Македонија
Институциите не смеат веќе да бараат фотокипии од лична карта

Мобилните и кабелските оператори, банките, институциите компаниите со кои се склучува договор за некаква услуга веќе нема да смеат да бараат фотокопија од лична карта при поднесување некои документи, барања, жалби, ниту да ја задржуваат при влез во некоја институција, зошто ќе бидат казнети.
Ова е предвидено во измените на Законот за личните карти, кој е влезен во собраниска процедура, а во кој се предвидени и ригорозни казни за прекршителите, пишува дневниот весник „Дневник“.
Ова се прави по барање на Дирекцијата за заштита на личните податоци чии инспекциски контроли утврдиле дека непотребно се собираат и се чуваат копии од лични карти, без законска основа.
Во измените, како што пишува весникот, се предвидени ригорозни казни за прекршителите на законот. Глобите се движат од 250 до 2.000 евра во денарска противвредност. Така, за задржувањето на личната карта глобата изнесува 1.000 евра, а се казнува и одговорното лице во фирми или службено лице во органите на државната власт со глоба од 350 евра, додека глобата за контролорот-физичко лице изнесува 250 евра.
Од Дирекцијата објаснуваат дека фотокопија од личната карта може да се задржи само во случаи утврдени со закон.
Тоа го дозволува Законот за домувањето при склучување договор за продажба на стари станови, потоа Законот за спречувањето перење пари и финансирање тероризам, заради следење на потеклото на парите, Законот за постапувањето со бесправно изградени објекти, при поднесување барање за утврдување правен статус за станбени згради, како и Законот за основањето на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој за баратели, односно корисници на финансиска поддршка./крај/дневник/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Мицкоски: Завршен првиот дел од санацијата на хидросистемот Ѓавато, кој повеќе од 4 години беше со пробиени цевки

Заврши првата фаза на санирање на хидросистемот Ѓавато. Бунарскиот дел е комплетно завршен, пуштена е водата и нема никаде протекување, објави премиерот, Христијан Мицкоски.
Тој додаде дека останува уште една интервенција на цевката за испуст и со тоа ќе бидат дуплирани количините вода кои ќе се влеваат во Дојранското езеро.
„Каква беше состојбата пред интервенцијата? Повеќе од четири години пробиени цевки на двата функционални бунари. Потрошени повеќе од половина милион евра за електрична енерија, а ефектот минимален или никаков. Два функционални од десет направени бунари. Негрижа и срам. Во втората фаза ќе обезбедиме најмалку уште две бунарски пумпи за зголемен капацитет и побрзо полнење на Дојранското езеро. Владата во втората фаза ќе го задолжи ФОД при ЕСМ (поранешно ЕЛЕМ) да ги репарира постојните потисни пумпи. Конечно во последната трета фаза ќе инсталираме сончеви панели со батерии за акумулирање на електричната енергија и сопствено производство на електрична енергија. Нема трошење милиони евра од буџетот за електрична енергија“, напиша Мицкоски.
Македонија
СДСМ ги објави имињата на уште 11 кандидати за градоначалници

Попладнево се одржа седница на Извршниот одбор на СДСМ. Членовите донесоа одлука со која е дадена согласност за кандидатури за градоначалници во уште 11 општини низ државата:
1. Бутел – Оливера Ливриниќ
2. Велес – Маја Хеско
3. Гевгелија – Миле Атанасов
4. Делчево – Дејан Глинџарски
5. Демир Капија – Лазар Петров
6. Конче – Благој Илиев
7. Кратово – Влатко Спировски
8. Кривогаштани – Игор Каравиловски
9. Македонски брод – Ивица Стојковски
10. Ранковце – Даниел Крстевски
11. Старо Нагоричане – Далибор Трајковски
„СДСМ јасно ја потврдува својата подготвеност да понуди силни, чесни, квалитетни и докажани кандидати за претстојните локални избори кои ќе работат во интерес на граѓаните и напредок на општините’“, соопштија од партијата.
Македонија
Гужва на границите: на Богородица и Табановце се чека по 40 минути

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен, поради летните одмори се бележи зголемена фрекфенција на возила, информира АМСМ.
На ГП Богородица времето на чекање за влез е околу 40 минути, на ГП Дојран времето на чекање за влез е околу 20 минути, на ГП Табановце времето на чекање за излез е околу 30 минути, додека пак на останатите граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Од денеска од 05:00 часот регионалниот пат Р-1106 Нова Брезница – Македонски Брод преку националниот парк Јасен ќе биде пуштен за сообраќај во термините од министерство за внатрешни работи. Се препорачува внимателно возење, почитување на сигнализацијата и прилагодување на брзината поради можни одрони на патот.