Свет
Светот шокиран од масакрот во Норвешка
Продолжуваат реакциите од целиот свет за двојниот напад во Норвешка во кој според досегашните извештаи загинаа најмалку 91 лице.
Продолжуваат реакциите од целиот свет на двојниот напад во Норвешка во кој според досегашните извештаи загинаа најмалку 91 лице. Британскиот премиер Дејвид Камерон рече дека е „огорчен“. „Овие напади потсетуваат на терористичките закани со кои сме соочени“, истакна тој, понудувајќи помош од Велика Британија и нејзините тајни служби, заради „гонење на убијците и спречување на натамошното убивање недолжни луѓе“.„Норвешката влада и народот мора да знаат дека германската влада и Германците се покрај нив“, изјави германската канцеларка Ангела Меркел. Полскиот претседател Бронислав Коморовски, чија земја претседава со Европската унија, изјави дека е „ужаснат“ а истите зборови ги употребија и главниот секретар на ОН, Бан Ки-мун и австралиската премиерка, Џулија Гилард.Италијанскиот премиер Силвио Берлускони рече дека стои „покрај норвешкиот народ во овие тешки времиња и во заедничката борба со секој облик на тероризам“. „Ова беше терористички удар. Сите сме Норвежани“, истакна шведскиот министер за внатрешни работи, Карл Билдт на Твитер. Од блискоисточните земји, Израел и Јордан одлучно ги осудија нападите и изразија сочуство на фамилиите на жртвите и понудија помош за Норвешка. Во Азија, јапонскиот премиер Наото Кан предупреди дека „ваквото насилство не може да се трпи“. Авганистанскиот претседател Хамид Карзаи оцени дека нападот на „една од најмирољубивите земји во светот покажува дека тероризмот и натаму претставува голема закана за светската безбедност“. И Кина која лани се препираше со Норвешка околу доделувањето на Нобеловата награда на дисидентот Лиу Сиаобо, се огласи со соопштение во кој го осуди терористичкиот напад и изрази сочуство до жртвите, не споменувајќи го зборот Норвешка. Сочуство до Норвежаните изразија и претседателот на Србија, Борис Тадиќ и премиерката на Хрватска, Јадранка Косор.Терористичкиот напад во Осло го осудија претседателот на Европската унија, Херман Ван Ромпуј, претседателот на Европскиот парламент Јержи Бузек, генералниот секретар на НАТО, Андерс Фог Расмунсен, американскиот претседател Барак Обама, британскиот министер за надворешни работи Вилијам Хејг и францускиот претседател Николас Саркози./крај/хина/ко
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Хамас тврди дека негова делегацијата оди во Каиро за да разговара за примирје во Газа
Делегација на исламската милитантна група Хамас денеска ќе замине за Каиро за да ги продолжи разговорите за можен договор за прекин на борбите во Газа, соопшти групата доцна синоќа, пренесе ДПА.
– Додека го нагласуваме позитивниот дух со кој раководството на движењето одговори кога го проучуваше предлогот за прекин на огнот што го доби неодамна, одиме во Каиро во истиот дух за да постигнеме договор, се вели во соопштението на Хамас.
Се додава дека Хамас и „палестинските сили на отпорот се решени да го созреат договорот, на начин што ќе ги исполни барањата на нашиот народ за целосен прекин на агресијата, повлекување на окупациските сили, враќање на раселените, олеснување за нашите луѓе, почеток на реконструкција и комплетирање на сериозен договор за размена“.
Според извор од Хамас, има уште некои точки кои треба да се разговараат и имало потреба од повеќе појаснувања. Откако тие ќе се разјаснат, движењето ќе го објави својот конечен став.
– Но, можам да ви кажам и според изјавата што штотуку ја испрати движењето, одговорот ќе биде позитивен, изјавил изворот од Хамас за ДПА.
Месечното посредување на Египет, Катар и САД меѓу Израел и Хамас допрва треба да резултира со пробив. Во последните денови се интензивира и дипломатскиот притисок за постигнување договор.
Свет
Американски разузнавачи со предупредување: Русија и Кина подготвуваат заедничка инвазија
Американското разузнавање има информации кои укажуваат дека Русија и Кина тесно соработуваат за голем број воени прашања, вклучително и потенцијална инвазија на Тајван.
Такво нешто ја поттикна американската администрација да планира како да спречи такво сценарио, пренесува „Блумберг“.
„Ова е првпат Кина и Русија да соработуваат за прашањето на Тајван. Кина дефинитивно сака да соработува со Русија во оваа насока“, рече шефицата на Националната разузнавачка служба Аврил Хејнс за време на нејзиното сведочење пред Конгресот.
Републиканскиот сенатор Мајк Раунд од Јужна Дакота ја праша Хејнс за такво сценарио за време на сослушувањето на Комитетот за вооружени служби во Сенатот. Тој праша и дали Пентагон планира одговор на таквата можност, бидејќи големи се шансите во случај на конфликт со една земја да биде отворен потенцијален конфликт со една или повеќе од нив. Тоа би влијаело на многу работи.
„Секако дека постои можност да се случи такво нешто. Одговорот на тоа прашање зависи од сценариото што би се развило“, рече Хејнс, додавајќи дека разузнавачките проценки укажуваат дека постои зголемена соработка во партнерството „без забрани“ меѓу Русија и Кина во секој општествен сектор – политички, економски, воени, технолошки“, пренесува медиумот.
Нејзините изјави, според написите ги потврдил и генерал-полковник Џефри Круз и нагласил дека ситуацијата внимателно се следи и дека „тие се подготвени доколку се случи несакано сценарио“.
Медиумот анализира дека треба да се знае дека Русија, Кина и Иран во средината на март одржаа заеднички воени вежби наречени „Поморски безбедносен појас – 2024“ во Оманскиот Залив и Арапското Море.
Свет
Медведев до Швајцарија: Ти благодарам, земјо на сирењето и часовниците
Дмитриј Медведев, поранешен руски претседател и актуелен заменик на Советот за безбедност, рече дека конференцијата за прекин на огнот во Украина ќе биде уште еден доказ за пропаѓањето на „мировниот план“ на украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Швајцарската влада претходно објави дека Русија во моментов не е меѓу десетиците поканети земји, додавајќи дека е отворена за нејзино учество, но дека Москва не е заинтересирана. Берн го најави собирот во јануари, велејќи дека го организирал на барање на украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Медведев објави денеска на Телеграм. „Која е користа за Русија од швајцарската „мировна конференција“? Придобивката е трикратна. Прво, тоа ќе биде уште еден доказ за пропаѓањето на таканаречениот мировен план на идиотот Зеленски.
Второ, тоа ќе стане видлив доказ за целосната немоќ на сегашните западни елити, кои извршија болна самокастрација на нивната способност да го прекинат воениот конфликт. Згора на тоа, по директна наредба на група сенилни лекари од Вашингтон.
Трето, тоа ќе им овозможи на нашите вооружени сили да продолжат да ја чистат територијата на Мала Русија од неонацистите без мешање или сметка за нечии глупави „мировни иницијативи“ и сите ние да извршиме скрупулозна работа во насока на конечниот колапс на политичкиот режим на Украина и брзото враќање на нашите оригинални територии во Руската Федерација. Ти благодарам, земјо на сирењето и часовниците“, напиша Медведев.