто плата), донации и подароци и други извори.  

Друга значајна новина во Законот претставува законското уредување на професионалната рехабилитација на лицата со инвалидност. 

„Професионалната рехабилитација на лицата со инвалидност содржи: утврдување на работна способност и проценка на психолошка, ментална и социјални способност на лицето со инвалидност; психо-социјална поддршка и помош за насочување на лицето со инвалидност на соодветна програма за развој на работна и социјална мотивација, анализа на работно место, материјали за работа и работна средина, и препорака за адаптација на работно место, изработка на индивидуален план за работа, работно оспособување, доквалификација, преквалификација на лицето со инвалидност за соодветно занимања /работно место согласно со потребите на отворениот пазар на труд и професионалните способности на лицето со инвалидитет  и др“, појасни Спасов. 

Новите предлог измени се предлага да се применуваат од 1-ви октомври  2016 година.крај/мф

Македонија

Халкбанк со голема акција за пошумување во Делчево како дел од иницијативата „Еден милион садници за пет години“

Објавено пред

Халкбанк АД Скопје денес ја реализираше новата етапа од својата долгорочна зелена иницијатива „Еден милион садници за пет години“, со засадување багремови садници на површините од „HalkForest“ во Малешевијата, на локација во Делчево.

dobivaj vesti na viber

Акцијата беше спроведена во партнерство со ЈП Национални шуми и со учество на менаџментот на Банката, дел од вработените и стручни претставници од јавното претпријатие.

Ова пошумување е дел од најамбициозната еколошка програма на Халкбанк досега, иницијатива која што Банката ја започна минатата година, а е препознаена како системски придонес за борба против загадувањето, обновување на шумските екосистеми и подобрување на квалитетот на воздухот.

Со најновата акција, Халкбанк повторно ја потврди својата определба, одржливоста да биде трајна, а не декларативна обврска.

„За нас, одржливоста е дел од јасно поставена стратегија и подразбира постојана работа, планирање и вистински ангажман. Пошумувањето е активност со мерливи ефекти, го намалува загадувањето, ја подобрува еколошката рамнотежа и создава услови за поздрава средина. Со иницијативата ‘Еден милион садници за пет години’ покажуваме дека сме подготвени континуирано да инвестираме во решенија кои носат долгорочна вредност за сегашните и идните генерации,“ истакнаа од Халкбанк.

Акцијата во Делчево е дел од програмата што се реализира преку платформата ХалкЕко, преку која Банката во изминатите години засади над 100.000 садници, организираше спортски и еко настани, поддржува едукативни програми и придонесува кон уредување јавни простори низ државата.

Халкбанк останува посветена на исполнување на целта за засадување еден милион нови садници во период од пет години, со стратешки пристап и цврсто партнерство со институциите и локалните заедници.

(ПР)

Прикажи повеќе...

Македонија

Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби

Објавено пред

Ариепископот Охридски и македонски заедно со Светиот архиерејски Синод, по повод велигденските празнувања, испраќа мир и благослов од Бога до свештенослужителите, монаштвото и до сите чеда на МПЦ-ОА.

dobivaj vesti na viber

– Христовото воскресение е смислата на нашето севкупно постоење. Тоа е стожерот околу којшто се одвива сиот наш живот и камен-темелникот врз којшто се гради сиот наш подвиг на верата, на надежта и на љубовта во Бога. Тајната на Христовото воскресение го преобразува и го вообличува севкупниот наш поглед кон светот и човекот, кон времето и вечноста. Зашто, токму ова спасоносно собитие е најголемата вистина којашто му беше објавена на човековиот род и токму оваа Тајна над тајните е најрадосното благовестие со коешто велегласно беше возвестена конечната победа на животот над смртта, на доброто над злото и на љубовта над омразата, вели г.г. Стефан меѓу другото во обраќањето.

Прикажи повеќе...

Македонија

Православните верници го слават Велигден

Објавено пред

Православните верници денеска го слават најголемиот христијански празник Велигден – Христовото воскресение, ден кога Исус Христос ја докажал својата божествена моќ и воскреснал од мртвите. Воскресението Христово на полноќ беше објавено во сите храмови на Македонската православна црква, а денеска се одржуваат воскресенски литургии.

dobivaj vesti na viber

Поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан богослужеше во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје од каде го објави Христовото Воскресение и упати Велигденски пораки.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Грипот ја однесе првата жртва: почина 75-годишна жена

Вирусот на грипот ја однесе првата жртва оваа зима. Седумдесет и петгодишна жена починала пред три дена на Клиниката за...

Свет2 часа

И Македонија на листата на земји во кои САД ја запираат обработката на имигрантски визи, според „Фокс Њуз“

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп ја запира обработката на имигрантски визи за апликанти од 75 земји, соопшти во средата...

Македонија4 часа

Филипче: Нема услови за укинување на техничката влада

Претседателот на опозициската СДСМ, Венко Филипче, на прес-конференција изјави дека укинувањето на техничката влада треба да се случи дури кога...

Македонија6 часа

(Видео) Мицкоски: Техничката влада треба да замине во минатото, но ако СДСМ мислат дека е потребна за следните избори, во ред, прифаќаме

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски на прес-конференцијата по завршување на лидерската средба извести дека сите присутни се согласиле дека техничката...

Економија7 часа

Мој ДДВ не се укинува – налозите за исплата во февруари се подготвуваат, извести УЈП

Управата за јавни приходи ги демантира написите во дел од медиумите дека се укинува мерката „МојДДВ“. „Јасно и недвосмислено истакнуваме...

Топ8 часа

Загина маж во пожар во стан во Тетово: со изгореници се здобило уште едно лице

Вчера во 19:20 часот во СВР Тетово е пријавено дека на улицата „180“ во Тетово настанал пожар во стан, сопственост...

Македонија10 часа

Oбјавена листата на најмоќните пасоши за 2026 година: Македонија бележи напредок

Азиските земји продолжуваат да доминираат на рангирањето на најмоќните пасоши во светот, според најновиот извештај на „Henley Passport Index“. Сингапур...

Македонија10 часа

(Видео) Димитријевиќ: Кој оди на средба со Мицкоски легитимира криминал и изолација на земјата

Сите што денеска ќе одат на средба со Мицкоски за укинување на техничката стануваат соучесници во легитимирање на криминалот и...

Македонија11 часа

За новогодишно украсување, општините дале 785 илјади евра – најмногу пари потрошила Општина Штип

За новогодишно украсување, општините потрошиле 785 илјади евра, а 78 отсто од вредноста е концентрирана кај една фирма. Ова го...

Македонија13 часа

Вељаноски за техничката влада: Eксперимент кој предизвикува штета за државата

За поранешниот претседател на Собранието Трајко Вељаноски, техничката влада е експеримент кој како што оценува, предизвикува повеќе штета од корист...

Свет15 часа

Денешниот состанок во Вашингтон ја одлучува судбината на Гренланд

Денес во Белата куќа се одржува состанок кој би можел да ја одреди иднината на Арктикот, но и на самиот...

Свет15 часа

Трамп: Сакам да победам во Иран, обожавам да победувам

Претседателот на САД, Доналд Трамп, се закани дека ќе „преземе многу силни мерки“ ако иранските власти почнат да ги бесат...

Македонија15 часа

Лидерска средба за техничката влада, СДСМ одби да учествува

Во Клубот на пратениците денеска треба да се одржи лидерска средба на премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, со...

Свет23 часа

(Видео) Премиерот на Гренланд: Ако треба да избереме помеѓу САД и Данска, ја бираме Данска

Премиерот на Гренланд изјави дека доколку неговиот народ мора да избере „тука и сега“, ќе ја избере Данска пред САД....

Европа24 часа

Поранешни вработени го обвинија Хулио Иглесијас за сексуална злоупотреба, откриени детали

Шпанскиот пејач Хулио Иглесијас е обвинет за сексуален напад од страна на две поранешни вработени, кои тврдат дека биле подложени...

Македонија1 ден

(Фото) Тошковски на проштална средба со амбасадорката Агелер: САД остануваат клучен стратешки партнер во безбедноста

Министерот за внатрешни работи на Република Северна Македонија, Панче Тошковски, денеска оствари проштална средба со амбасадорката на Соединетите Американски Држави...

Европа1 ден

Зеленски се обиде да го назначи поранешниот премиер за министер за енергетика, парламентот го одби

Украинските пратеници го отфрлија назначувањето на министерот за одбрана во заминување Денис Шмихал за министер за енергетика, што е ретка...

Свет1 ден

Бројот на жртви варира во голема мера: „Иран Интернешнл“ тврди дека најмалку 12.000 луѓе се убиени во протестите

Се појавуваат извештаи за илјадници жртви во немирите во Иран, што би претставувало најголем број смртни случаи во протестите од...

Свет1 ден

Каја Калас: Историјата е полна со примери за паѓање на режими, но прашањето е што следува потоа

Високиот претставник на Европската Унија за надворешни работи и безбедносна политика, Каја Калас, изјави дека е неизвесно што ќе се...

Македонија1 ден

Времето утре – сончево со мала до умерена облачност, максималната температура до 10 степени

Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен...