Регион
Во Турција приведен 21 полицаец во истрагата за прислушувањето
Турскиот сид нареди приведување на 21 полицаец во неделата во рамките на истрагата за неовластеното прислушување на политичари, владини функционери, цивилни службеници и деловни луѓе, објави приватната новинска агенција Dogan, којашто оценува дека станува збор за нов во серијата чекори на претседателот Реџеп Тајип Ердоган против неговиот поранешен сојузник а сега противник, влијателниот исламски клерик Фетулах Ѓулен кој живее во самонаметнат егзил во САД.
Според дневниот весник Hurriyet, апсењата биле спроведени во девет провинции под обвинување дека полициските офицери спроведувале нелегални прислушувања на високи функционери, а најмногу се извршени во Истанбул, како и во западната провинција Афјон и во црноморската Зонгулдак, и во Кершехир.
Осомничените се обвинети за прислушување на тогашниот премиер Ердоган, поранешниот директор на државната разузнавачка агенција MIT, Хакан Фидан и други високи личности.
Според резултатите од истрагата што ја спроведувал истанбулскиот Одддел за борба против тероризмот, приватните разговори биле снимени како дел од истражните активности во врска со организацијата Селам-Техвид, кои биле отфрлени како нерелевантни, пишува влијателниот дневен весник
Претседателот Реџеп Тајип Ердоган го обвинува Фетулах Ѓулен дека се обидува да воспостави „паралелна држава“ со којашто сака да го собори од власт. Ердгоан тврди дека Ѓулен преку своите приврзаници распоредени во полицијата и во правосудните органи кон крајот на 2013 година започнал кампања за дестабилизација на неговата влада конструирајќи корупциски афери.
Оваа кампања која започна со приведувања на синови на министри предизвика потреси во владата на владејачката Партија на развојот и правдата, проследени со оставки и смени на илјадници полициски функционери, судии и вработени во јавното обвинителство.
Во декември турскиот суд распиша налог за апсење за Ѓулен кој се товари дека води криминална организација. Минатата седмица нему му беше одземен турскиот пасош, а тој преку медиумите ги отфрли сите обвинувања./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Србија прогласи вонредна состојба поради снегот: Илјадници домаќинства без електрична енергија
Србија утрово се разбуди под снег и мраз, а поради лошите временски услови, вонредна состојба е во сила во дури 11 општини и градови. Најголеми проблеми се прекините на електричната енергија, поради што повеќе од 6.000 домаќинства останаа без струја, пишува Н1 Србија.
Илјадници домаќинства без струја
Милорад Спасојевиќ од Секторот за вонредни ситуации потврди за РТС дека најголемиот проблем е прекинот на електричната енергија. „Околу 6.450 потрошувачи се без струја. Најлошо е во златиборската, колубараската, моравичката и мачванската област“, рече Спасојевиќ.
Цела Србија се разбуди со температури во минус. Најстудено беше на Копаоник, каде што беа измерени -17 степени, додека најниските температури меѓу градовите беа забележани во Кикинда и Сјеница, со -10 степени.
Според податоците од Републичкиот хидрометеоролошки завод (РХМЗ) од 6:09 часот наутро, во Белград, Ниш и Крагуевац се измерени -5 степени, а во Нови Сад -8 степени. На Црни Врх, каде што е регистрирана и снежна бура, температурата била -13 степени, а на Златибор -11 степени. По многу студеното утро, се очекува температурата да се зголеми на некои места во текот на денот.
Поради опасни временски феномени, утрово е во сила портокалова временска тревога за Белград, Бачка, Банат, Срем, Западна Србија, и Југозападна Србија.
Регион
Во Загреб падна замрзнат дожд
Поради најавените ниски температури и замрзнат дожд, за кои Државниот хидрометеоролошки завод издаде портокалово предупредување, постои ризик од формирање мраз на тротоарите и други површини во Загреб, објави Градот Загреб, пренесува Индекс.хр.
Градот известува дека возилата на Зимската служба на Загребските патишта превентивно ги посолуваат патиштата во областа на Загреб.
Градот Загреб апелира до сите учесници во сообраќајот, возачи и пешаци, да ги прилагодат своите движења на тешките и потенцијално опасни временски услови. На возачите им се препорачува да избегнуваат непотребно патување, да возат побавно со поголем растојание помеѓу возилата, да избегнуваат нагло сопирање и забрзување и да користат зимска опрема и соодветни гуми. Посебна претпазливост е потребна на мостовите, надвозниците и кривините.
Пешаците се повикуваат да бидат дополнително внимателни, да се движат побавно, да носат соодветни обувки и да избегнуваат замрзнати површини секогаш кога е можно.
фото/депозитфотос
Регион
Поплави во Драч: евакуирани 180 лица, поплавени околу 800 домови
Министерот за одбрана на Албанија Пиро Венгу го свика Комитетот за цивилни вонредни ситуации за регионот Драч поради поплавите, каде состојбата е најкритична. Според него, поплавени се околу 800 домови, а 180 лица се евакуирани.
Венгу информира дека сите надлежни структури се на терен и дека состојбата континуирано се следи, додека опасноста сè уште не е помината. Институтот за геолошки науки предупреди дека и денеска се очекуваат интензивни врнежи од дожд, со можност за дополнително зголемување на поплавите.
Фото: илустрација (ЕПА)

