Свет
Индевоар лансиран на последната мисија
Американскиот ракетоплан Индевоар е лансиран денеска од вселенскиот центар Кејп Канаверал на Флорида кон Меѓународната вселeнска станица (ISS) на неговата последна мисија.
Американскиот ракетоплан Индевоар е лансиран денеска од вселенскиот центар Кејп Канаверал на Флорида кон Меѓународната вселeнска станица (ISS) на неговата последна мисија.Првично, лансирањето беше закажано за 29-ти април. Тогаш беше одложено на помалку од три часа пред стартот на одбројувањето поради грешка на електрониката. NASA на 7-ми мај го одлижи предвремено лансирањето кое беше закажано за 8-ми мај, па беше најавен датумот 10-ти мај, но грешката се’ уште не беше отстранета.Ракетопланот треба на Меѓународната вселенска станица да пристигне во среда, а пред да биде повлечен од употреба треба во Вселената да однесе софистициран детектор за честички кој ќе овозможи правење револуционерни физички експерименти. Меѓународната вселенска станица го понесе со себе седумтонскиот Алфа магентски спектометар (AMS), како и резервни делови за станицата. Спектометарот кој чини две милијарди долари траба да ги истражува космичките појави, како што се темната материја, антиматеријата и слични феномени. Овој апарат го правеа 60 истражувачки агенции од 16 земји и би требало да биде оперативен најмалку следните десет години зацврстен за надворешниот дел од Меѓународната вселенска станица. Американската агенција за вселенски истражувања NASA планира пред конечното завршување на програмата „спејс шатл“ да спроведе уште една мисија, но со ракетопланот Атлантис кој треба да биде лансиран на 1-ви јуни.Индевоар во чија екипаж се наоѓаат шест астронаути ветерани беше лансиран во 14.56 часот по средноевропско време, кога Земјата се наоѓа на својата обиколка во оптимална позиција кон вселенската станица на 354 километри над планетата .Водач на мисијата е Марк Кели, сопругот на Габриеле Гифордс, претставничката во американскиот Конгрес која беше присутна на настанот во американскиот вселенски центар Кенеди. Гифордс се’ уште заздравува од тешките повреди добиени во атентатот врз неа на 8-ми јануари кога беа убиени шест лица а 12 беа ранети. До крајот на искористувањето на работниот век на овие американски летала треба да бидат извршени уште два лета. Покрај овој на Индевоар, во јуни треба да се случи и последното лансирање на Атлантис.Потоа американската вселенска агенција ќе биде зависна од руските ракети Сојуз, кога ќе сака да испрати свои астронаути во Вселената, а тоа ќе ја чини 51 милион долари по седиште. Така ќе биде се’ додека не се конструира некој друг американски вселенски брод кој несомнено ќе биде комерцијален и кој ќе ја преземе таа задача но не пред 2015 г. Во текот на својата последна 16-дневна мисија, Индевоар и неговиот екипаж покрај Алфа магентскиот спектометар (AMS), ќе пренесат и резервни делови за станицата. Индевоар првпат беше лансиран на 7 мај 1992 г. и досега изврши 25 вселенски мисии во кои учествуваа 148 астронаути. Ракетопланот во Вселената мина 280 денови, при што 4.429 пати ја обиколи Земјата изминувајќи 166.003.247 километри. Во неговите миси беа поставени три сателита , еднаш се спои со вселенската станица Мир и десет пати со ISS. По последната 26-та мисија Индевоар ќе биде повлечен и ќе биде експонат во Калифорнискиот научен музеј во Лос Анџелес./крај/ро/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Форбс: Богатството на Илон Маск порасна на 677 милијарди долари
Илон Маск стана првата личност чија нето вредност надмина 600 милијарди долари, според пресметките на списанието Форбс објавени во понеделник. Зголемувањето на богатството на Маск беше поттикнато од неодамнешната продажба на акции во вселенската компанија на Маск, SpaceX. Форбс ја искористи цената утврдена во трансакциите за да процени повисока вкупна вредност за компанијата, што пак ја зголеми пресметката на уделот на Маск.
Само неколку часа претходно, Форбс ја процени нето вредноста на Маск на околу 500 милијарди долари. Богатството на Маск е првенствено поврзано со неговите удели во производителот на електрични автомобили Tesla и SpaceX. За разлика од Tesla, SpaceX е во приватна сопственост, што значи дека цената на неговите акции не се одредува на берзата.
Во такви случаи, проценките се базираат на рунди на финансирање или продажба на акции од страна на вработените и можат значително да се разликуваат од конечната пазарна вредност. Врз основа на цената по која вработените можеа да ги продадат своите акции, Форбс ја пресмета вкупната вредност на SpaceX на 800 милијарди долари, што е зголемување од претходната проценка од 400 милијарди долари.
Со оглед на тоа што Маск поседува приближно 40 проценти од SpaceX, ревидираната проценка на Форбс ја зголеми неговата проценета нето вредност на 677 милијарди долари.
Европа
(Видео) Трамп: Искрено, Украина веќе изгуби територија
Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа изјави дека договорот за завршување на војната во Украина е „поблиску од кога било“ откако Вашингтон му понуди на Киев безбедносни гаранции по моделот на НАТО. Трамп, исто така, изрази увереност дека Москва ќе прифати таков договор, објави „Ле Монд“.
Трамп откри дека имал „многу долги и многу добри“ разговори со својот украински колега Володимир Зеленски, како и со лидерите на НАТО и европските земји како што се Велика Британија, Франција и Германија.
„Се обидуваме да го разработиме тоа и мислам дека сега сме поблиску“, им рече Трамп на новинарите во Овалната соба. „Имавме бројни разговори со претседателот Путин на Русија и мислам дека сега сме поблиску од кога било досега, па ќе видиме што можеме да направиме“.
REPORTER: An Article 5-like deal seems to be emerging without NATO membership for Ukraine. If such a security guarantee is offered, what incentive is there for Ukraine to give up any sort of territory?
US PRESIDENT TRUMP: Well, they've already lost the territory, you know, to be… pic.twitter.com/99sx8a6f03
— Status-6 (Military & Conflict News) (@Archer83Able) December 15, 2025
На прашањето дали неодамна разговарал директно со Владимир Путин, Трамп одговори остро: „да, разговарав“, без да навлегува во детали.
Сепак, Трамп се чини дека сугерираше дека во замена за безбедносни гаранции, Украина ќе мора да се согласи да отстапи делови од источниот регион Донбас што сè уште се контролирани од Киев – можност што Зеленски претходно силно ја отфрли.
На прашањето каков поттик ќе има Украина за да се откаже од територија, Трамп одговори: „Па, искрено, тие веќе изгубија територија“.
Тој додаде дека Европа, која и покрај противењето на Русија повторно предложи испраќање мултинационални мировни сили, ќе биде „голем дел“ од секоја безбедносна гаранција.
Регион
Маж ја избол до смрт партнерката на улица во Србија
Страшно злосторство го потресе вчера Лесковац во Србија, каде што 64-годишен маж, Р.Д., е осомничен дека ја избол до смрт својата 53-годишна партнерка. Убиството, како што соопшти Полициската управа во Лесковац, се случило околу 16:30 часот, пишува Н1 Србија.
Според полицијата, жената починала на местото на настанот од повеќекратни убодни рани. Припадници на Министерството за внатрешни работи брзо интервенирале и го уапсиле осомничениот кратко време по злосторството.
Истрагата е во тек
Р. Д. е обвинет за кривично дело убиство. Со наредба на Вишиот јавен обвинител, му е одредена мерка притвор до 48 часа, по што ќе биде донесен на распит во Вишото јавно обвинителство во Лесковац со кривична пријава.

