Свет
Обама: Барам некого да натепам
Затката на изворот во Мексиканскиот залив на ден собира меѓу една третирна и три четвртини од нафтата, но истовремено се јавува страхувањето бидејќи големата нафтена дамка се разби на многу помали кои ќе бидат тешко да се контролираат а последиците ќе се чувствуваат со години
Првиот човек кој е одговорен да се носи со големото еколошко загадување откако експлодираше и потона нафтената платформа Deepwater Horizon на Бритиш петролеум во Мексиканскиот залив на 20-ти април при што загинаа 11 работници по што нафтата почна неконтролирано да истекува загрозувајќи го еко системот во заливот и јужните брегови на САД, е адмиралот Тед Ален командант на американскта Крајбрежна стража. Тој смета дека раслојувањето на дамката може да претставува нов проблем. Дамката од површината може да се исчисти во рок од неколку месеци, но долгорочните проблеми ќе останат со години, вели Ален.Куполата којашто беше поставена над изворот на морското дно минатата седмица собира околу 2,3 до 4,8 милиони литри нафта дневно, пресметуваат во Крајбрежната стража. Бритиш петролеум, пак, во понеделникот наведе дека во текот на тој ден се собрани 1,4 милиони литри. Со затворањето на што поголем број вентили, се собира се поголемо количество нафта. Засега инженерите на компанијата се обидуваат да го избегнат формирањето кристали што беше причина за прекинувањето на сличниот обид пред еден месец кога беше ставено четирислојното ѕвоно тешко 100 тони.Сега се дизајнира нова купола којашто треба да биде малку поголема од оваа што е псотавена во моментот, но која подобро „ќе легне“ на цевката и така ќе може да собира повеќе нафта. Таа ќе биде дизајнирана и да биде отпорна на урагани, имајќи предвид дека нивната сезона започна на 1-ви јуни. Во САД повеќето од стручњаците се задоволни со овој напредок, но и натаму се чувствува голема претпазливост особено кога станува збор за изнесувањето бројки или, пак, процени. Американскиот претседател Барак Обама кој беше критикуван дека слабо одговорил на еколошката криза, во последно време дава се поостри изјави во однос со катастрофата. Дури во едно интервју рече дека разговара само со рибарите и обичните луѓе. „Тие можеби ги имаат најдобрите одговори, и затоа разговара со нив, за да знам кого да натепам.“ Ден претходно, Обама изјави дека изворот ќе биде затворен.„Изворот ќе биде затворен. Може ќе биде потребно малку време, но секако ќе биде потребно многу труд. Брегот на Мексиканскиот залив ќе претпрпе штети, аќе има и економски штети за кои мора да се обезбедиме да ги покрие БП“, рече американскиот претседател во едно од неговите претходни интервјуаа во врска со кризата во Мексиканскиот залив. Меѓутоа, во вторник адмиралот Ален повторно предупредува на опасноста од тоа дамката да се раситни на помали. „Заради се што се случи во последните неколку седмици, дамката се дезинтергрираше. Веќе не станува збор за голема компактна дамка. зборуваме за стотини или можеби илајднии помали дамки кои се движат во различни насоки“, изјавил адмиралот додавајќи дека тоа претставува и јавување на нови проблеми.Нафатат којашто на некои места е црвена а на некои има кафена боја, веќе допре до бреговите на сојузните држави Луизијана, Мисисипи, Алабама и Флорида. Најмногу смртоносно таа влијаеше врз рибите, влекачите и птиците кои нуркаат да најдат нафта. На бреговите се стотици еколози кои им помагаат на птиците чии перја се маслосани со нафтаТрошоците н ачситењето на нафтата веќе надминаат 1,25 милијарди долари, соопшти во понеделникто Бритиш петролеум. Конечниот износ засега никој не може да го предвиди, Може да се случи, британската компанија на крајот да претрпе загуба од десетици милијарди долари, бидејќи САД бездруго ќе бараат голема компанзација за најголемата еколошка и нафтена катастропфа во нивната историја,а компанијата ќе се соочи и со илјадници приватни тужби.Американските медиуми потсетуваат на катастрофата која во 1989 г. беше предизвикана со потонувањето на танкерот на Exxon „Валдез“ крај брегот на Аласка. Тоа досега беше најголемото излевање на нафта од 11 милиони галони, но се претпоставува дека истата големина може да ја достигне и хаваријата во Мексиканскиот залив. Имено се предвидува дека само брегот може да го загадат околу 4,5 милиони галони нафта, со што Deepwater Horizon ќе биде една од најголемите светски еколошки катастрофи. Еxxon до денес има исплатено 4,3 милијарди долари отштети и за чистење на регионот од излеаната нафта.ќе.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Трамп повторно го тужи Харвард
Администрацијата на Трамп денес поднесе нова тужба против Универзитетот Харвард, обвинувајќи го дека не се придржувал до федералната истрага и барајќи документи поврзани со неговите практики за прием на студенти.
Во тужбата поднесена во федералниот суд во Бостон, адвокатите на Министерството за правда на САД изјавија дека бараните документи ќе помогнат да се процени дали Харвард се придржува до пресудата на Врховниот суд на САД од 2023 година, со која програмите за прием на колеџи базирани на раса се прогласени за неуставни.
Министерството за правда соопшти дека ја поднело тужбата „единствено за да го принуди Харвард да достави документи поврзани со какво било разгледување на расата при приемот“ и „не го обвинува Харвард за какво било дискриминаторско однесување, ниту бара парична отштета или укинување на федералното финансирање“.
Трамп, претходно овој месец изјави дека неговата администрација бара 1 милијарда долари од Харвард за решавање на истрагите за политиките на универзитетот, откако новинските извештаи објавија дека Трамп се откажал од барањето за исплата од престижниот универзитет.
Харвард е во фокусот на широката кампања на администрацијата за користење на федерално финансирање за да се поттикнат промени на американските универзитети, за кои Трамп вели дека се погодени од антисемитски и „радикално левичарски“ идеологии.
Администрацијата откажа стотици грантови доделени на истражувачи од Харвард врз основа на тоа што универзитетот не направил доволно за да го спречи вознемирувањето на еврејските студенти на својот кампус, што го натера Харвард да поднесе тужба.
фото/Depositphotos
Свет
„Што е спротивно на поредокот заснован на правила? Тиранија и војна“ – Калас остро на панел дискусија
Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Каја Калас, изјави на една панел-дискусија дека на меѓународниот поредок му недостига одговорност за прекршувањето на правилата.
„Сите се повикуваат на Повелбата на Обединетите нации. Начелата постојат. Но што се случува кога некој ќе ги прекрши? Очигледно е дека одговорноста не функционира“, рече Калас.
Таа смета дека Советот за безбедност не работи според замислата и дека Обединетите нации „не го одразуваат светот каков што е денес“.
„Повеќето држави во светот сакаат поредок заснован на правила, сакаат правила што ќе го регулираат начинот на кој комуницираме и соработуваме едни со други“, додаде Калас.
Истакна дека големите меѓународни кризи низ историјата го поттикнувале развојот на меѓународното право и дека сегашната криза е можност „овој свет да се развие“.
Коментирајќи го говорот на германскиот канцелар Фридрих Мерц, кој изјави дека „стариот светски поредок исчезна“, Калас заклучи:
„Која е спротивноста на светски поредок заснован на правила? Тоа се тиранија и војни. А очигледно таму се наоѓаме сега.“
Свет
Гувернерот на Калифорнија: Трамп е привремен, ќе замине за три години
Гувернерот на Калифорнија, Гевин Њусом, жестоко го критикуваше Доналд Трамп, нарекувајќи го „најразорниот претседател“ во историјата на САД и обвинувајќи го дека „сѐ подлабоко тоне во глупост“.
„Никогаш во историјата на САД немало поразорен претседател од сегашниот жител на Белата куќа“, рече Њусом.
Тој смета дека Трамп „се обидува да нѐ врати во 19 век“, додека, како што истакна, Калифорнија успешно покажува дека може да спроведува политики, да се натпреварува и да доминира.
„Ако денес не запомните ништо друго, запомнете го ова: Доналд Трамп е привремен. Ќе замине за три години“, рече Њусом.
Коментирајќи ја климатската криза, тој нагласи дека таа директно ги погодува Американците: „Луѓето горат, се гушат и се варат од горештини; истовремено имаме суши и поплави, како и историски шумски пожари.“
Тој додаде дека во Калифорнија ова прашање одамна ги надминало партиските поделби:
„Калифорнија е голема сина држава, но тука живеат повеќе републиканци отколку во многу републикански држави. Ние одамна сме над партиските поделби, бидејќи нема републикански или демократски термометар. Постојат само реални температури.“
Инаку, Њусом се споменува како можен кандидат на демократите за претседателските избори во 2028 година.

