Македонија
ВМРО ДПМНЕ: Лидерите на опозициски фронт се лицемерни едни кон други
Според владеачката ВМРО ДПМНЕ новоформираниот опозициониот фронт кој беше промовиран денеска е составен од лидери на политички партии кои до вчера беа противници.
Според владеачката ВМРО ДПМНЕ новоформираниот опозициониот фронт кој беше промовиран денеска е составен од лидери на политички партии кои до вчера беа противници.
Од партијата на Никола Груевски потсетија дека Бранко Црвенковски своевремено за Стојан Андов изјави дека е “смоквин лист кој го покрива срамот на Љубчо Ѓеоргиевски и Доста Димовска”.
Стојан Андов пак, за Црвенковски изјавил дека е “држалник на власта кој упорно бега од една фотеља во друга”.
Членот на ИК на ВМРО ДПМНЕ, Зоран Петрески потсети дека заемни обвинувања и омаловажувања си упатувале и сегашните партнери Ѓорѓи Оровчанец и Тито Петковски.
Дванаесет опозициски партии, предводени од Социјал-демократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) денеска ја промовираа Платформата за нивно политичко дејствување во насока на промена на власта во земјата.
Во овој фронт покрај СДСМ членуваат и НСДП, Либерална партија, Партија на слободни демократи, Нова алтернатива, Движење за национално единство на Турците, Демократски сојуз на Власите, Сојуз на Титови леви сили, Граѓанско-либерална партија, Партија на пензионерите, прогресивна партија и Зелена партија на Македонија./крај/вм
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Николоски: Недостасуваа 13 милиони евра за да се доврши експресниот пат Градско – Дреново
Работниците беа повлечени и активности на терен немаше, не беа решени косините и недостасуваа околу 13 милиони евра за да се доврши реализацијата на овој експресен пат, истакна вицепремиерот Николоски на пуштањето во употреба на експресениот пат Градско – Дреново.
Но со посветен работа, со огромна подршка на премиерот успеавме за месец дена да го решиме тоа што претходната влада не успеа за година и половина и денеска да имаме завршен експресен пат, додаде вицепремиерот Николоски.
“Изведувачот се спремаше за арбитража, веќе првите чекори беа преземени и работниците беа повлечени. Причината беше претходната Влада која година и половина не сакала да потпише два адендума, Адендум 3 и 4, кој што беа договорени со ДЕУ и не сакала да формира Комисија која што ќе ги спроведува.
Новата Влада за само месец дена ја формираше Комисијата, истата се формираше на крајот од јули, во тек на август се работеше на содржината на овие два адемндуми и на 12 септември проблемите се решија. Од 12 септември до буквално Нова година се работеше, се заврши комплетно и сакам да честиттам на сите бидејќи имаме експресен пат.
Овие работи треба да се кажат бидејќи народот треба да знае кој работи а кој не работи. Овој пат денеска што го гледате е реален и не е направен со вештачка интелегенција како што го имаше во одредени пропагандни спотови во изборите и ова е најдобра подршка зошто оваа влада треба да биде подржувана од народот за уште поубави проекти”- се обрати пред присутните вицепремиерот Александар Николоски.
Македонија
Се очекува и утре да вее снег – прогноза за времето до крајот на неделата
Времето до крајот на денот ќе биде облачно со повремени врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Ќе има услови за појава на голомразица и снежни наноси.
Утре не’ очекува променливо облачно и студено време со повремени врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -7 до 0, а максималната ќе достигне од -2 до 5 степени, јавува УХМР.
Во Скопје променливо облачно и студено со услови за провејување на слаб снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -5, а максималната ќе достигне до 4 степени.
Во четврток претпладне ќе се задржи претежно облачно и студено време со повремени врнежи од снег со слаб до умерен интензитет.Попладне насекаде врнежите ќе престануваат. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Во петок и за време на викендот ќе преовладува стабилно време со пораст на дневните температури. Утринските температури во текот на целиот период насекаде ќе бидат под нула, а наместа ќе се спуштаат и под -10 степени. По некои котлини ќе има појава на магла и пониски дневни температури.
Македонија
Владата ги повика на консултаци невладините организации за Извештајот за состојбата
Владата денеска упати јавен повик до невладините организации да земаат активно учество во изготвување на Извештајот за условите во кои работеа невладините организации во 2024 година.
Одделението за соработка со невладини организации на Генералниот секретаријат на Владата од 2005 година, кое се грижи за унапредување на условите во кои работи невладиниот сектор, бара тие да помогнат во оценување на спроведувањето на Стратегијата на Владата за соработка со и развој на граѓанското општество.
Во повикот од невладините се бара да го пополнат прашалникот за мерење на вредностите на индикаторите од Акцискиот план на Стратегијата на Владата за соработка со и развој на граѓанското општество 2022-2025 година, информираа од Кабинетот на вицепремиерот задолжен за политики на добро владеење.
Целта на вклучување на невладините организации е Извештајот да биде реален и да даде објективен приказ на состојбите во граѓанското општество.
Прашалникот е јавно достапен на веб страната, кој можат да го пополнат сите регистрирани невладини организации во земјата најдоцна до 25 јануари годинава.