Македонија
Вкупно 4,5 милиони швајцарски франци за развој на Осоговијата
Швајцарија во следните 3,5 години ќе вложи вкупно 4,5 милиони франци за развој на Осоговијата, преку создавање на услови економски развој на руралните средини и одржливо искористување на природните ресурси од овој крај, најави амбасадорот Стефано Лазарото
Швајцарија во следните 3,5 години ќе вложи вкупно 4,5 милиони франци за развој на Осоговијата, преку создавање на услови економски развој на руралните средини и одржливо искористување на природните ресурси од овој крај, најави амбасадорот Стефано Лазарото на денешната средба со Љупчо Димовски, министер за земјоделство, шумарство и водостопанство.
Проектот е дел од повеќето програми со кои Швајцарија го помага економскиот развој на руралните средини.
„Република Македонија има голем потенцијал за развој на руралниот туризам бидејќи има афтентична природа која, за жал, Швајцарија полека ја губи. Природниот потенцијал кој го имате треба да го насочите кон подобрување на економскиот развој на руралните средини, пред се на туризмот и на голем број дејности кои се поврзани со него. Уверен сум дека денешниот состанок е основа за продолжување на постоечката соработка на швајцарската амбасада со Владата на Република Македонија, вклучително и со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство“, рече Лазарото.
Министерот Димовски ја истакна важноста на поддршката што ја дава Швајцарија. Особено важна, според него е и експертската помош која ја добива земјата и во областа на земјоделството.
„Швајцарија е земјата каде Македонија извезува најголем дел од органските земјоделски производи. Имаме квалитетно производство, а законската и подзаконската регулатива се комплетно усогласени со европската. Поставени се стандардите и затоа овој тип на производство во нашата земја во изминативе неколку години доживеа вистинака експанзија. Се надевам дека пласманот на органски производи во Швајцарија во иднина ќебиде уште поголем“, рече Димовски.
Соработката меѓу двете земји е во рамки на стратегијата за соработка за периодот 2009 – 2012, која според најавите на Лазарото и Дмиовски, ќе биде продолжена и по овој рок. /крај/со/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сиљановска-Давкова ги прими акредитивите на новоименуваната кинеска амбасадорка Џианг Сјаојен
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ги прими акредитивните писма на новоименуваната амбасадорка на Народна Република Кина, Џианг Сјаојен.
Обете изразија задоволство од квалитетот на македонско-кинеските односи, втемелени на заемна почит и разбирање.
За Сиљановска-Давкова, забрзаната интеграција во Европската Унија е македонски стратешки приоритет, а дијалогот – единствен начин за решавање на регионалните и глобалните проблеми и предизвици.
Пренесувајќи ги срдечните поздрави од претседателот Си Џинпинг и изразите на највисоко почитување од кинеската влада и народ, кинеската амбасадорка истакна дека Народна Република Кина е наш искрен, доверлив и сигурен пријател којшто ги почитува суверенитетот на македонската држава и достоинството и интегритетот на македонскиот народ.
Претседателката ги поздрави активностите на Катедрата за македонски јазик, при Универзитетот за странски студии во Пекинг.
Соговорничките препознаа неискористен потенцијал за проширување и продлабочување на соработката во економијата, образованието, културата, науката и туризмот.
Тие веруваат и го поддржуваат ефективниот мултилатерализам, чијшто центар на одлучување ќе бидат реформираните Обединети нации.
Македонија
Ѓорѓиевски најави: Вечерва почнуваат 72 часа за чистење на секој агол на Скопје
Новиот градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, кој денеска ја презеде функцијата од неговата претходничка, Данела Арсовска, најави дека вечерва во 20 и 30 часот почнува големата акција за чистење на градот.
„Од овој ден испишуваме ново поглавје во историјата на нашиот град. Поглавје исполнето со работа, посветеност и резултати. Ветивме дека ќе работиме чесно, одговорно и без одлагање и тоа започнува веднаш! Во 20:30 часот започнува големата акција за чистење на градот. Во следните 72 часа ќе го исчистиме секој агол, секоја улица, секој запуштен простор. Скопјани повеќе нема да живеат во запуштеност ќе живеат во град достоен за нив. Тоа е она што го ветив пред вас и за што цврсто стојам!“, објави Ѓорѓиевски.
Тој, исто така, кажа дека ги отстранил и рампите кај Град Скопје.

„Ги отстранивме и рампите. Скопје повеќе нема да биде затворен град, сега е отворен и за медиумите и за сите граѓани“, објави новиот градоначалник.
Ѓорѓиевски најави и целосна ревизија на работата на градската администрација и ветува дека секој кој не ја извршувал својата работа, ќе си замине, а секој чесен, вреден и одговорен работник ќе биде награден и почитуван.
Македонија
Сиљановска-Давкова ги прими акредитивите на новоименуваниот амбасадор на Швајцарија, Кристоф Зомер
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Швајцарската Конфедерација, Кристоф Зомер.
Соговорниците ја оценија тридецениската соработка како пријателска и плодна, изразувајќи решеност и подготвеност за нејзино проширување и продлабочување.
Претседателката му се заблагодари на швајцарскиот амбасадор за континуираната поддршка на македонската евроинтеграција. Исто така, таа и оддаде признание на Швајцарија за бројните и вредни донации во областа на заштитата на младите и жените, животната средина, како и во зајакнувањето на инклузивноста и одговорноста.
За швајцарскиот амбасадор, стоилјадната македонска дијаспора е вреден и почитуван актер во швајцарското општество.
Мултилатералната соработка, особено врзана за кандидирањето на престижни позиции двајцата ја сметаат за корисна, конструктивна и успешна.

