Македонија
Тодоров на неформална конференција во Љубљана
Петтата неформална конференција на министрите за образование на Западен Балкан во вторник и среда ќе се одржи во Љубљана, Словенија..
Петтата неформална конференција на министрите за образование на Западен Балкан во вторник и среда ќе се одржи во Љубљана, Словенија, на која што ќе учествува и македонскиот министер за образование Никола Тодоров.Целта на настанот, кој е дел од програмата на словенското претседателство со Комитетот на министри при Советот на Европа, е да развие длабока дискусија за минатиот и иден развој на Болоњскиот процес во земјите од Западен Балкан.Според најавите, на конференцијата ќе стане збор за развојните текови и предизвици во обезбедувањето на квалитет во образованието и рамката за квалификации, кои што се определени како два основни приоритети за регионална соработка.Домаќин на конференцијата е Министерството за високо образование, наука и технологија на Република Словенија во соработка со Советот на Европа./крај/со/амп
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

