Регион
Тројца војници убиени и двајца ранети во судирите во југоисточна Турција

Тројца турски војници се убиени, а уште еден е ранет во судир со припадници на забранетата Работничка партија на Курдистан (PKK) во окрузите Хани и Личе во југоисточната провинција Хани, додека полициски офицер е ранет откако курдските герилци нападнале полициска станица во округот Баглар.
Во соопштението на Генералштабот на турската армија издадено во средата, се истакнува дека утрото двајца подофицери од специјалните сили ги загубиле животите а ранет е нивен колега во судир со борците на Работничката партија на Курдистан (PKK) во Хани, кога герилците се обиделе да се приклучат на група од околу 150 луѓе, кои формирале човечки штит на главниот пат кој ја поврзува Дијарнбекир со соседната покраина Бингол.
Засега РКК не се огласи со вообичаено соопштение во врска со овој судри, истакнува електронското издание на весникот Hurriyet.
Во одделна изјава, турскиот Генералштаб соопшти дека, исто така, во средата поручник им подлегнал на повредите во болница, каде бил донесен во вторникот попладнето по судир во округот Личе, кога беше убиен едена и беа ранети уште тројца негови соборци.
Во истото соопштение се наведува дека од воената болница во Дијарбекир во средата биле испратени во нивните родни места ковчезите со посмртните останки на други тројца војници кои загинаа во судирите со PKK претходните денови.
Во средата, исто така, во напад на курдските сепаратисти врз полициска станица во округот Баглар во покраината Дијарбекир, бил ранет еден полициски офицер. Војската објави дека по сите напади се започнати операции за откривање и „неутрализирање“ на напаѓачите, што подразбира нивна ликвидација./крај/мф/сн
Извор: Hurriyet
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Трета жртва од тешката сообраќајка во Сремска Митровица – почина за време на операцијата

Уште едно лице загинало по сообраќајната несреќа што се случи денес во Сремска Митровица, кога автобус се преврте и излета од патот. Ова е третата жртва на ужасната сообраќајна несреќа.
Како што објави „Н1“, лицето загинало за време на операцијата.
Како што претходно беше објавено, возачот на автобусот е приведен и во притвор до 48 часа.
Повредени се околу 80 лица. Причините за несреќата засега не се познати.
Регион
Вучиќ: Србија ќе се приклучи на развојот на руската вакцина против рак

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека разговарал со Александар Кецман, директор на Институтот „Гамалеја“ во Москва, кој го информирал дека во Русија се развива вакцина против рак.
„Ми објаснија одредени работи. Имаме голем процент на заболени од рак. Оваа вакцина е поинаква, бидејќи им помага на веќе болните луѓе — не е превентивна. Може да биде успешна до 85 проценти,“ рече Вучиќ.
Тој додаде дека Србија ќе се вклучи во проектот веднаш штом Русија го дозволи тоа:
„Ќе подготвиме целосна инфраструктура за да бидеме спремни за два до три месеци. Не можеме уште да ја произведуваме, но ќе направиме сè за да бидеме подготвени.“
Вучиќ нагласи дека во Србија има повеќе случаи на малигни заболувања отколку во другите земји, што, според него, е поврзано со последиците од бомбардирањето во 1999 година.
Регион
Возачот на автобусот приведен по тешката несреќа кај Сремска Митровица: две жртви и 80 повредени

Возачот на автобусот кој денеска се преврте кај Сремска Митровица е приведен и му е одредено задржување до 48 часа, соопшти српското Министерство за внатрешни работи (МУП), пренесе „Н1“.
Во несреќата загинаа две лица, а околу 80 се повредени. 35 повредени лица се згрижени во Општата болница во Сремска Митровица, една личност е пренесена во Клиничкиот центар на Војводина, а уште една е во операциона сала. За останатите се врши дијагностика.
Автобусот на компанијата „Сирмиум бус“, кој превезувал работници од фирмата „Хелткеар“, излета од патот и се преврте на кров од засега непознати причини. Несреќата се случи околу 14:45 часот.
Полицијата го затвори патот и не дозволува пристап до местото на несреќата, а на лице место излезен е и јавен обвинител за да ја утврди причината за трагедијата.