Економија
Берзата со промет од 32 милиони денари
Македонската берза за хартии од вредност денеска оствари промет од 32.140.717,72 денари.
Македонската берза за хартии од вредност денеска оствари промет од 32.140.717,72 денари. На официјалниот пазар прометот изнесуваше 26.416.764,72 денари, а беше реализиран преку 200 трансакции. Прометот на редовниот пазар изнесуваше 5.723.953,00 денари. МБИ10 оствари зголемување од 3,54% и го покачи нивото на 3.010,86 индексни поени. МБИД со зголемувањето од 2,24% ја зголеми вредноста на 2.654,81 индексни поени. ОМБ оствари пад од 0,23%, односно оствари вредност од 105,21 индексни поени.Како најтргувана хартија од вредност на официјалниот пазар се издвои државната обврзница за денационализација од осмата емисија со промет од 8.734.338,34 денари при истргувани 182.801 обврзници. Просечната цена изнесуваше 78,12% од номиналната вредност, а намалувањето изнесуваше 0,70%. Втора по промет од официјалниот пазар беше акцијата на Комерцијална Банка Скопје со промет од 5.751.696,00 денари. Просечната цена од 3.134,44 денари по акција значеше пораст од 2,61%. Истргувани беа 1.835 акции преку 39 трансакции. Минималната цена изнесуваше 3.050,00 денари, а максималната 3.200,00 денари.Алкалоид Скопје оствари промет од 4.101.869,00 денари. Просечната цена изнесуваше 5.159,58 денари, додека порастот на дневно ниво беше 2,74%. Истргувани беа вкупно 795 акции. На редовниот пазар најмногу се тргуваше со акцијата на СОКОМАК Битола со која беше остварен промет од 1.395.150,00 денари. Просечната цена од 19.650,00 денари значеше висок пораст од 7,03% на дневна основа. Истргувани беа 71 акци преку 3 трансакции.Со акцијата на Тутунска Банка Скопје се постигна промет од 1.203.240,00 денари. Просечната цена изнесуваше 4.592,52 денари, остварувајќи притоа пораст од 1,28%. Истргувани беа вкупно 262 акции преку 12 трансакции. Акцијата се тргуваше во распон од 4.500,00 денари до 4.644,00 денари. Пет најтргувани хартии од вредност 1. Р.Македонија – Денационализција 082. Комерцијална Банка Скопје3. Алкалоид Скопје 4. Топлификација Скопје5. Гранит Скопје Хартии од вредност со најголем пораст 1. ОХИС Скопје 20,91%2. РЖ Фаморд Скопје 17,07%3. Арцелормиттал (ХРМ) Скопје 8,73%4. Топлификација Скопје 8,19%5. Гранит Скопје 7,74% Хартии од вредност со најголем пад1. Слога – 2000 Кривогаштани 39,47%2. Статер Банка Куманово 20,00%3. Р.Македонија – Денационализација 08 0,70%4. Р.Македонија – Денационализација 07 0,24%
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

