Македонија
Фишер: Името не треба да е услов за старт на преговорите

Спорот со името не треба да се наметнува како предуслов за отпочнувањето на пристапните преговори на Македонија со Европската Унија, порача австрискиот претседател Хајнц Фишер по средбата со македонскиот претседател Ѓорге Иванов, одржана денеска во Виена.
Спорот со името не треба да се наметнува како предуслов за отпочнувањето на пристапните преговори на Македонија со Европската Унија, порача австрискиот претседател Хајнц Фишер по средбата со македонскиот претседател Ѓорге Иванов, одржана денеска во Виена.Според Фишер, преговорите за спорот можат да се водат паралелно со пристапните преговори, и со решение да се дојде непосредно пред македонското зачленување во унијата.„Грција сигнализира дека услов е решавањето на името. Но, сметаме дека за одредување датум и почетокот на преговорите не треба да се чека решението. Проблемот може да се реши и на крајот на преговорите. Тие треба да почнат и паралелно да течат двата процеса. Така ќе се даде поттик“, изјави Фишер.Иванов, пак од своја страна, го посочи примерот на Словенија и Хрватска за паралелна интеграција и надминување на билатерално прашање. „Грција е во криза и во моментов нема мотив да го решава проблемот. Грција не губи ништо ако се одреди датум и преговорите почнат. До нивното завршување проблемот може да се реши. Македонија ги исполни Копенхашките критериуми и очекува да продолжи понатаму, а одредувањето датум ќе биде дополнителен мотив да се дојде до решение“, рече Иванов на заедничката прес-конференција со Фишер.Очекувањата на Македонија според Иванов, се прашањето за отпочнување на пристапните преговори да биде на дневен ред на Советот на унијата, што треба да се одржи на истекот на унгарското претседателство. Од Австрија претседателот Иванов заминува за Израел, каде во Ерусалим ќе учествува на меѓународната конференција „Соочување со утрешнината 2011“, организирана од претседателот Шимон Перес. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Прекинато водоснабдување во дел од Гази Баба

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска ( петок ) поради водоводен приклучок од Ф -80мм на ул.30 Трубарево, прекинато водоснабдување ќе има за корисниците од нас.Трубарево од 09:00 часот до завршување на приклучокот (општина Гази Баба)
Македонија
Сончево и многу топло со температура до 40 степени, попладне краткотрајно невреме

Времето денеска, сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Попладне и во вечерните часови наместа ќе има појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер, грмежи и појава на град.
Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 22, а максималната ќе достигне од 32 до 40 степени.
Во Скопје, сончево и многу топло со слаб ветер од северен правец. Попладне и во вечерните часови во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, краткотрајно во форма на невреме. Минималната температура ќе се спушти до 22, а максималната ќе достигне до 39 степени.
Во деновите од викендот ќе дува умерен до засилен северен ветер кој ќе предизвика опаѓање на дневните температури за 5-7 степени во споредба со денешните. Од понеделник дневните температури повторно ќе бидат во постепен пораст.
Македонија
Мицкоски: Финансиската полиција за 9 месеци откри криминали од 30 милиони евра што е доказ дека расчистуваме со криминалот

Финансиската полиција за 9 месеци откри криминали од 30 милиони евра што е доказ дека расчистуваме со криминалот, и правиме чекор напред во градењето на темелите на промените, изјави премиерот Христијан Мицкоски по повод одбележување на денот на Управата на финансиската полиција.
„Кога ја презедовме одговорноста за управување со државата, знаевме дека ќе мораме да се соочиме со еден од најголемите предизвици – да ја вратиме правдата таму каде што била протерана, да изградиме институции што не се плашат, туку делуваат. Наша обврска е да воспоставиме систем кој ќе ги штити чесните, а ќе ги изведува пред лице на правдата оние што ја краделе државата. Денес, токму тука, испраќаме јасна порака – тоа време дојде“, рече Мицкоски.
Како што рече, сериозен е податокот што од 1 септември 2024 до 10 јуни 2025 година, Финансиската полиција поднела 36 кривични пријави, со кои е откриена штета или е утврдена и противправна имотна корист во висина од речиси 30 милиони евра. Овие пари се на граѓаните, и ова е пример како се штити имиџот на државата, рече премиерот.
Зад бројките, изјави Мицкоски, се кријат конкретни злоупотреби и поединци кои мислеле дека државата е нивен имот. И во таа битка за правда нема партиска припадност нема етничка припадност. Правдата е слепа, но достижна, додаде премиерот според кој бројките се најсилен доказ дека државата се буди и дејствува, нема веќе недопирливи и молк.
„Да не се заборави дека борбата против криминалот не е борба на една институција. Тоа е борба за душата на државата, за заедничката иднина. Каква иднина ќе оставиме за нашите деца, зависи од тоа сега што ќе го направиме. А Македонија е уморна од чекање и нема втора шанса, ова всушност е последната шанса. Ние не градиме само економија и патишта – ние градиме правда. Ние не зборуваме само за развој – ние зборуваме за ослободување од стравот, од неказнивоста, од мафијата во клучните сектори. На сите кои ја злоупотребиле довербата – им порачуваме: Ќе одговарате. На сите кои чесно работат во институциите – им порачуваме: Продолжете храбро. Вие сте чувари на државата. И на граѓаните – да знаете: Оваа Влада стои зад вас. Не зад криминалците. Не зад тајкуните. Туку зад секој човек што верува во правда“, додаде Мицкоски.