Македонија
Георгиев:Оваа влада е нелегитимна
После вчера вечер, оваа Влада на Груевски и на ДПМНЕ можеби е легална, но таа веќе не е легитимна. И ние, во СДСМ, заедно со граѓаните, ќе ја третираме како таква, нелегитимна.
Ова денеска на прес конференција го изјави Гордан Георгиев од СДСМ, при тоа додавајќи дека „Груевски е најуплашениот човек во државата, а ВМРО ДПМНЕ партија која бега од сопствениот народ“.
„Три дена јавноста е сведок дека Груевски бегаше од изјави, па се криеше зад своите коалициони партнери, за да на крај со срамно соопштение доцна во ноќта конечно да признае дека не сака избори, дека бега од соочување со народот, дека се плаши од народот“, рече Георгиев.
Тој порача дека народот што учествувал на протестниот марш е најдобар доказ за незадоволството на граѓаните од актуелната власт.
„И покрај оваа неодговорна одлука на Груевски, СДСМ ја продолжува битката за предвремени избори. Ние нема да застанеме. Таа задача ја добивме од народот и во име на народот со сите демократски средства ќе се бориме да ја исполниме“, рече Георгиев.
Како прв чекор кон предвремени избори, Георгиев го најави изгласувањето на предлог измените на Изборниот законик, како и прочистување на избирачкиот список. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Во прекин сообраќајот на граничниот премин Евзони
Од 17:30 часот сообраќајот на граничниот премин Евзони (Богородица) е во прекин, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Македонија
Во наредните десет дена изменет сообраќаен режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта
СВР Охрид информира дека од денеска во наредните десет дена, на сила ќе бидат измените на сообраќајниот режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта, општина Дебрца.
„На овој патен потег, сообраќајот ќе се одвива наизменично по левата сообраќајна лента гледано во правец од Охрид кон Кичево поради што, апелираме до возачите, крајно внимателно и со прилагодена брзина да ги управуваат своите патнички и други моторни возила и во согласност со поставената хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација“, соопштуваат од СВР Охрид.
Македонија
СДСМ: „Тефтерчињата“ во судството од времето на Никола Груевски се вратија
„Го сменија јавниот обвинител за да постават обвинител под своја контрола. Сопруга на градоначалник од ДПМНЕ назначија за член на Судскиот совет, поставија партиски човек во Советот за јавни обвинители. ‘Тефтерчињата’ во судството од времето на Никола Груевски се вратија“, велат од СДСМ.
„Сите знаат, следува целосно погребување на правдата. Со неуставна Резолуција во Собранието ДПМНЕ-ЗНАМ ја гушат демократијата, слободата на говор и се обидува да ја замолчи опозицијата да не зборува за договорот мигранти за пари.
Дури и Катица Јанева ја пуштија од затвор. Три години порано ја пуштија надвор од затвор за 3 месеци да тера кампања. Copy-paste сценарија како методите на Никола Груевски и Вучиќ. Режим 2.0.
Затоа е потребен широк фронт за правда на сите слободоумни граѓани, опозициски партии, прогресивни сили, здруженија. Заедно ќе ја одбраниме демократијата, заедно ќе ја одбраниме Македонија!“, се наведува во соопштението на СДСМ.

