Македонија
Италија финансираше изградба на кампинг простор во околината на Маврово
Свечено отворање на сместувачкиот капацитет / кампинг простор именуван како Куќата на Паркот во селото Трница, општина Маврово-Ростуше, ќе се одржи денеска.
Свечено отворање на сместувачкиот капацитет / кампинг простор именуван како Куќата на Паркот во селото Трница, општина Маврово-Ростуше, ќе се одржи денеска.Изградбата на овој сместувачки капацитет е во рамките на проектот “Заштита на животната средина, економски развој и промоција на одржлив еко туризам во НП Маврово” финансиран од Министерството за надворешни работи на Италија и имплементиран од италијанските невладини организации Оксфам Италија и ГВЦ.Отворањето на овој објект е дел од поголем проект, реализиран во партнерство со Национален парк Маврово, општина Маврово Ростуше и Министерството за животна средина на РМ, за подобрување на условите за живот на жителите од територијата на НП Маврово и на Општина Маврово Ростуше преку акции што предвидуваат поддршка на процесите на планирање и децентрализација кои се во тек, промоција на активности на еко туризам, едукација на тема животна средина, валоризација и партиципативно управување со природните ресурси и интегрирано управување со отпадот. Со реконструкцијата на објектот и на опкружувањето на Куќата на Паркот, Оксфам Италија и Управата на Национален парк и Општината Маврово Ростуше сакаат да го подобрат квалитетот на автентичната туристичка понуда. Со директното менаџирање од страна на Паркот, Куќата на Паркот има намера да стане сместувачки капацитет од хотелски карактер bed & breakfast со ставањето на располагање на поголема површина во функција на кампинг простор наменет за поставување на шатори. Овој сместувачки комплекс нема во никој случај да претставува туризам одвоен од територијата, туку напротив, ќе се интегрира со територијата и ќе ја претставува истата; покрај тоа ќе претставува и почетна точка за посети и екскурзии со автомобил или пешки, поаѓајќи од патеки кои имаат потекло токму од овој локалитет. Сместувачкиот објект се состои од 5 соби, 2 на приземјето и 3 на првиот кат, во функција на хотел и поткровје во функција на сала за состаноци и работилници. Исто така, големата површина на дворно место со повеќе од 5.000 m2 дава можност за рекреација и кампување со шатори. Салата за состаноци Паркот ќе ја користи за организирање на работилници на научни теми и теми од областа на животната средина но и за средби со локалното население на посебни тематики. Во текот на реконструкцијата се водеше сметка за искористување на постоечките материјали и автентичнииот начин на градба. Каменот, примарен елемент на изградбата, беше задржан и валоризиран и е оставен да се гледа без да се малтерисува.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Николоски: Техничката влада не се укина за изборите во 2024 година за ДУИ да добие премиер
Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, вечерва беше гостин во Тема на денот на Сител телевизија, каде се осврна и на актуелната тема за укинување на техничката влада за што истакна дека истата била воведена како привремено решение за кризата во 2015 година. Тој вели дека нејзиното укинување во 2024 година било спречено поради договор меѓу СДС и ДУИ со цел ДУИ да добие премиер, како што и се случи, и како што вели тој, беше спротивно на изборните правила и волјата на граѓаните.
„Во 2015 година оваа техничка влада беше договорена во еден сосема друг политички контекст и беше решение на една политичка криза. До следните редовни парламентарни избори ќе поминат 12 и пол години од таа политичка криза и од договорите кои што тогаш се правеа. Оваа техничка влада го надмина времето и причините за кои што беше создадена и ние сме единствена држава од нормалните демократии во Европа, која што го прави, и на ова треба да се стави точка и да заврши затоа што ни треба нормално функционирање на државата“, вели Николоски.
„Ние го инициравме тоа, но единствената причина зошто не се укина техничката влада за изборите во 2024 година беше договорот помеѓу СДС и ДУИ, да ДУИ добие премиер, и тоа се случи, Талат Џафери стана премиер, што беше вон сите изборни правила, и вон волјата на народот, и затоа завршија на избори како што завршија“, рече Николоски.
Македонија
(Фото) Тошковски на проштална средба со амбасадорката Агелер: САД остануваат клучен стратешки партнер во безбедноста
Министерот за внатрешни работи на Република Северна Македонија, Панче Тошковски, денеска оствари проштална средба со амбасадорката на Соединетите Американски Држави во Македонија, Ангела Агелер.

На средбата, министерот Тошковски изрази благодарност за нејзината посветеност, професионалност и континуирана поддршка на реформските процеси, со посебен акцент на унапредувањето на безбедносниот систем и јакнењето на институционалните капацитети. Тој ја истакна значајната улога на амбасадорката Агелер во продлабочувањето на соработката меѓу двете држави, особено во областа на внатрешната безбедност, владеењето на правото и борбата против организираниот криминал и корупцијата.

Министерот упати благодарност и до Амбасадата на САД за силната и континуирана поддршка на Македонија, нагласувајќи дека Соединетите Американски Држави се стратешки партнер и важен сојузник во зајакнувањето на безбедноста, стабилноста и евроатлантската ориентација на државата. Во тој контекст, беше потенцирана и одличната соработка меѓу Министерството за внатрешни работи и американските институции преку заеднички проекти, обуки и размена на експертиза.
Македонија
Средба на министерот Муцунски со раководството на Сојузот на стопанските комори на Македонија
Во рамки на серијата работни средби насочени кон унапредување на економската дипломатија и поддршката на извозот, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска оствари работен состанок со раководството на Сојузот на стопанските комори, предводено од претседателот Горан Ѓорѓиевски.

На средбата се разговараше за интензивирање на соработката преку организација на тематски трговски посети на приоритетни пазари, обезбедување логистичка поддршка при значајни бизнис посети во државата, како и за промоција на извозните капацитети на домашните компании пред дипломатскиот кор. Посебен акцент беше ставен на унапредување на комуникацијата и соработката на домашните компании со дипломатско-конзуларните претставништва во странство, известуваат од Министерството.

Фокусот на институционалните активности е насочен кон системска поддршка на компаниите со извозен потенцијал, со цел поттикнување на додадената вредност во економијата и создавање услови за одржлив економски развој.

