Македонија
„Телеком Словенија“ го доби тендерот за дигитална телевизија
„Телеком Словенија“ победи на тендерот за пренос на дигитални телевизиски услуги преку јавна комуникациска мрежа (DVB-T) во Македонија
„Телеком Словенија“ победи на тендерот за пренос на дигитални телевизиски услуги преку јавна комуникациска мрежа (DVB-T) на територијата на Македонија.
Комисијата на Агенцијата за електронски комуникации, соопшти дека ова е одлучено вчера.
„Телеком Словенија“, според условите на тендерот треба да овозможи покриеност на целата територија на Македонија во рок од една година со што ќе овозможи пренос на триесет телевизиски програми со многу висок квалитет. За ова треба да се инвестираат околу десет милиони евра
Дополнително треба да бидат инвестирани уште околу дваесет милиони евра за обезбедување на дигитални приемници/декодери (digital set-top box) за домаќинствата, кои „Телеком Словенија“ бесплатно ќе им го доделува на оние домаќинства кои ќе сакаат да ги користат нивните услуги.
Со помош на дигиталните приемници/декодери ќе можат да се следат содржините на дигиталната телевизиска услуга и на телевизорите, во кои нема вградено дигитален приемник./крај/с/ил
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

