Македонија
Тачи на конвенција во Тетово го претстави претседателскиот кандидат и листите за пратеници
Дводомен парламент, официјална употреба на албанскиот јазик, пропорционална застапеност и правична распределба на буџетот се главните адути на лидерот на ДПА, Мендух Тачи, кој на конвенцијата на партијата која се одржа во неделата во Тетово на своите симпатизери им порача да му помогнат овој пат да ги реализира своите цели.
Конвенцијата се одржа во сала на Гимназијата „Кирил Пејчиновиќ” во Тетово каде пред присутните лидерот на ДПА, го претстави претседателскиот кандидат од редовите на партијата, Илјаз Халими, како и листите за пратеници во пет изборни единици и нивните носители.
Носител на листата на ДПА во првата Изборна единица е Беким Фазлиу, во втората Орхан Ибраими, Хабиб Максути во третата, носител на листата во петтата Изборна единица од редовите на ДПА е Зија Јонузи и во шестата Изборна единица носител на листата е Мендух Тачи, како и двајца кандидати од дијаспората, Шпенд Саити за Европа и Ферки Бекташи од Америка.
Тачи од присутните во салата ја побара поддршката и за претседателските и за предвремените парламентарни избори.
„Гласајте за нас бидејќи го заслужуваме мандатот и исполнете ми го сонот Илјаз Халими да добие 300 илјади гласови. Состојбата е тешка и затоа ни треба вашиот максимален ангажман ДПА да биде дел од Владата и за 18 месеци да се реши проблемот со евроатланските интеграции”, истакна Тачи.
За време на конвенцијата Тачи се осврна и на своите политички ривали од албанскиот блок, ДУИ, за кои како што како што истакна не дале ниту еден цент за Албанците.
„ДУИ извршија кражба со Цар Душан, со Бурманли џамија која стана канцеларија на српски офицери. Не дадоа ниту еден цент за Албанците, а оние кои учествуваа во конфликтот во 2001 година ги уапсија и ги убија како што е случајот со Харун Алиу. Минатата година за локалните избори СДСМ и ВМРО – ДПМНЕ заедно им помогнаа на ДУИ да не победат во Тетово, а сега тие треба да им овозможат цензус за претседателските избори и за Иванов”, истакна Тачи.
На присутните во салата им се обрати и кандидатот за претседател Илјаз Халими.
„Поддршката на мојата кандидатура зависи од вашите гласови. Мојата цел е Албанците да ги направиме одлучувачки во државата. Овој момент треба да се искористи. Ве повикувам да ги обединиме гласовите, како што тоа го направивме за локалните избори во Кичево и Струга. Настојувавме да бидеме обединети, да дејствуваме заедно со ДУИ, но од таму како да возвраќаа со `глуво уво`”, нагласи Халими./крај/мф/ап
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Денеска температурата до 13 степени, викендов променливо облачно и постудено
Сончево со мала до умерена облачност. По одделни котлини во утринските часови ќе има услови за појава на магла. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 1, а максималната ќе достигне од 6 до 13 степени.
Во Скопје, сончево и тивко со мала до умерена облачност. Минималната температура ќе се спушти до -4, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Времето во наредните денови
Во деновите од викендот ќе преовладува променливо облачно и постудено време со локални слаби врнежи од дожд и снег во пониските и снег на повисоките места и на планините. Дневната температура ќе има тенденција на опаѓање. Потоа до средината на следната седмица времето ќе биде стабилно и суво
Македонија
Без струја делови од Аеродром, Илинден и Гази Баба
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
· во периодот од 08.30 до 15.00 часот, корисниците од ул.1 Црешево и ул.1 Виниче, општина Гази Баба;
· во периодот од 09.30 до 12.00 часот, корисниците на технолошка индустриска развојна зона, м.в.Птицоводна станица (само магацинот објект на Нептун), општина Илинден;
· во периодот од 11.00 до 13.00 часот, дел од корисниците на бул.Кузман Ј.Питу бр.28 и 30., општина Аеродром.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведувзње на водоводен уличен дефект Ф200мм. на улица Димитар Чуповски 27 (позади гимназијата Јосип Брос Тито), со прекинато водоснабдување ќе бидат дел од корисниците на улицата Димитрие Чуповски и Мито Хаџивасилев Јасмин.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување на работните активности.

