Свет
Ромни исвиркан на конвенцијата на Афроамериканците

Републиканскиот претседателски кандидат Мит Ромни во средата бил исвиркан на собир на Американците со африканско потекло коа рекол дека ќе ја укине реформата на здравствениот систем на актулениот американски претседател Барак Обама кој е воедно кандидат на демократите.
Пораката на републиканецот Мит Ромни не била добро прифатена меѓу присутните на годишниот собир на Националното здружение на заедницата на Американците со африканско потекло (NAACP). Неколку стотини од учесниците на собирот повремено пристојно ракоплескало во полупразната сала за танцување сѐ до оној момент кога Ромни дошол до делот од својот говор во кој најавил дека доколку биде избран на претседателските избори на 6-ти ноември годинава, ќе ја повлече и ќе ја замени програмата за здравствена нега, на актуелниот американски претседател Барак Обама, пренесува Reuters.
„Ќе ја елиминирам секоја скапа прорама којашто не е неопходна. Тоа ја вклучува и ткн Обамакер“, рекол Ромни, по што почнале свиркања. Според присутните, Ромни делувал вознемирено од таквата реакција.
Извици на негодување, исто така, републиканскиот кандидат за претседател на САД предизвикал кога рекол дека претседателот кој додаѓа од редовите на американските демократи ветил дека ќе создаде повеќе работни места, но „не сака и не може, а тоа го докажуваат неговите резултати во последните четири години“.
Гласно неодобрување повторно се слушнало, пренесува агенцијата, и кога Мит Ромни рекол „Доколку станам претседател, прва задача ќе ми биде создавање работни места, Немам скриени планови. Доколку сакате претседател кој ќе ја направи ситуацијата подобра за заедницата на Афроамериканците, гледате во него“./крај/ро/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
(Фото+видео) Масовен протест за Газа во Сиднеј: демонстрантите носеа тенџериња и тави како симболи на глад

Денеска во Сиднеј се одржа пропалестински протест, на кој учествуваа десетици илјади луѓе, повикувајќи на мир и доставување помош до воено разурнатиот Појас Газа, јавува Ројтерс.
Некои од учесниците на протестната прошетка, која организаторите ја нарекоа „Марш за хуманост“, носеа тенџериња и тави како симболи на глад. Според „9 News Australia“, бројот на демонстранти далеку ги надмина очекувањата на организаторите – дури 90.000 луѓе.
Avustralya’nın Sydney kentinde binlerce kişi İsrail’in Filistin’e yönelik saldırılarını protesto etmek için bir araya geldi.
— Haber HUN (@haberHUN) August 3, 2025
Меѓу учесниците на протестот беа постари лица и семејства со мали деца, како и основачот на Викиликс, Џулијан Асанж, а некои мавтаа со палестински знамиња и скандираа „сите сме Палестинци“.
Во Појасот Газа, во тек е војна меѓу Израел и палестинското милитантно движење Хамас, која започна во октомври 2023. Оттогаш, според палестински извори, повеќе од 60.000 луѓе се убиени во Газа, а хуманитарните организации велат дека недостигот од храна води до широко распространето гладување.
Свет
(Видео) „Ова не се случило 20 години“ – снег ја парализира Австралија, завеани градови, заглавени возила

Неколку градови во источна Австралија се покриени со најдебелиот слој снег што паднал во последните неколку децении. Државната служба за вонредни ситуации на Нов Јужен Велс соопшти дека за време на викендот се очекува да падне околу половина метар снег во одредени области.
Во делови од северозападниот регионот Нова Англија паднал најголемиот снег во последните 20 години, извести државната телевизија.
Весникот „Сиднеј Морнинг Хералд“ објави дека во едно подрачје во соседната држава Квинсленд паднал првиот снег по десет години, пренесува денеска Ројтерс.
– Никогаш во животот немам видено снег. Навистина е надреално искуство – изјавил еден жител на Квинсленд за локалната телевизија „7Њуз“.
Службата за вонредни ситуации соопшти дека реагирала на повеќе од 1.455 инциденти. Олуите оштетиле згради и издадени се неколку предупредувања за поплави. Според Abc.net.au, околу 200 возила се заглавени во длабок снег кој го затрупал северозападниот дел на Нова Англија во саботата. Службата на Нов Јужен Велс соопшти дека регионот никогаш досега не видел ваков длабок снег.
Десетици илјади потрошувачи останале без струја во текот на ноќта, а полицијата во Нов Јужен Велс – најнаселената австралиска држава – соопшти дека автомобил останал заглавен во поплавени води и дека исчезнала жена на дваесетина години, по која интензивно се трага.
Свет
(Фото+видео) Руски ракетен напад врз Николаев: повредени седум лица, уништени десетици домови

Во рускиот ракетен напад врз градот Николаев во јужна Украина синоќа, најмалку седум лица се повредени, а десетици куќи и објекти од цивилна инфраструктура се уништени или оштетени, изјави денес началникот на Николаевската регионална воена администрација Виталиј Ким.
Државната служба за вонредни ситуации на Николаевската област објави дека како резултат на рускиот ракетен напад се оштетени приватни куќи и цивилни домови, како и дека се спроведуваат итни спасувачки операции и се гаси пожарот на местото на ударот, пренесува „Униан“.
Ким во објава на Телеграм изјави дека три лица се хоспитализирани од полноќ.
Тој објави фотографии на кои се гледаат поединечни станбени згради кои биле речиси уништени, наведувајќи дека 23 приватни куќи, 12 станбени згради и пошта биле оштетени во рускиот напад, пренесува Ројтерс.
Украинските воздухопловни сили објавија на Телеграм дека Русија синоќа лансирала 76 дронови и седум ракети насочени кон Украина и дека биле погодени осум локации низ Украина.
😡 Strike on Mykolaiv: Homes destroyed, civilians injured
During yesterday’s shelling of Mykolaiv, 23 private houses, 12 apartment buildings, 6 cars, a post office, and a construction materials store were damaged, according to Mayor Oleksandr Sienkevych.
Seven people were… pic.twitter.com/FQ8NiwfBLe
— NEXTA (@nexta_tv) August 3, 2025
Се додава дека украинските единици за воздушна одбрана уништиле 60 руски беспилотни летала и една ракета.
Во регионите Запорожје и Херсон, на фронтовската линија, најмалку три лица се убиени, а повеќе од 12 се повредени како резултат на руските напади во текот на изминатите 24 часа, соопштија шефовите на регионалните воени администрации.
Русија, исто така, започна ракетен напад со краток дострел врз Киев, но нема извештаи за повредени или штети.