Македонија
„Злoсторство без казна“ – годишнина од протерувањето на Србите на Косово и Метохија
Културно информативниот центар на Србите во Македонија „Спона“ во соработка со Амбасадата на Република Србија во Скопје, во петок 29-ти март во 18,30 часот,организира комеморативен собир по повод девет годишнината од масовното протерување над Србите на Косово и Метохија (од 17-ти до 19-т март 2004 година).
„На собирот во ’Спона’ ќе биде прикажан документарниот филм ’Злосторство без казна’ и ќе биде отворена изложба со фото записи на неказнетите насилства на Албанаците над српското население на Косово“, се наведува во промотивниот материјал за настанот.
Филмот и фотографиите за комеморацијата ги подготви Канцеларијата на Владата на Република Србија за Косово и Метохија“.
„Во бранот на aлбанското насилство 17-ти март 2004 година, кој се памети како „Кристална ноќ“ на Косово и Метохија, убиени се 19 лица, протерани се 4.012 Срби, етнички исчистени шест градови и девет села, запалени 35 цркви, а урнати, запалени или тешко оштетени 935 српски куќи и десет јавни објекти – училишта, домови на здравје, пошти“, се вели во соопштението./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) Роберт Шоповски го фати богојавленскиот крст во Елшани
Жителите на Елшани и годинава традиционално во раните утрински часови го одбележаа големиот христијански празник Богојавление – Водици.
Во 5 часот започна утринската богослужба во селото, на која присуствуваа повеќе стотини жители. По осветувањето на леб и вода, на сред село, во изворските води беше извршен чинот на фрлање на светиот крст.
Среќниот фаќач на богојавленскиот крст годинава беше Роберт Шоповски.
Како спомен на настанот, Шоповски доби пригодни подароци од страна на месната заедница и црквата „Свети пророк Илија“.
Одбележувањето на Богојавление во Елшани продолжи со народен собир и оро на сред село, каде старите и новите кумови послужуваа топла ракија и бонбони. Празнувањата продолжија и во текот на денот со традиционални светојонски трпези кај старите кумови, проследени со песна и игра.
Македонија
Пивтијада на плоштадот во Автокоманда
Денес 19.01.2026 година (понеделник) со почеток во 13:00 часот на плоштадот во Автокоманда ќе се оддржи традиционалната манифестација Пивтијада која општина Гази Баба ја организира 16. година по повод христијанскиот празник Богојавление – Водици.
Оваа манифестација во себе соддржи музички, хуманитарен и натпреварувачки карактер. Преку купување на пивтии граѓаните ќе донираат за Клиниката за детски болести, а преку декоративно украсени пивтии ќе имаат можност да се натпреваруваат за награда.
Македонија
Министерот Минчев со честитка за христијанскиот празник Богојавление – Водици
Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, испрати честитка по повод христијанскиот празник Богојавление – Водици.
„Во мое лично име и во име на Министерството за јавна администрација, Ви го честитам големиот христијански празник Богојавление – Водици.
Нека овој празник донесе мир, здравје и благосостојба во Вашите домови и биде поттик за заедништво, солидарност и меѓусебно почитување.
Во духот на празникот, со заедничка посветеност, да продолжиме да придонесуваме кон унапредување на јавната администрација, во интерес на сите граѓани“, пишува во честитката.

