Контакт

Македонија

Крводарителска акција на Амбасадата на САД во Скопје

Објавено пред

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во соработка со Црвениот крст на град Скопје ќе организираат голема крводарителска акција и собирна акција за прехранбени продукти

dobivaj vesti na viber

Акциjата ќе се реализира утре од 10.30 до 15.30 часот на паркингот пред главниот влез на Амбасадата на САД во Скопје. Акцијата е дел од глобалната иницијатива на претседателот на САД, Барак Обама, во знак на сеќавање на жртвите од 11 септември, преточена во глобален ден на служење на заедниците.

Целта е сите луѓе, без разлика на нивната вероисповед, етничко потекло или раса, да се здружат и да се посветат на една заедничка кауза.

Со оваа добротворна акција ќе да му се помогне на Црвениот крст да ги дополни залихите на крв и да им помогне на семејствата преку донирање храна и други неопходни работи за претстојната зима. На овој начин Црвениот крст ќе воспостави поголема мрежа на крводарители во Македонија и континуитет во снабдувањето со крв и крвни продукти.

Учествувајќи во оваа крводарителна акција и собирна акција за прехранбени продукти, сите доброволци ќе имаат можност на еден благороден начин да дадат поддршка на кампањата која е замислена да им помогне на оние на кои најмногу им е потребна помош.

Ќе бидат поставени шатори на паркингот пред зградата на амбасадата, што ќе овозможи акцијата да се одржи без разлика на временските услови.

Од амбасадата замолуваат дарителите да дојдат со такси, бидејќи просторот на паркингот е ограничен.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

(Видео) Кузеска: ДПМНЕ се врати, слободата на медиумите замина, пад на слободата после 8 години

Објавено пред

Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска оценува дека за прв пат после 8 години Македонија бележи пад од 6 места на Индексот за слобода на медиумите за 2025 година, објавен од „Репортери без граници“.

dobivaj vesti na viber

Според неа, после осум години постојан напредок под водство на владите на СДСМ ваков драстичен пад се случува за прв пат.

„Од 118-то место во 2016 година, со СДСМ Македонија напредуваше до 36-то место, на најдобро место во регионот, благодарение на посветените политики за слобода на говорот, транспарентност и независност на медиумите.

Овој континуиран напредок на слободата на медиумите сега е сериозно загрозен.

ДПМНЕ се врати – слободата на медиумите замина.

Секогаш кога ВМРО-ДПМНЕ е на власт, слободата на медиумите се гуши, новинарите се под притисок, а медиумскиот простор се стеснува. Денес тоа повторно се случува“.

„Репортери без граници“, потсетува таа, алармираат дека новинарите се изложени на закани и напади, а владините функционери покажуваат понижувачки ставови кон медиумските работници.

Според Кузеска, наместо да ги унапредува демократските стандарди, Владата предводена од ДПМНЕ ги враќа добро познатите методи на контрола, притисоци и страв.

Ова, додав, е јасен аларм за загрижувачката насока во која оди државата под власта на ДПМНЕ.

Ја повика јавноста, граѓанските организации и меѓународната заедница на будност.

„Слободата на медиумите е темел на секое демократско општество и не смее да биде жртва на партиските апетити и авторитарните амбиции на ДПМНЕ“.

СДСМ, нагласи таа останува цврсто на страната на слободното новинарство и ќе продолжи да се бори против секоја форма на цензура, притисок и медиумска репресија.

Прикажи повеќе...

Македонија

Осум пациенти се враќаат од лекување од Турција, Бугарија и Словенија, во странство остануваат хоспитализирани 18 пациенти

Објавено пред

Од

Министерството за здравство информира дека денеска уште осум пациенти од повредените во трагедијата во Кочани се враќаат од лекување, од кои пет од Турција, двајца од Бугарија и еден од Словенија. На лекување во странство остануваат уште 18 пациенти.

dobivaj vesti na viber

Согласно протоколот, пет пациенти ќе бидат под опсервација во ГОБ „8 Септември“, двајца на Клиника за пластична хирургија и еден пациент во Хируршка клиника „Св.Наум Охридски“.

Дел од повредените, кои изминатиот период се вратија во земјава, веќе започнаа процес на рехабилитација во Општата болница во Кочани, кои во зависност од повредите се третираат на одделенијата за неврологија, хирургија и физикална терапија.

Министерството за здравство континуирано ја следи состојбата со повредените пациенти, со цел обезбедување најдобар можен третман, како и натамошна рехабилитација.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Манасиевски: Дали Филипче учи од Заев како да злоупотребува трагедии, како со Смилковско и Младенов, за кои лажеше со години

Објавено пред

Дали Филипче учи од Заев како да злоупотребува трагедии, како Заев со Смилковско езеро и Младенов, за кои лажеше со години? Дали Венко Филипче кога вели дека нема друг како Заев и дека народот треба да учи од него, дали мисли и на лагите и злоупотребите на човечките трагедии? Дали Филипче се восхитува на Заев кога тој лажеше дека ќе ја каже вистината за смртта на Младенов и убиството кај Смилковско езеро, за потоа да се испостави дека лажел“, праша на прес-конференција Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

Доплнително Манасиевски праша, дали Венко Филипче сака да манипулира дури и со човечки судбини, само за да дојде на власт, а потоа во стилот на Заев ,,пу, пу не важи”.

„Зоран Заев е причина за проблемите на Македонија, причина за тагата и бројни неуспеси, криминал и корупција. Венко Филипче да каже, што точно од тоа му е пример за учење?

Добро е што Венко Филипче призна се од почеток, за народот да нема дилема дека тој е втор Зоран Заев“, вели Манасиевски.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија13 минути

Осум пациенти се враќаат од лекување од Турција, Бугарија и Словенија, во странство остануваат хоспитализирани 18 пациенти

Министерството за здравство информира дека денеска уште осум пациенти од повредените во трагедијата во Кочани се враќаат од лекување, од...

Македонија38 минути

Независниот синдикат на полицијата со најава за полициски протест: „Молчењето не донесе под минималецот“

Независниот синдикат на полицијата со најава за полициски протест. „Како што ветивме после првомајската парада, на 2 Мај го најавуваме...

Свет3 часа

Разузнавачките служби: Целите на Путин се променија

Нови разузнавачки информации споделени од американски и западни претставници сугерираат дека рускиот претседател Владимир Путин го префрлил својот непосреден фокус...

Македонија3 часа

Македонија со пад од шест места на Индексот за слобода на медиумите

Падот на Македонија за шест места на Индексот за слобода на медиумите за 2025 година, објавен од „Репортери без граници“,...

Свет4 часа

Венс: Војната во Украина нема да заврши набргу

Американскиот потпретседател Џеј-Ди Венс вчера за „Фокс њуз“ изјави дека војната во Украина нема да заврши набргу, а американскиот државен...

Македонија4 часа

Субвенции за струја за ранливи домаќинства: обработени 745 апликации, следува исплата

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ги финализира административните проверки на апликациите пристигнати по јавниот оглас за финансиска поддршка...

Свет5 часа

Пресврт во трговската војна – САД побараа разговори со Кина

Соединетите Американски Држави се обратија до Кина за да побараат разговори за царините од 145 проценти што ги воведе претседателот...

Топ15 часа

Исчезнатиот рибар кај Злетовска Река најден мртов

Пронајден е починат исчезнатиот рибар Кире Павлов од Пробиштип. Неговото исчезнување во полицијата го пријавил Благој Стојанов од истиот град кој...

Топ16 часа

МВР трага по осумгодишно момче кое исчезнало во Скопје

Осумгодишниот А.Џ., кој имал здравствени проблеми се оддалечил од местото каде што престокувал со својот татко. За случајот, полицијата во...

Свет16 часа

Зеленски: Договорот за минералите е прв резултат од мојата средба со Трамп во Ватикан

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, денеска го нарече историски договорот за минерали меѓу САД и Украина. „Ова е првиот опиплив исход...

Македонија22 часа

Владата: Сметки од услугите од бифињата, СДСМ ги прикажува како трошоци за ручеци на министри

Владата во целост ги демантира, како што ги нарекува, лажните и манипулативни наводи на партијата СДСМ за сметките. Според Владата,...

Македонија23 часа

Сиљановска-Давкова: Работниците и синдикатите со право протестираат за повисоки плати и пошироки права

Порака од претседателката Сиљановска-Давкова по повод 1 Мај – Меѓународниот ден на трудот: Денеска го славиме 1 Мај – Меѓународниот...

Македонија1 ден

„Платите во Македонија се мизерни“ – синдикалците побараа минимална плата од 500 евра

Платите во Македонија се мизерни и не се зголемуваат онака како што е предвидено со колективните договори. Сојузот на синдикати на Македонија...

Македонија1 ден

(Видео) Власта за четири месеци потрошила 30.000 евра на јадење по ресторани, вели Кузеска од СДСМ

Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, објави дека во држава каде што работниците бројат денови до платата, министри од ВМРО-ДПМНЕ трошат...

Топ1 ден

Приведен полицаец од Струмица кој пукнал во канцеларија додека проверувал пиштол

Полицијата го приведе нејзиниот колега, А.Б.(52),  кој се сомничи за предизвикување опшгта опасност. На 30 април во службена просторија на...

Македонија1 ден

Работниците се темелот за иднината на Македонија, велат од ВМРО-ДПМНЕ во честитката за 1. Мај

ВМРО-ДПМНЕ останува посветена на нови економски политики и подобрување на стандардот, работниците се темелот за иднината на Македонија, велат од...

Свет1 ден

Шефот на Пентагон му се закани на Иран: Знаеме точно што правите, ќе се соочите со последици

Американскиот министер за одбрана Пит Хегсет го предупреди Иран дека ќе се соочи со последици за поддршката на Хутите, група...

Свет1 ден

Америка и Украина го потпишаа долгоочекуваниот договор за минералите

Вашингтон и Киев го потпишаа долгоочекуваниот договор за природните ресурси на Украина по неколкумесечни напнати преговори. Иако деталите од договорот...

Македонија1 ден

Колони возила и утрово на граничниот премин со Грција

Големи колони има и утрово на граничниот премин со Грција, на излез од државата. Од АМСМ велат дека времето на...

Топ2 дена

По четири години поминати во бегство фатен затвореник од Идризово

Полицијата го приведе А.А. од Скопје, 54-годишен затвореник од Идризово, баран со централна и меѓународна потерница поради бегство од затворот....