Свет
Двајца починати и 20 хоспитализирани поради користење на екстази во прав

Двајца мажи починале, а уште дваесет се хоспитализирани викендов во болниците низ Лондон заради земање на смртоносна доза екстази, дрога популарна на забавите.
Двајца мажи починале, а уште дваесет се хоспитализирани викендов во болниците низ Лондон заради земање на смртоносна доза екстази, дрога популарна на забавите.На мажите им се слошило и починале по целовечерната забава во лондонската Палата Александар. Трето лице се наоѓа во тешка здравствена состојба, а лекарите регистрирале уште 20 слични случаи во Лондон и околината, пишува Дејли Мејл.Скотланд Јард претпоставува дека сите консумирале МДМА, што е хемиско име за популарната синтетичка дрога екстази. Тие побарале од 20.000 луѓе кои биле на забавата да се јават на лекар доколку консумирале екстази.Во последно време оваа дрога повторно стана популарна во Велика Британија, но сега веќе не се пијат таблети, туку дрогата се користи во прашкаста форма.Оваа дрога се поврзува и со поголем број смртни случаи во Велика Британија и САД. Конзументите воглавно умираат од срцев удар, дехидрација и проблеми со срцето.Лондонската Палата Александар е преуредена за целовечерни забави и е многу популарна меѓу младите. Двајца млади луѓе починаа во растојание од седум часа овој викенд. Првата жртва имала 21, а втората 20 години. Третата жртва, 20 годишно момче, се наоѓа на интензивна нега. Екстази во прав во Британија е многу поевтин откога се продаваше во таблети, но во таа форма е многу посилен. /крај/ин/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Почина „Мама Еразмус“, жената што ги промени животите на 16 милиони студенти

Италијанката Софија Коради, креаторката на образовната програма Еразмус што им овозможи на милиони млади луѓе да студираат во други европски земји, почина во Рим на 91-годишна возраст, објавија вчера италијанските медиуми.
Софија Коради, која подоцна ќе стане професорка на Универзитетот во Рим, како студентка доби престижна американска стипендија Фулбрајт, која ја однесе на Универзитетот Колумбија во Њујорк, каде што дипломирала право.
Таа предложи и започна програма за размена
Кога италијанскиот образовен систем не ја призна нејзината американска диплома по нејзиното враќање, таа предложи програма за размена, која на крајот ја започна на ниво на Европската унија во 1987 година.
Оттогаш, околу 16 милиони студенти учествувале во програмата, според веб-страницата на Еразмус.
Програмата, управувана од ЕУ, поттикнува поблиска соработка меѓу универзитетите и високообразовните институции низ цела Европа.
„Мама Еразмус“
Софија Коради, или „Мама Еразмус“ како што беше позната, рече дека идејата за програмата, родена за време на Студената војна, била нејзина „лична пацифистичка мисија“.
За италијанскиот министер за надворешни работи Антонио Тајани, кој ѝ го припишува „раѓањето на Генерацијата Европа“, таа „ги инспирирала животите на милиони млади луѓе кои патувале, студирале и прифаќале различни култури“.
Sofia Corradi ci ha lasciati.
Aveva sognato una gioventù europea che si incontrasse e si arricchisse delle proprie differenze. Milioni di studenti le devono un pezzo di vita e un orizzonte.
Omaggio alla Mamma Erasmus, il cui sogno continua a costruire la nostra Europa.
— Emmanuel Macron (@EmmanuelMacron) October 18, 2025
„Таа сонуваше за европска младина збогатена со нејзината разновидност. Милиони студенти ѝ ги должат своите хоризонти“, рече францускиот претседател Емануел Макрон на социјалната мрежа Икс.
Свет
Авганистан и Пакистан се согласија за прекин на огнот

Авганистан и Пакистан се согласија на моментален прекин на огнот на разговорите во Доха, соопшти Министерството за надворешни работи на Катар.
За време на разговорите што започнаа во саботата во Доха, „двете страни се согласија за моментален прекин на огнот и воспоставување механизми за консолидирање на траен мир и стабилност“, соопшти Министерството за надворешни работи на Катар во соопштение објавено на Икс.
Условите на договорот не беа откриени, но ќе следат состаноци меѓу авганистанските и пакистанските претставници за да се обезбеди неговото спроведување.
Пакистанскиот министер за одбрана, Хаваџа Асиф, подоцна потврди дека е постигнат договор за прекин на огнот и рече дека двете страни ќе се сретнат повторно во Истанбул на 25 октомври.
Преговорите беа водени со посредство на Катар и Турција.
фото: принтскрин
Свет
(Видео) Американците објавија снимка од нападот на Карибите; Пентагон: Транспортираа товар со дрога

Министерството за одбрана на САД објави снимка од напад со беспилотно летало извршен пред два дена врз полу-нурнат брод на картел во јужниот дел на Карибите, покрај брегот на Венецуела.
Според американските разузнавачки служби, бродот не бил вистинска подморница, како што претходно тврдеа некои официјални лица, туку полу-нурнат брод што се движел по позната шверцерска рута кон САД. Бродот, според Пентагон, носел голема количина нелегални дроги, вклучително и фентанил.
Двајца убиени, двајца приведени па ослободени
Двајца членови на нарко картелот беа убиени во нападот, додека двајца други преживеаа и подоцна беа спасени од американската морнарица, според Американците. Преживеаните ќе бидат вратени во нивните матични земји – Колумбија и Еквадор.
Американските претставници истакнуваат дека ваквите полу-нурнати бродови се повеќе се користат за шверц на дрога од Јужна Америка до Карибите и Мексиканскиот Залив, од каде што пратките потоа се префрлаат во САД.
фото: принтскрин