Контакт

Економија

Бесими предлага Агенцијата за странски инвестиции да го промовира извозот

Објавено пред

Предлог законот за основање на Агенција за странски инвестиции и промоција на извозот на Република Македонија е нов закон со кој се проширува дејноста на Агенцијата со цел за подобра деловна клима.

dobivaj vesti na viber

Предлог законот за основање на Агенција за странски инвестиции и промоција на извозот на Република Македонија е нов закон со кој се проширува дејноста на Агенцијата со цел за подобра деловна клима.

Вака денеска Министерот за економија Фатмир Бесими го образложи Предлог законот предложен од неговото министерство за кој се расправаше на собраниската комисија за економски прашања.

„Ова е нов закон, врз основа на Законот за Агенција за странски директни инвестиции, каде се проширува дејноста на оваа агенција и во делот на промоција на извозот. Тие се две главни компоненти за развојот на нашата економија. Едната е привлекување на инвестиции со цел да се отворат нови работни места, да се донесе нов капитал во економијата и нова технологија. Втората компонента е промоција на извозот, односно  подобрување на трговскиот биланс на Република Македонија“, истакна Бесими.

Според него донесувањето на ваков закон ќе придонесе за подобрување на конкурентноста на економијата преку привлекување на инвестиции со нова технологија и подобрување на извозот.

На комисијата едногласно беа изгласани Предлог законот за надзор на пазарот и Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за трговски друштва, со што истите ќе се најдат на дневен ред на собраниска седница.

Ова се закони кои ја подобруваат деловната клима во Република Македонија, ја заокружуваат и унапредуваат законската рамка за подобар бизнис во Република Македонија.

Што се однесува за надзорот на пазарот сакаме да се намали сивата економија, да се зголеми конкуренцијата и да се заштитат потрошувачите, а со законот за  трговските друштва целта е да се зголеми транспарентноста“, укажа министерот за економија. /крај/бд



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија

„Фустани со џебови“ на Халкбанк избрана од AmCham за една од најдобрите општествено одговорни практики

Објавено пред

Платформата „Фустани со џебови“ на Халкбанк АД Скопје, со која се дава поддршка на женското претприемништво, е избрана за една од најдобрите општествено одговорни практики од страна на Американската стопанска комора (AmCham) во рамките на проектот Partnership 4 Giving. Плаформата на Халкбанк е еден од петте проекти, кои добија посебно признание од комората за квалитетна и успешна општествно одговорна практика.

dobivaj vesti na viber

Халкбанк АД Скопје веќе една ипол година гради успешна приказна за поддршка на женското претприемништво, промовирајќи ја истовремено својата заложба за рамноправност и финансиска слобода на жените. Преку креираниот „Пакет за жени“ што е дизајниран да одговори на различните потреби на микро, малите и средните претпријатија каде сопственици или менаџери се жени, банката веќе им овозможи успешен бизнис на голем број клиентки во земјата.

Преку платформата, Халкбанк реализира и низа настани, кампањи и поддршки. Почнувајќи од хуманитарните акции поврзани со продажба на „Фустаните со џебови“, преку пласирање на кампањи за финансирање на женските бизниси, па се до организирање и давање поддршка на низата настани наменети за вмрежување и овозможување на меѓусебна поддршка на жените, Халкбанк заедно со својот партнер Мастеркард, ја подигнаа на повисоко ниво свеста и перцепцијата за финансиската моќ и слободата на жените во земјата.

Проектот Partnership 4 Giving, кој AmCham го имплементира во рамките на USAID програмата, има за цел покренување колективна акција која ќе обезбеди позитивен ефект и ќе развие одржливи перспективи за корпоративна филантропија промовирајќи ги позитивните приказни на компаниите кои служат како пример за бизнис заедницата на полето на корпоративна одговорност.

(ПР)

Прикажи повеќе...

Економија

Димитриеска-Кочоска на глобалниот форум за транспарентност и размена на информации за даночни цели при ОЕЦД

Објавено пред

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска учествува на Пленарен состанок на Глобалниот форум за транспарентност и размена на информации за даночни цели што се одржува од денеска до 29 ноември во Парагвај, а кој е посветен на глобалната имплементација на меѓународните стандарди за даночна транспарентност и напредок на земјите, како и на предизвиците со кои се соочуваат земјите при имплементација на стандардите. Министерката учествува на Форумот во придружба на државниот секретар во МФ Андриана Матлиоска.

dobivaj vesti na viber

Министерката Димитриеска-Кочоска на панел-дискусија ќе се осврне на приоритетите, искуството и предизвиците во имплементација на Стандардот за автоматска размена на информации (AEOI) којшто е клучна алатка за јурисдикциите, односно државите, во борбата против даночното затајување и заштита на интегритетот на нивните даночни системи.

На состанокот, Секретаријатот на Глобалниот форум ќе ја претстави поддршката што е дадена на членовите во процесот на имплементација на стандардите. Глобалниот форум го сочинуват над 170 јурисдикции, кои ги вклучуваат земјите од групата Г-20, финансиските центри, а повеќето од членките се земји во развој. Сите членки работат заедно, на исто рамниште, во борбата против офшор даночна евазија.

Најважна задача на Глобалниот форум е развој на капацитетите со цел поддршка и овозможување брза и ефективна имплементација на стандардите за транспарентност и размена на информации од страна на сите членки, особено земјите во развој.

Имено, РС Македонија е во процес на имплементација на стандардите за автоматска размена на информации. Стандардот AEOI се однесува на годишна размена на информации за финансиските сметки на нерезиденти во однапред дефиниран формат, а тие разменети информациивклучуваат детали за финансиската сметка (на пример, финансиската институција што ја одржува, бројот на сметката и состојбата на сметката) и детали за сопственикот на сметката (на пр., неговото име, адресата, датумот на раѓање и идентификацискиот број на даночниот обврзник).

Спроведувањето на Стандардот AEOI бара јурисдикциите да ги прибираат информациите од нивните финансиски институции секоја година и автоматски да ги разменуваат со јурисдикциите каде што имателот на сметката е даночен резидент. За успешна размена на информациите потребна е и законодавно-правна и административна инфраструктура.

Во фаза на подготовка е Предлог-закон за административна соработка, со кој, меѓу другото, ќе се пропишат одредби за автоматска размена на информации за финансиски сметки и за автоматска размена на информации за извештаи по земја. Со Законот ќе се утврди конкретна правна рамка којашто ќе придонесе кон зајакнување на соработката меѓу даночните администрации, a оттаму и борба против прекуграничната даночна евазија и даночното затајување, зголемување на наплатата на даноците, како и зајакната борба против корупцијата и перењето пари.

РС Македонија е членка на Глобалниот форум за транспареност и размена на информации за даночни цели при ОЕЦД од јануари 2011 година.

Прикажи повеќе...

Економија

Од полноќ нови цени на горивата

Објавено пред

Регулаторната комисија за енергетика донесе oдлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,70 % во однос на одлуката од 18.11.2024 година.

dobivaj vesti na viber

Од 26.11.2024 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 77,00 (денари/литар)

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 79,00 (денари/литар)

Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 72,00 (денари/литар)

Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 70,50 (денари/литар)

Мазут М-1 НС 44,737 (денари/килограм)

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се зголемуваат за 1,00 ден/лит.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 1,50 ден/лит и сега ќе изнесува 72,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 1,029 ден/кг и сега ќе изнесува 44,737 ден/кг.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 2,489%, кај дизелот за 3,554%, кај екстра лесното масло за 2,215% и кај мазутот намалувањето е за 2,312%.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,7524%.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет41 минута

Телата на девојките кои починаа од сомнително труење во Лаос пристигнаа во Австралија

Семејствата на двете австралиски тинејџерки кои починаа од сомнително труење со метанол во Лаос, ја коментираа веста дека осум лица...

Свет51 минута

Еден ден по несреќата во Црвеното Море пронајдени се пет преживеани

Египетските спасувачи пронајдоа четири тела и пет преживеани вчера, за време на потрагата во Црвеното Море, еден ден откако потона...

Свет58 минути

Макрон гледа шанса за стабилност во Либан во договорот за прекин на огнот

Францускиот претседател Емануел Макрон го опиша договорот за прекин на огнот меѓу Израел и либанската милиција Хезболах како можност за...

Свет1 час

Првите часови од примирјето меѓу Израел и Хезболах: жестоко бомбардирање до последен момент

Прекинот на огнот меѓу Израел и либанската милиција Хезболах стапи на сила во раните утрински часови во средата, но му...

Македонија13 часа

(Видео) Филипче до Сиљановска: Огромен ризик е спојувањето на безбедносните агенции

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, денеска оствари средба со претседателката на Република Северна Македонија, Гордана Сиљановска Давкова....

Македонија16 часа

Во аптека ќе се оди само со електронски рецепт, хартиените рецепти ќе бидат целосно исфрлени од употреба во јуни следната година

Место со непотребна документација, од јуни следната година матичните лекари ќе имаат повеќе време да се посветат на пациентите оти...

Македонија16 часа

Сиљановска-Давкова им посака успешна работа на новите членови на Комисијата за помилување

Денеска во Кабинетот на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова се одржа конститутивна седница на новиот состав на Комисијата за помилување, откако Давкова донесе...

Македонија19 часа

Петар е тежок 2 килограма и 350 грама: 61-годишната мајка, која се породи на ГАК, имала замрзната јајце-клетка

Во светот на медицината повеќе не постојат граници и македонската медицина може да се мери со онаа во светот, изјави...

Македонија19 часа

Раде Штекли бара лично обезбедување, ќе им плаќа 3.000 евра: не е пресудна етничката припадност ниту, пак, полот

Раде Трајковски-Штекли на својот инстаграм-профил објави оглас за вработување лично обезбедување. Бара четворица обезбедувачи, кои мора да имаат воено или...

Македонија19 часа

Арсовска нема повторно да се кандидира за градоначалник на Скопје

Не размислувам за повторна кандидатура, истакна градоначалничката Данела Арсовска одговорајќи на новинарско прашање по промоцијата на донацијата на шесте еколошки...

Македонија19 часа

Европската Унија му донира на ЈСП шест еколошки автобуси

Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) доби шест нови еколошки автобуси на компримиран природен гас како донација од Европската Унија (ЕУ). Амбасадорот...

Македонија21 час

61-годишна жена го роди своето прво бебе на Клиниката за гинекологија

61-годишна жена го роди своето прво дете на Клиниката за гинекологија. Жената се породила пред неколку дена и важи за...

Македонија22 часа

Спречен шверц на цигари, облека и хардверски делови, како и нелегален влез на илегални мигранти од Иран и Сиера Леоне

Во текот на изминатата недела мобилни тимови и царински службеници на граничните премини спречија обиди за криумчарење на поголема количина...

Македонија23 часа

Средба на лидерот на СДСМ, Филипче, со претседателката Сиљановска-Давкова

Денеска, ќе се одржи работна средба помеѓу претседателот на СДСМ, Венко Филипче, и претседателката на државата, Гордана Сиљановска-Давкова, извести СДСМ....

Македонија23 часа

(Видео) Тошковски: Договорено заемно признавање на возачките дозволи со Обединетите Арапски Емирати

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски од 24 до 27 ноември со делегација на министерството е во работна посета на...

Европа23 часа

Аналитичари: Русија напредува во Украина со најбрзо темпо од почетокот на војната

Руските сили напредуваат во Украина со своето најбрзо темпо од првите денови на инвазијата, заземајќи површина од половина од поголемиот...

Свет1 ден

Трамп воведува огромни царини за Кина, Пекинг одговори

Ниту САД, ниту Кина нема да ја добијат трговската војна, одговори кинеската амбасада во Вашингтон во понеделникот на заканата на...

Свет1 ден

Белата куќа: Бајден ќе присуствува на инаугурацијата на Трамп

Претседателот во заминување Џо Бајден и првата дама Џил Бајден ќе присуствуваат на инаугурацијата на новоизбраниот претседател Доналд Трамп во...

Свет1 ден

Ердоган: Збеснатата влада на Нетанјаху е како сериски убиец

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ги осуди постапките на израелската влада и ги пофали Палестинките за нивната храброст и издржливост,...

Економија2 дена

Мицкоски: Грчевито се бориме да нема покачување на струјата, но ако мора, еве нека биде во третиот и четвртиот блок

Владата ќе се бори да не дојде до покачување на струјата, ниту за најавените до три проценти по Нова година....