Свет
САД го започнаа историското отстранување на портокаловиот агенс во Виетнам
Семејствата што живеат во близина на базатa Дананг во Виетнам со години причините за честите болести, од деформации кај децата и старите лица заболени од рак, ги гледаа во наследството од војната, а тоа по многу децении почнува отстранувањето на отровниот агенс.
Базата во Дананг беше клучната локација за американската програма за користење хемиски хербициди во текот на Виетнамската војна, а најголемиот дел до 80 милиони литри од портокаловиот агенс се употребени во текот на операцијата „Свиткана рака“ и токму таму е складиран и товарен во авионите.
САД и Виетнам во четвртокот започнаа со долгоочекуваното чистење на базата, служејќи се со технологија којашто ја загрева површината до температура на којашто се разградува отровот до безопасни составни елементи.
Дефолијантите се распрашувани на огромни пространства во јужновиетнамските прашуми, за да се уништи вегетацијата за да останат без засолниште и храна борците на комунистичкиот Виетконг.
„Во текот на војната живеевме покрај пистата и навечер моравме да ги покриваме устата и носот поради чудната реа“, вели за AFP Н’гујен Ти Бин, жителка на Дананг.
Три од нејзините пет деца се тешко болни и инвалидизирани. Со години се сметала дека тоа е поради гревовите што ги направила во минатото, меѓутоа сега е убедена оти тоа е поради изложеност на отровниот диоксин, кој е состојка на ткн портокалов егенс.
Говорејќи на одбележувањето на почетокот на чистењето на Дананг, американскиот амбасадор Дејвид Пир оцени дека овој настан претставува „историска пресвртница“
„Да го исчистиме овој смет“, изјавил Шир, додавајќи дека слични акции ќе бидат организирани во уште една загадена воена база во Виен Хо.
Воздухопловната база Дананаг е една од трите ткн „диоксински жаришта“ во Виетнам , покрај воздухопловнтие бази Биен Хо и Пу Кат, во коишто концентрацијата на екстремно токсичните состојки на портокаловиот агенс е речиси 400 пати поголема отколку глобално прифатениот максимум.
Проектот кој чини 43 милиони долари се остварува во периодот на затоплување на поранешните смртни непријатели Виетнам и САД и сé поголемото влијание на Кина во областа околу Јужнокинеското Море./крај/афп/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
„Не го чепкајте Гренланд“: Масовни протести во Данска и Нуук против плановите на Трамп
Големи протести против најавите на американскиот претседател Доналд Трамп за преземање на Гренланд се очекуваат денеска во повеќе градови во Данска, вклучувајќи го Копенхаген, како и во гренландската престолнина Нуук.
Илјадници луѓе најавиле учество на протестите во Данска и на Гренланд, на иницијатива на неколку гренландски организации. Организаторите наведуваат дека целта е да се испрати јасна порака за почитување на демократијата и основните човекови права на Гренланд.
Протестите се организираат и поради присуството на делегација на американскиот Конгрес во Копенхаген, со намера гласот на Гренланѓаните да биде слушнат. Трамп и натаму тврди дека САД мора да воспостават контрола врз стратешки важниот арктички остров, повикувајќи се на руски и кинески интереси во регионот.
Неговиот советник Стивен Милер изјави дека Данска не може сама да го брани Гренланд, додавајќи дека САД не сакаат да трошат милијарди долари за негова одбрана без контрола врз територијата.
Протестите следуваат по неодамнешна средба во Вашингтон, на која данските власти признале дека во моментов нема простор за договор со САД за иднината на автономниот регион. Во меѓувреме, повеќе европски земји најавија распоредување воен персонал на Гренланд во рамки на данска вежба, организирана од сојузниците на НАТО.
Свет
Рубио, Блер и Кушнер во Одборот на Трамп што ќе ја надгледува привремената управа во Газа
Белата куќа објави дека формирала таканаречен „Одбор за мир“, кој според планот на американскиот претседател Доналд Трамп ќе ја надгледува привремената управа во Појасот Газа, и покрај кревкото примирје што е во сила од октомври.
Меѓу членовите се американскиот државен секретар Марко Рубио, специјалниот пратеник Стив Виткоф, поранешниот британски премиер Тони Блер и зетот на Трамп, Џаред Кушнер. Трамп ќе претседава со Одборот.
Во „основачкиот извршен одбор“ се и милијардерот Марк Рован од „Аполо Глобал Менаџмент“, претседателот на Светската банка Ајај Банга, како и поранешниот пратеник на ОН за Блискиот Исток Николај Младенов, кој ќе има улога на висок претставник за Газа.
Белата куќа соопшти дека секој член ќе надгледува посебен сектор за стабилизација и долгорочен развој на Газа – управување, регионални односи, обнова, инвестиции и финансирање. За командант на Меѓународните стабилизациски сили е именуван генерал-мајор Џаспер Џеферс.
Експерти за човекови права го критикуваат планот, оценувајќи дека ваквиот модел наликува на колонијална структура. Објавата се совпаѓа со почетокот на работата на палестински технократски одбор за привремена управа во Газа, под надзор на овој совет.
И покрај примирјето, Хамас и Израел меѓусебно се обвинуваат за прекршувања, а насилството во Појасот Газа продолжува.
Фото: Depositphotos
Свет
Украинска делегација заминува во САД за појаснување на условите за можен мировен договор со Русија
Украинските преговарачи патуваат во Соединетите Американски Држави за да ги разјаснат условите за евентуален мировен договор со Русија, изјави претседателот Володимир Зеленски по забелешките на американскиот претседател Доналд Трамп дека Киев го попречува завршувањето на војната.
Украинскиот тим активно соработува со претставниците на американскиот претседател, „и покрај сè“, рече Зеленски на социјалните мрежи, додавајќи дека се планирани состаноци во наредните денови. Делегацијата ги вклучува секретарот на Советот за национална безбедност, Рустем Умеров, новиот шеф на кабинетот на Зеленски, Кирило Буданов и претставникот Дејвид Арахамија.
Киев се надева дека ќе има „поголема јасност во врска со документите што ги подготвивме со американската страна и по прашањето за одговорот на Русија на сите дипломатски напори“, напиша Зеленски на Телеграм. Украинскиот лидер неодамна објави дека билатералниот документ со САД за безбедносни гаранции за неговата земја е „90% подготвен“ за финализирање со Трамп.
Американската страна разговара и со Украина и европските сојузници, како и со Москва, но во моментов нема директни мировни преговори меѓу завојуваните земји, кои ги продолжуваат своите напади.
Фото: Depositphotos

