Македонија
СДСМ предлага пописот да се спроведе од 1-15 април

Пратеничката група на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија до претседателот на Собранието, поднесе предлог-закон, пописот во Македонија да биде спроведен од 1-15 април 2012 година.
Пратеничката група на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија до претседателот на Собранието, поднесе предлог-закон, пописот во Македонија да биде спроведен од 1-15 април 2012 година.
„Сигурни сме дека владејачкото мнозинство е подготвено за конечно спроведување на Попис на населението, дека Владата разумно и целисходно ќе го искористи претстојниот период до април 2012 за отстранување на сите ризици од грешки и фалсификати, дека владините коалициони партнери се едногласни за потребата од ваков Закон и дека меѓу нив нема никакви политички и меѓупартиски несогласувања околу ова прашање. Исто така, веруваме дека во буџетот на РМ за 2012 година повторно се одвоени 14 милиони евра за спроведување на попис како што тоа беше сторено за неуспешниот Попис во 2011 година“ изјави потпретседателот на СДСМ, Ана Павловска – Данева.
Пописот во Македонија беше прекинат неколку дена пред крајот, кога членовите на Пописната комисија си поднесоа оставка. /крај/со/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Бујар Османи ја објави кандидатурата за градоначалник на Чаир: „Не се работи за функција“

Бујар Османи од Демократската унија за интеграција (ДУИ) денес официјално ја објави својата кандидатура за градоначалник на општина Чаир. Одлуката, како што истакна, е резултат на долг период на консултации и сериозно преиспитување, донесена заеднички со луѓето што му се најблиску.
„Не се работи за функција. Они кои ме знаат, добро знаат дека сѐ што правам, во секој предизвик, влегувам искрено, влегувам целосно без никакви задршки. Се работи за одговорност кон сопствениот дом, затоа што граѓаните на Чаир не заслужуваат да живеат во супстандардни и небезбедни услови, не заслужуваат да бидат игнорирани и омаловажувани.“, порача Османи.
Тој истакна дека влегува во оваа трка со посветеност, посочувајќи дека сака иднината на децата во Чаир да биде подобра, а нивното секојдневие побезбедно и поквалитетно.
„На Чаир му се потребни промени вистински, длабоки и човечки промени. Знам дека тие промени не се лесни, и затоа долго размислував пред да ја донесам оваа одлука. Јас не бегам од тешки мисии, напротив, верувам дека со чесна намера, секојдневна работа и професионален пристап, можеме да го промениме Чаир. Да го вратиме достоинството и да отвориме нова страница, со врата што никогаш нема да биде затворена за граѓаните“, рече Османи.
На крајот од своето обраќање, им се заблагодари на сите кои му ја изразиле поддршката во изминатиот период.
Македонија
Сиљановска-Давкова го прими министерот за економија на Азербејџан, Џабаров

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска оствари средба со Микаил Џабаров, министер за економија на Азербејџан, на којашто беше потврдена спремноста за продлабочување на соработката во областа на економијата, но и во други сфери, како инфраструктурата и туризмот.
За соговорниците, потпишувањето Декларација за стратешко партнерство и пријателство, е неопходен чекор кон склучувањето договор за стратешка соработка во областа на енергетиката.
На средбата, министерот Џабаров ја информираше претседателката за подготвеноста на Азербејџан да потпише со нас договор за долгорочно снабдување со гас, со којшто азербејџанската национална нафтена компанија SOCAR ќе го зајакне присуството во регионот и уште еднаш ќе го потврди угледот како сигурен и доверлив снабдувач со енергетски ресурси на европскиот пазар.
За претседателката, оваа иницијатива гарантира сигурна енергетска транзиција кон Зелената агенда. Таа очекува приклучување кон ТАП (Трансјадрански гасовод), како потенцијално решение за справување со глобалната енергетска криза.
Со оглед на брзиот инфраструктурен развој на Азербејџан, претседателката изрази став дека азербејџанското искуство и експертиза може да ни помогнат за поефикасна реализација на тековните и идни инфраструктурни проекти.
Министерот Џабаров изрази подготвеност за помош на овој план, укажувајќи на позитивното искуство со неколку земји од регионот.
Соговорниците се согласија околу потребата од визна либерализација како важен и неопходен чекор за меѓусебно зближување.
Обајцата укажаа на потребата од иницирање партнерски проекти во сферата на туризмот.
Македонија
Стабилизирана ситуацијата со пожарот кај Преспа, продолжува гаснењето во прилепско

Пожарот што избувна во близина на Преспанското Езеро е ставен под целосна контрола, информира директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов. Иако на неколку локации сè уште има догорувања во внатрешноста на опожарениот простор, нема опасност од негово проширување.
„Противпожарните екипи се на терен, работат на доизгаснување на остатоците и ќе продолжат со патролирање во текот на ноќта“, изјави Ангелов.
Еден ер трактор на ДЗС успешно интервенирал во неколку налети, полнејќи вода од езерото и гаснејќи го пожарот околу Преспа, додека втор ер трактор денес бил ангажиран во гаснење на пожарот кај Желино и Еребино.
Во Прилепскиот регион, полициски хеликоптер активно дејствуваше околу селата Штавица, Чумово, Волково и Прилепец, каде што претходно беше упатен и еден армиски хеликоптер.
Ангелов уверува дека нема опасност за куќите и објектите и дека на терен има доволно противпожарни сили, вклучително и локално население кое се приклучило во справувањето со огнената стихија.