Македонија
Рокот за пријавување на конкурсот за пилоти на полициски хеликоптер истекува утре

Рокот за пријавување на конкурсот за пилоти на хеликоптер што Министерството за внатрешни работи го објави на 25 јануари истекува утре. Досега, за ова работно место аплицирале 404 кандидати од кои половина по електронски пат, а педесетина се жени
Рокот на конкурсот (28 дена) истекува во сабота (22.02) до кога сите заинтересирани што не се пријавиле имаат можност тоа да го сторат во наредниве два дена со доставување на потребната документација во Секторите за внатрешни работи кои токму за оваа цел и во сабота до 16,30 часот ќе бидат достапни за пријави. Или заинтересираните тоа ќе можат да го сторат и по електронски пат, во сабота до 24,00 часот, преку поставениот банер „Аплицирај“ на веб страната на МВР од каде што можат да ја преземат потребната пријава за конкурсот и електронски да аплицираат.
На конкурсот до сега се пријавиле 404 кандидати од кои 48 се жени. Над 200 аплицирале по електронски пат.
На објавениот конкурс се бараат по шест извршители со средно (четиригодишно) образование и со високо образование. Кандидатите кои ќе ја минат строгата селекција потоа со МВР ќе склучат договор за обука за кандидат за пилот во времетраење од 19 месеци. По завршување на обуката кандидатите кои успешно ќе ја завршат обуката ќе добијат сертификат за оспособеност за звањето пилот на хеликоптер, а потоа ќе бидат распоредени на работно место – “пилот на полициски хеликоптер“. крај/мф/сд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Големи колони на границата со Грција пред празникот

Големи колони на возила можат да се забележат вечерва на граниниот премин „Богородица“ кон Грција.
Со оглед на тоа што утре е неработен ден, 1. Мај, голем број грѓани се упатија кон туристичките места.
Како што може да се забележи на видео камерите, на останатите гранични премини нема големи задржувања.
Македонија
Поддршка од министерот за правда за Пандов чијашто куќа беше запалена: „Случајот бара одлучна акција“

Министерот за правда Игор Филков најостро го осудува палењето на куќата на директорот на Управата за извршување на санкции, Александар Пандов и бара одлучна акција во која ќе се утврдат причините и најстрого казнат можните сторители.
„Најостро го осудувам палењето на куќата на директорот на Управата за извршување санкции, Александар Пандов. Му давам целосна поддршка во неговата истрајност и борба против криминалот и корупцијата. Овој случај како и неколкуте други случаи поврзани со лицата вработени во УИС и затворите, бараат одлучна акција во која ќе се утврдат причините и најстрого ќе се казнат можните сторители“, вели Филков.
Директорот на Управата за извршување на санкции, Александар Пандов, претходно, на социјалните мрежи објави дека му бил запален домот. Нема да не запрат и нема да не поколебаат, напиша тој.
Македонија
Кирков: Вработените во ЗОО последно земале февруарска плата

До Стефан Кирков, којшто е член на Советот на Град Скопје, пристигнала молба од вработените во скопската Зоолошка градина и барање за реакција и помош. Го известиле дека последна плата која ја земале е фебруарската плата и одтогаш немаат никакво примање.
„Веќе сме мај, а овие вработени се оставени без примања и навистина сум запрепастен до каде ќе се оди со непрофесионалноста во ова раководство на Градот и кадрите кој ги поставува?! Вработените од утре ќе бидат и без здравствено осигурување !!! Поминаа празници како 8ми Март, Рамазан Бајрам , Велигден на праг е и 1ви Мај а вработените се оставени и заборавени замислете да им се исплати плата !!! Цели фамилии страдаат од нечија непрофесионалност!“, напиша Кирков на социјалните мрежи.
Тој ги проѕва Град Скопје , Данела Арсовска и Зоран Попов сигнализирајќи и дека состојбата може да доведе до протести.