Контакт

Македонија

Намален учинокот на автобускиот превоз

Објавено пред

Бројот на превезени патници со автобуски превоз во 2009 година е зголемен за 14, 4 проценти во однос на претходната, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

dobivaj vesti na viber

Бројот на превезени патници со автобуски превоз во 2009 година е зголемен за 14, 4 проценти  во однос на претходната, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Тоа е резултат на зголемениот број на патници во внатрешниот сообраќај  за разлика од меѓународниот патнички превоз каде е забележано намалување на обемот за 20, 4 отсто.

Од друга страна пак, исто така според податоци на државниот завод за статистика,   транспортниот учинок,  односно остварената патна километража бележи намалување за 2,1 отсто.

И податоците за првото тромесечје од 2010 година покажуваат пораст во националниот сообраќај од 4 отсто, додека меѓународниот превоз и понатаму бележи опаѓање од 14, 6 отсто.

Митко Митевски од Стопанска комора на Македонија на денешната прес конференција рече дека автобускиот превоз на патници во последните 15 години ги доживува најголемите рецесивни проблеми, а во овој период се најизразени.

„Причини за тоа се намалениот стандард на населението, ослабена економска моќ и неусогласеност со регулативите на Европската унија (ЕУ) , изјави Митевски.

Мицевски смета дека структурните промени, рецесивните движења, доскорешните меѓународни визни бариери се едни од причините што доведоа до поголема уситнетост на некогашниот крупен транспортен капитал.

Според последните податоци просечната старост на автобусите е 15 години, а вкупниот број на автобуси за меѓународен и меѓуопштински сообраќај е 750.

Како најголеми проблеми со кои се соочува автобускиот превоз, Митевски ги наведува нелојалната конкуренција со дивите превозници и високите цени за зелените картони за меѓународниот сообраќај  кои важат за највисоки во Европа.

,,Проблемот со дивите – комби превозници во голем сегмент е нерешлив, бидејќи се јавува во различни форми. Може да се каже дека и самите корисници на услугите придонесуваат инспекторите да не можат да си ја завршат работата, да ги најдат и да ги казнат тие превозници“, изјави Мицевски./крај/кс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Општина Центар со помош од еден милион денари за повредените и за семејствата на загинатите во Кочани

Објавено пред

Од

На предлог на градоначалникот Горан Герасимовски, Советот на Општина Центар на денешната седница донесе едногласна одлука за доделување финансиска помош во износ од 1.000.000 денари за рехабилитација на повредените и поддршка на семејствата што ги загубија своите најблиски во трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

dobivaj vesti na viber

„Кога е најтешко, да си подадеме рака, да се поддржиме, да покажеме дека хуманоста и солидарноста се најголемата сила што ја имаме. Нашите мисли се со семејствата кои тагуваат и со сите повредени што се во процес на закрепнување. Им посакувам да останат храбри и да не се предаваат, нека знаат дека не се сами”, рече градоначалникот Герасимовски.

Прикажи повеќе...

Македонија

Јаневска: Во изминатите седум години имаме 17.000 ученици и 7.000 студенти помалку, се празнат училниците

Објавено пред

Од

Во седум изминати години имаме 17.000 ученици и 7.000 студенти помалку. Училниците и амфитеатрите се празнат. Ако тоа не се спречи, државата не може да гледа перспективна иднина, изјави министерката за образование и наука, Весна Јаневска, на денешната конференција со наслов „Демографски предизвици и можни решенија“.

dobivaj vesti na viber

„Образованието и науката не смеат да бидат фактор за иселување. Мора да бидат сфери кои ќе им овозможат на младите квалитетен процес за лична наобразба, но и сфери каде тие ќе остваруваат работен ангажман, во образовните и во научните установи“, рече Јаневска, додавајќи дека за повеќе образовни и научни можности, буџетот на министерството оваа година е најголем досега.

„Го јакнеме ученичкиот и студентскиот стандард. Воведовме мерки и финансиска поддршка која во минатото не постоеше, особено за талентираните деца да можат да учествуваат на големи натпреварувања. Го зголемивме обемот на стипендиите, проширивме опфат на повеќе ученички и студентски права. Го усогласуваме образованието со потребите на пазарот на труд, за да можат младите во кратко време да најдат работа и економски да се осамостојат“, рече министерката, додавајќи дека во фаза на изработка е нов Закон за високо образование кој ќе предвиди можност за вработување на најдобрите студенти од секоја генерација на државните универзитети.

Информираше дека двојно е зголемена поддршката за науката и за научно – истражувачки проекти кои се во корелација со целите на Стратегијата за паметна специјализација, потенцирајќи дека младите научници веќе ги знаат и областите во кои има повеќе можности за просперитет и за придонес кон развој на државата.

Прикажи повеќе...

Македонија

Предлогот на Мицкоски за даночење на самците кореспондира со идеите од авторитарни режими, реагира Мрежата за заштита од дискриминација

Објавено пред

Од

За време на настанот „Демографски трендови, предизвици и можни решенија – Развој на стратешки документи за демографска отпорност“, претседателот на Владата, Христијан Мицковски, изјави дека се разгледува можноста за воведување дополнителни даноци за неженети и за немажени лица. Според Мрежата за заштита од дискриминација, таквата изјава е длабоко загрижувачка и претставува закана за основните човекови права и за принципите на еднаквост и слобода.

dobivaj vesti na viber

Мрежата оценува дека ваквата најава, односно идна мерка, не само што би била ретроградна, туку е и дискриминаторска бидејќи ги крши човековите права, односно правото на избор, правото на приватен и семеен живот и правото на планирање семејство, животен стил, семејна состојба и иднина, го стигматизира секој што не живее во брачна заедница – било од избор, било од околности, ги удира младите, самохраните родители, ЛГБТИ+ лицата и оние што се социјално и економски ранливи и не придонесува кон развој на општеството, туку отвора врата за нови поделби, стигма и нееднаквост.

„Потсетуваме дека со член 25 од Уставот на секој граѓанин му се гарантира почитување и заштита на приватноста на неговиот личен и семеен живот, на достоинството и угледот. Дополнително, вонбрачната заедница е регулирана и заштитена со Уставот на Република Северна Македонија“, велат од таму.

Според Мрежата за заштита од дискриминација, ваквиот предлог јасно кореспондира со идеите што доаѓаат од авторитарни режими, кои преку ретроградните наративи имаат цел насилно зголемување на наталитетот.

„Наместо казнување на личните избори преку даночен систем, потребни се политики што ги поддржуваат младите семејства, достапни градинки, сигурно вработување, родова еднаквост и слободен избор на партнерство и родителство. Животниот стил не е основа за даночење. Во демократска и современа држава бракот треба да биде слободен избор, а не даночна обврска“, велат од Мрежата.

Од таму ја повикуваат Владата како орган што е овластен предлагач на закони и политики да се воздржи од иницијативи што поттикнуваат дискриминација, а институциите да застанат во одбрана на правата на сите граѓани, без разлика на нивниот брачен статус.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија23 минути

Јаневска: Во изминатите седум години имаме 17.000 ученици и 7.000 студенти помалку, се празнат училниците

Во седум изминати години имаме 17.000 ученици и 7.000 студенти помалку. Училниците и амфитеатрите се празнат. Ако тоа не се...

Македонија53 минути

Предлогот на Мицкоски за даночење на самците кореспондира со идеите од авторитарни режими, реагира Мрежата за заштита од дискриминација

За време на настанот „Демографски трендови, предизвици и можни решенија – Развој на стратешки документи за демографска отпорност“, претседателот на...

Топ2 часа

Драма во Шуто Оризари – насилници со палки, боксови и со клоци претепале вработен во „Водовод“

Тројца насилници со железни и дрвени палки, клоци и боксови претепале вработен во „Водовод“ пред пунктот на претпријатието во Шуто...

Македонија4 часа

Поднесено обвинение против директорот на болницата за геријатрија за примање поткуп од 20.000 евра

Обвинителството поднесе обвинение против директорот на ЈЗУ Специјализирана болница за геријатриска и палијативна медицина во Скопје, Мухсин Арифи, и уште за...

Македонија4 часа

Владата размислува да ги даночи немажените и неженетите, рече Мицкоски

Владата размислува за дополнителни даноци за немажени и за неженети, соопшти премиерот Христијан Мицкоски говорејќи дека е време за држава во...

Македонија5 часа

Од денеска до вторник топлотен бран во Македонија, се активираат препораките за заштита на населението

Министерството за здравство ја информира јавноста дека во согласност со прогнозите од УХМР и врз основа на акцискиот план за...

Топ5 часа

Уапсен 42-годишник од Радовишко, силувал 77-годишна жена

На втори јули, во 17 часот полициски службеници од СВР Струмица- ОВР Радовиш го лишиле од слобода 42-годишниот А.С. од...

Топ6 часа

39-годишен Македонец е загинатиот во несреќата во Србија

Во сообраќајна несреќа што се случи рано утрово на автопатот Нови Сад – Суботица загина македонски државјанин, додека друг се...

Македонија7 часа

Најголем интересот за студии по медицина и социјална заштита, порасна бројот на запишани студенти за една година

Во академската 2024/2025 година се запишале 53.535 студенти, што претставува зголемување од 2,3 процента во однос на претходната година. Според...

Регион7 часа

(Видео) Студенти уапсени на ливада пред Факултетот за драмски уметности во Белград

Белград, Нови Сад и Ниш денес ќе бидат целосно блокирани, најавија студентите на големите собири синоќа. Žandarmerija u Cvijićevoj. pic.twitter.com/IEpLk4p9d8...

Свет8 часа

(Видео) Трамп: Не постигнав никаков напредок во разговорот со Путин

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера им изјави на новинарите дека не постигнал никаков напредок во врска со завршувањето на војната...

Европа9 часа

(Видео) Брутален руски напад врз Киев по разговорите Путин – Трамп

Руските сили започнаа повеќечасовен ракетен и беспилотен напад врз украинскиот главен град Киев во текот на ноќта, насочен кон станбени...

Регион9 часа

(Видео) Студентите: Тотална блокада на Србија наутро; Вучиќ: Ве молам, вразумете се

Белград, Нови Сад и Ниш денес ќе бидат целосно блокирани. Студентите го најавија ова на големите собири синоќа. Тие најавија...

Македонија10 часа

Приближно половина час се чека на Богородица и на Табановце

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, извести АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од...

Македонија10 часа

Сончево и многу топло, температурата денеска до 40 степени

Времето денеска ќе биде претежно сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе...

Топ21 час

Уапсен мотоциклистот кој усмрти пешак на кејот во Скопје

Полицијата го уапси мотоциклистот кој завчера усмрти пешак на кејот во Скопје, на пешачка патека во близина на Паркот на...

Македонија22 часа

(Видео) Платата на пилотите во ДЗС покачена за 100 отсто како дополнителен мотив, кажа Ангелов

Платата на десетте вработени во Одделението за специјализирани воздухоплови во ДЗС им е покачена за 100% и им е даден...

Македонија22 часа

(Видео) Јакимовски: Унапредувањето на судијката Димовска е награда за мојата затворска казна

Начинот на кој е избрана судијката Даниела Димовска за вд претседател на Основниот кривичен суд Скопје ми дава за право...

Македонија23 часа

Можно е Костадинов да се кандидира за градоначалник на Струмица како независен кандидат

Актуелниот градоначалник на Струмица, Костадин Костадинов, ја отвори можноста да се кандидира како независен кандидат за нов мандат, oткако СДСМ...

Македонија1 ден

Ковачев: За темите за идентитетот и за јазикот нема место во извештајот, се отвора Пандорината кутија

Трите најголеми политички групи во Европскиот парламент го поддржаа предлогот да се отстранат термините „македонски идентитет“ и „македонски јазик“ од...