Македонија
Груевски: Членство во ЕУ и НАТО, но не по цена на идентитетот

Македонија е подготвена за разговори за надминување на спорот со името со Грција, но решението не треба да биде на штета на македонскиот идентитет и државност.
Македонија е подготвена за разговори за надминување на спорот со името со Грција, но решението не треба да биде на штета на македонскиот идентитет и државност.
Ова премиерот Никола Груевски го порачува во интервју за германскиот весник „Ди Велт“. Посочува дека членството во НАТО и ЕУ е од национален интерес и земјата прави се тоа да се реализира.
„Нашиот влез во НАТО и ЕУ предолго се одолговлекува поради спорот со името. Тоа за нашето стопанство е од витално значење, како и за мирот во Западен Балкан. Но, тука се работи за нашиот идентитет. Грција ни го оспорува правото да се викаме како што тоа е за нас правилно и неопходно: Македонија. Меѓународниот суд на правдата е на наша страна, кој во една долга и детална постапка за период од повеќе од 10 години, дојде до заклучок дека ние можеме да пристапиме во сите меѓународни институции под нашето име, кое што го избравме по распадот на поранешна Југославија, а кое е во согласност со нашата историја, вели премиерот Груевски.
Смета дека нема промена на состојбата во однос на спорот по доаѓањето на Лукас Пападимос на чело на грчката влада.
„За жал, на прашањето морам да одговорам со не. Новиот грчки премиер јасно повтори дека решавањето на прашањето со името не е во неговата агенда. Тој најверојатно има доволно други проблеми. Ништо не се придвижува. Но, ние се надеваме и остануваме на тоа“, вели Груевски.
Посочува дека спорот со името, пак, не преставува пречка за економските односи со Грција.
„Забележуваме се повеќе грчки фирми покажуваат интерес за инвестирање на нашата страна од границата. Тоа се базира на ниските плати, но пред се, бидејќи кај нас не постојат бирократски бариери, кои што секогаш постоеле кај нашиот јужен сосед и го кочат индустрискиот развој“, вели Груевски во интервјуто за германскиот весник. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Гори кај Прилеп, Македонски Брод, Чашка и Велес – пресек на состојбата со пожарите

На територијата на државата се евидентирани вкупно осум пожари на отворен простор, од кои активни се четири, соопшти Центарот за управување со кризи.
Во Општина Прилеп, гори кај селото Бешиште. Се работи за приземен пожар во квалитетна мешана шума. Активен е пожарот и кај Општина Македонски Брод, с. Црешнево, м.в. Церо Поле – пожар во деградирана дабова шума и грмушки. Во Општина Чашка беснее шумски пожар под Солунска Глава, помеѓу местата викани Изворите на Бабуна и Бабина Дупка (моментално нема активен пламен, само чад на карпест дел). Во Општина Велес пожарот избувна во ниска вегетација.
Изгаснати се 4 пожари: Општина Врапчиште, с. Врањовци – ниска вегетација, ѓубриште; Општина Липково, с. Лојане – ниска вегетација и стрниште; Општина Карбинци, с. Радање – блок (површина) посеана со жито и ниска вегетација и ОпштинаАрачиново, с. Орланци – ниска вегетација и отпаден материјал.
Македонија
(Видео) Според СДСМ, надворешната политика доживува дебакл

Андреј Жерновски од СДСМ, на денешната прес-конференција ја оцени надворешната политика на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ како дебакл без ниту еден успех.
Жерновски изјави дека, по една година владеење, Македонија се соочува со „сериозно влошена меѓународна позиција“, без напредок на европскиот пат, без нови инвестиции и со зголемена царина од страна на САД. Според него, министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски не остварил ниту еден договор или резултат на дипломатски план.
СДСМ ја критикува и состојбата со дипломатската мрежа, која, како што рече Жерновски, е „разурната, партизирана и нефункционална“, а Македонија се наоѓа „на периферијата на демократскиот свет“.
Како посебно загрижувачка точка беше истакната и заканата, како што наведуваат од СДСМ, за можно бришење на македонскиот јазик од Извештајот на Европскиот парламент, што партијата го поврзува со актуелната надворешна политика на МНР.
Жерновски рече дека за време на владеењето на СДСМ бил обезбеден македонскиот јазик во официјални документи на ЕУ, вклучително и договорот со ФРОНТЕКС, без фусноти и дополнителни објаснувања.
„Тој успех денес е доведен во прашање поради вазалската политика на Муцунски и неговиот шеф Мицкоски“, рече Жерновски.
На крајот, порача дека СДСМ ќе продолжи да се бори за враќање на Македонија на патот на меѓународни успеси, европска иднина и заштитен идентитет и јазик.
Македонија
(Видео) Со див приклучок на водоводната мрежа полевал илјадници метри земјиште – Град Скопје поднесе кривична

Град Скопје информира дека денеска е откриен нов див приклучок на мрежата за питка вода на подрачјето на општина Сарај, при што сторителот незаконски се приклучил за да наводнува неколку илјади метри квадратни пластеници. За случајот е изготвена и поднесена кривична пријава.
Ваквите појави сериозно го нарушуваат водоснабдувањето во градот, особено во урбаните и руралните средини кои секојдневно се соочуваат со намален притисок и недостиг на вода. Покрај директната штета врз системот, сторителот избегнувал и плаќање за потрошена вода во висина од илјадници евра, нанесувајќи штета на Јавното претпријатие „Водовод и канализација – Скопје“, соопшти Град Скопје.
Согласно системот за мониторинг и мерење на дневната потрошувачка, во јуни е забележана енормна потрошувачка на вода, која на одредени денови достигнала рекордни 356.000 м³. Тоа претставува околу 700 литри вода дневно по жител. Високата потрошувачка најчесто се должи на нерационално користење на вода – за наводнување, перење возила и полнење базени – дел од тоа и преку нелегални приклучоци.
Град Скопје апелира до надлежните институции, вклучително и МВР и Јавното обвинителство, активно да се вклучат во процесот на справување со дивите приклучоци и заштита на системот за водоснабдување. Се додава и дека неказнивоста води кон безредие, а граѓаните заслужуваат безбеден, редовен и правичен пристап до вода.