Македонија
Пчеларите бараат помош од владата

Преземање на неколку мерки за подобрување на состојбите во пчеларството побара од Владата во петокот Федерацијата на фармери на Република Македонија (ФФРМ)
Преземање на неколку мерки за подобрување на состојбите во пчеларството побара од Владата во петокот Федерацијата на фармери на Република Македонија (ФФРМ)
Пчеларите бараат Владата да ја зголеми финансиската поддршка за 2010 год. и таа да изнесува 1.500 ден по пчелно семејство.
Воедно се бара донесување закон за пчеларство и подзаконски акт за регистрација на пчелните семејства.
„Да се покрене иницијатива за пошумување со медоносни повеќегодишни растенија (багрем, еводија, сафора, калреутерија, лаванда и аморфа, како и започнување на кампања со цел да се престане да се третираат овоштарници со инсектициди во време на цветање“, се вели во апелот
Според ФФРМ голем недостаток во пчеларството е немање на точна бројна состојба на пчелните семејства во нашата земја, со кој број многу се манипулира поради непостоење на регистар на пчелни семејства, а без таа евиденција е невозможно креирање на развојна политика во пчеларството.
Пчеларството во светот е гранка на која и се посветува огромно внимание, не затоа што се произведуваат огромни количини мед, туку затоа што пчеларството е клучен фактор за обезбедување рентабилност во овоштарството, градинарството, производството на индустриски култури преку опрашувањето на ентомофилните земјоделски растенија од страна на пчелите, се вели во соопштението. /крај/со/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Муцунски од Блед: Нашата стабилност е европска стабилност, нашиот напредок е европски напредок

На покана на министерката за надворешни работи на Словенија, Тања Фајон, министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски утрово учествуваше и се обрати на работниот појадок со министрите за надворешни работи од Западен Балкан и специјалните пратеници за проширување на Европската Унија.
Во своето обраќање, Муцунски ја истакна клучната улога на регионалната стабилност и интеграцијата на Западен Балкан во ЕУ, оценувајќи дека сегашните глобални кризи уште повеќе ја зголемуваат потребата од европска кохезија.
„Во свет на војни, безбедносни закани и економски шокови, Европската Унија и Западен Балкан имаат потреба еден од друг повеќе од кога било досега. Нашата стабилност е европска стабилност. Нашиот напредок е европски напредок“, нагласи министерот во обраќањето.
Тој посочи дека Северна Македонија останува посветена на европскиот пат и активно работи на реформите и имплементацијата на Планот за раст на ЕУ, истовремено нагласувајќи дека процесот на проширување мора да биде заснован на заслуги и јасни критериуми.
„Проширувањето не смее да биде заложник на билатерални спорови или прашања на идентитет. Ако тоа се дозволи, се ризикува не само застој на една земја, туку и губење на кредибилитетот на целиот процес“, потенцираше министерот Муцунски.
Притоа, тој го нагласи значењето на регионалната соработка и ја поздрави улогата на специјалните пратеници на ЕУ, оценувајќи дека нивниот ангажман е клучен за одржување на вниманието кон регионот и поттикнување на практични решенија.
„Веруваме во дијалог, веруваме во компромис кога тој е фер и взаемен – и пред сè, веруваме во визијата за обединета, стабилна и просперитетна Европа со Западен Балкан во нејзиното јадро“, заклучи Муцунски.
Македонија
Без струја дел од Аеродром

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 14.00 часот, дел од корисниците од улиците Пандил Шишков, Вангел Тодоровски и Руди Чаевец, општина Аеродром.
Македонија
Дел од Карпош денеска без вода

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради дефект во шахта на улицата Шекспирова бб (во близина на Тинекс маркет), општина Карпош, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со санација на дефектот.