Македонија
Полицајците бараат да им се реши станбеното прашање – повеќето немаат стан
Вработените во Министерството за внатрешни работи бараат државата да го реши нивното станбено прашање, како што тоа го направи со вработените во АРМ, со проeктот „АРМ-мој вистински дом“
Македонскиот полициски синдикат и министерството за внатрешни работи спровеле истражување меѓу вработените, кое покажало дека потребата за решавање на нивното станбено прашање е голема и нужна. Ова истражување ќе и го испратат на Владата за да дојдат до некое решение.Истражувањето покажало дека дури 79,9 проценти од вработените имаат потреба од стан, меѓу нив се оние кои немаат воопшто свој стан и живеат под кирија, оние кои живеат во субстандардни услови или со своите родители.„Околу 53.8 проценти од колегите живеат со своите родители, 32 проценти поседуваат стан, а останатите живеат под кирија“ вели претседателот на МПС, Тихомир Климовски.Полицајците имаат потреба за стан од 60 до 80 метри квадратни, 61.3 проценти се спремни со свој сопствен капитал да учествуваат во изградбата на становите, а кредитот како форма за одложено плаќање го преферираат 76 прoценти од вработените.Доколку имa простор за изградба на станови во поранешни касарни, скоро половина од вработените би се согласиле таму да живеат. При евентуална градба на становите за потребите на МВР, солиден број би се согласиле да живеат на периферијата од своите градови.Од синдикатот велат дека со ова државата многу ќе заштеди во смисла на трошоците за транспорт на вработените, но според нив во сето ова поважен е психолошкиот аспект од овој проект.„Покрај економско социјалниот карактер на ова прашање позначаен е психолошкиот. Оној кој што го нема средено живеалиштето, домот, работи со 40 отсто од својот капацитет. Веќе наидуваме и на здравствени проблеми во тој дел, во делот на психолошките проблеми“, вели Климовски.Тие споменаа и примери како ова прашање е решено во другите земји. Во повеќето западноевропски земји се преферира системот на живеење под кирија, но покрај високите плати, постојат и дополнителни механизми кои помагаат вработените да го амортизираат ударот од семејниот буџет кој го предизвикува наемот.„Во Унгарија, Франција и Романија, Полска и Италија во рамките или во близина на полициските станици постојат апартмани во кои бесплатно можат да живеат младите полицајци до нивното стапување во брак, односно максимум пет години“, вели Климовски. И во поранешните југословенски републики се градат државни станови за војската, полицијата и јавната управа, но сепак, според информациите на синдикатот, обемот е мал поради немањето средства и поради неправилности и корупција при нивната распределба.Истражувањето е направено меѓу 5.762 испитаници, вработени во сите организациски целини на Министерството за внатрешни работи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Аеродром и Шуто Оризари денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ке останат:
· од 09.00 до 11.00 часот корисниците, од булевар Јане Сандански бр. 30. (Општина Аеродром)
· од 09.00 до 11.00 часот дел од корисниците на ул. Индира Ганди. (Општина Шуто Оризари)
Македонија
Намалена видливост поради магла на Плетвар, Ѓавато и Пресека
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, на некои повисоки места со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП МакедонијаПат.
Намалена видливост до 100 метри поради магла има на планинскиот превој Плетвар, Ѓавато и Пресека, извести АМСМ.
Од 05:25 часот на патниот правец P1105 Удово-Валандово има излевање на Калковска Река на коловозот, се воведува забрана за сообракајот на тој патен правец и се пренасочува на патниот правец Р1401 село Марвинци-Валандово.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Променливо облачно со повремен слаб дожд и ветер
Времето денеска ќе биде облачно со слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 2, а максималната ќе достигне од 2 до 9 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен слаб дожд. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 7 степени.
Времето во наредните денови
Денеска наместа ќе има услови за слаби врнежи од дожд и снег. Потоа во следните два дена времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Нови врнежи од дожд, а на планините снег се очекуваат од четврток.

