Македонија
Пешевски: Над три илјади лица ќе бидат вработени на неопределено време
Владата го усвои предлог-законот за трансформација во редовен работен однос, со што повеќе од три илјади кои се вработени во државните институции, по основ на волонтерски договори, договори за дело, авторски договори или друг вид на договори на определно работно време, ќе бидат вработени на неопределено време, соопшти во вторникот вицепремиерот за економски прашања, Владимир Пешевски.
Владата го усвои предлог-законот за трансформација во редовен работен однос, со што повеќе од три илјади кои се вработени во државните институции, по основ на волонтерски договори, договори за дело, авторски договори или друг вид на договори на определно работно време, ќе бидат вработени на неопределено време, соопшти во вторникот вицепремиерот за економски прашања, Владимир Пешевски.
„Денеска сакаме да информираме дека Владата на Република Македонија го усвои предлог законот за трансформација во редовен работен однос, со кој што закон се решава еден огромен предизвик кој го имаше една огромна, слободно можам да кажам неколку илјадна популација на граѓани и индиректно и предизвик за нивните семејства. Со Законот за трансформација во редовен работен однос се обезбедува решавање на статусот на неколку илјади лица кои се ангажирани по основ на волонтерски договори, договори за дело, авторски договори или друг вид на договор во органите на државната власт, установите од областа на културата, образованието, здравството, детската и социјалната заштита основани од Република Македонија и единиците на локална самоуправа, како и јавните претпријатија, заводите, фондовите и други правни лица чиј основач е Република Македонија“, изјави Пешевски.
Владата одлучи овие лица кои подолго време извршуваат значајни работи во институциите во кои се ангажирани да го остварат правото на редовен работен однос, и на ваков начин едновремено се зголемува нивната одговорност во извршувањето на работните обврски и задачи, а од друга страна се обезбедува и адекватно социјално осигурување (пензиско и здравствено) на овие лица и остварување на сите права од редовен работен однос, што се разбира ќе влијае позитивно и на продуктивноста, ефикасноста и ефективноста на трудот.
Со законот се предвидува сите лица кои биле ангажирани во работен однос кој не бил од траен карактер, односно не биле редовно вработени, а биле ангажирани во таков работен однос најмалку три месеца и тоа заклучно со 30.11.2014 година а и во моментов се активно ангажирани на работа во институциите, да можат да го остварат правото за засновање на редовен работен однос, односно работен однос на неопределено време.
Имплементацијата на овој закон ќе започне веднаш по изгласувањето на законот во Собранието и неговото стапување во сила. Со денот на стапување на сила на овој закон, институциите се должни во рок од 30 дена да склучат договори за редовен работен однос со ангажираните лица.
Приоритет во однос на динамиката за стапувањето на сила на договорите за редовен работен однос ќе имаат лицата кои се ангажирани во институцијата најдолг временски период, односно оние кои најдолго се ангажирани ќе бидат најпрво воведени во редовен работен однос, односно први ќе бидат редовно вработени./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
НБРМ: Годишен раст од 10,1 отсто на вкупните депозити и од 13,0 проценти на вкупната кредитна поддршка
Анализирано на годишно ниво, вкупните депозити се зголемени за 10,1%, во поголем дел поради растот на депозитите на секторот „домаќинства“, при раст и на депозитите на корпоративниот сектор, соопшти НБРМ.
На годишна основа, вкупните кредити се зголемени за 13,0%, како резултат на растот на кредитите кај двата сектора, со малку поизразен придонес на корпоративниот сектор.
Најновото соопштение за монетарните движења е достапно на: https://www.nbrm.mk/content/statistika/Soopstenija/%D0%9CD/2025/Soopstenie_za_pecat_monetarni_dvizenja_2025_dekemvri_mk.pdf
Економија
Мицкоски: Покрај новите проекти мораме да враќаме и долгови на претходната Влада, најголем дел од еврообврзницата, околу 700 милиони евра се за тоа
„Покрај тоа што ние градиме вакви објекти, градинки, училишта, сали, автопати, железници, ние ги враќаме и долговите на претходната Влада. Минатата година во јануари месец вративме 500 милиони евра еврообврзница која ја земала претходната Влада, a со дел од овие пари, 700 милиони евра, ќе вратиме друга еврообврзница која претходната влада ја земала пред 4 години“, рече претседателот на Владата Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање за новата еврообврзница во текот на неговата денешна посета на дограденото основно училиште „Блаже Конески“ во Аеродром.
„Ако се работи посветено, чесно, нема идеални услови се разбира, но покрај тоа што треба да се испорачаат проектите и да се изреализираат, треба да се вратат и долговите и на претходната Влада. Јас уште на крајот на минатата година кажав дека ќе биде тешка година, но план имаме и средствата се обезбедени“, дополни премиерот Мицкоски.
Тој посочи дека врвни светски компании се дел од заемодавателите на оваа еврообврзница кои што никогаш досега не се појавиле на Балканот. Исто така повтори дека најголем дел од таа обврзница, околу 700 милиони евра ќе бидат насочени кон враќање на стари долгови.
Економија
Мицкоски: Речиси 225 милиони евра веќе се пренесени преку Развојната банка на домашните компании, а целосна реализација се очекува во првиот квартал годинава
Претседателот на Владата Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање за тоа како ќе се искористат преостанатите 250 милиони евра за домашните компании изјави:
„Досега се пренесени, практично преку Развојната банка, некаде околу 225 милиони евра од 250 милиони евра. Тоа е оној кредит кој што Владата, условно кажано, го субвенционира со каматна стапка од 1,95%, до три години грејс-период и до 15 години рок на отплата.“
Премиерот посочи дека целосна реализација на средствата се очекува во првиот квартал годинава.
„Очекувам набргу, во првиот квартал од оваа година, целосно да биде исцрпен. И заедно со средствата кои што банките сопствени ги инвестираат во развојните проекти на компаниите, го поддржуваат стопанството и економијата и на тој начин Македонија на инвестициската мапа е навистина водечка во регионот. Ако се има предвид дека растот во првата половина од 2025 година, па би рекол и целосно во текот на целата 2025 година, е двоцифрен број проценти. Споредно со истиот период во рамките, да речеме, на еврозоната, тоа е 2-2,5%. Така што, јас сум навистина задоволен од начинот на кој што овие средства се искористени“, објасни Мицкоски.

