Свет
Прецртување на мапата
Како би изгледала мапата на Европа, кога државите би можеле да си ги бираат соседите, кога би можеле да се направат интервенции во конфигурацијата на теренот? – симулација на британскиот неделник The Economist
Луѓето на кои им е здодеано од нивните соседи, можат да се преселат во друго соседство, но државите не можат. Но, замислете дека можат. Преуредувањето на мапата на Европа би можело да го направи животот многу пологичен или попријателски.
Британија, која ќе треба по генералните избори да се соочи со тешки финансиски проблеми, треба да се помести поблиску до јужните европски земји, кои, исто така, се соочуваат со слични состојби. Би можела да биде извлечена на некоја нова локација блиску до Азурите, западно од Португалија. Ако патувањето се покаже тешко, како по нерамен пат, би било згодно Велс и Шкотска да се одвојат во посебни острови.На местото на Британија, би требало да дојде Полска, која има многу страдано поради својата местоположба, меѓу Русија и Германија, и заслужува шанса да ужива во ветовите на Северниот Атлантик и безбедноста што ќе и’ ја дава водата помеѓу неа и кој и да е потенцијален освојувач.Белгиските бескрајни фламанско-француски препукувања (кои неодамна направија да падне и Владата) мирисаат на централна Европа, особено на глупостите што ги смислува Словачка за нејзиното малцинство што зборува унгарски. Значи, Белгија треба да си го замени местото со Чешката Република. Рамнодушните, добро организирани Чеси одлично ќе излезат на крај со нивните нови соседи, Холанѓаните, и обратно.Белорусија, која е без излез на море и се обидува да се пробие преку Русија, ќе има голма корист од корист блискоста со нордискиот регион, чие влијание играше важна улога во помагањето на Балтикот да го засени нивното советстко наследство. Значи, треба да се помести кон северот, на Балктикот, на местото на Естонија, Летонија и Литванија. Овие три земји треба да се поместат на нова локација, близу до Ирска. Како и Смарагдниот остров, и тие ја биеја битката за „внатрешна девалвација“, сакајќи да си ја обноват конкурентноста преку намалување на платите и цените, наместо да се залагаат за полесната опција, да ја намалат цената на валутата, или со неразумно позајмување, како што тоа го направи Грција. Балтикот исто така ќе биде среќен што ќе биде подалеку од Русија, а поблиску до Америка. Покрај другите преместувања, Калининград би можел да го помести својот брег накај Русија, со што ќе заврши неговиот неприроден статус на ексклава (територија одвоена од матичната држава), наследство од Втората светска војна, отстранувајќи ја секоја можност за некакви идни палавштини на Русија за да си обезбеди железнички транзит.Во просторот испразнет од Полска и Белорусија би требало да дојдат западните и централните делови на Украина. Германија, сега со украинската граница на само 100 километри од Берлин, би требало сериозно да ја сфати европската интергацја на земјата. Украинското поместување, исто така, ќе и’ овозможи и на Русија да се помести кон запад и југ, напуштајќи го Сибир, за да им го препушти на Кинезите, кои и без тоа ќе им го земат, порано или подоцна.На ред доаѓа прераспоредувањето на Балканот. Македонија, Албанија и Косово би требало да си ги заменат местата – Македонија да дојде на местото на Косово, веднаш до Србија; Косово да се премести на местото на Албанија, покрај брегот, а Албанија да се премести кон копното. На тој начин ќе испарат параноидните грчки фантазии за територијални претензии од заблудените Славјани од северот. Босна е премногу кршлива за да се преместува и ќе треба да остане таму каде што е.Многумина често ги мешаат Швајцарија и Шведска, па, ќе биде згодно Швајцарија да се помести кон северот, каде што фино ќе легне меѓу нордиските земји. Нејзината неутралност добро ќе си одговара со Финците и Швеѓаните, а Норвешка ќе биде среќна што ќе има за прв сосед уште една земја што не е членка на ЕУ.Германија и Франција би можеле да останат таму каде што се, но Австрија би можела да се помести кон запад, на местото на Швајцарија, правејќи простор за Словенија и Хрватска да се поместат кон северозапад*. Би можеле да и’ се придружат на северна Италија во нов регионален сојуз. Идеално би било да бидат раководени од дужд (итал. дуче), од Венеција. Остатокот од Италија, од Рим надолу, би требало да се издвои и да и’ се придружи на Сицијлија, основајќи нова држава, официјално нарекувана Кралство на Двете Сицилии (со прекар Бордело). Би можело да стапи во валутна унија со Грција, но – никој друг.*Добредојден страничен ефект на овие промени ќе биде што ќе се направи простор за замислени држави како Руританија од книгите на Ентони Хоуп, Силдавија и Бордурија на Жорж Реми – Ерже, и Вулгарија, земјата од приказната Чити Чити Бенг Бенг.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
„Ова се ужасни работи“ – Балканската естрада вознемирена од инцидентите со Здравко Чолиќ и Даниел Кајмакоски
Откако кон куќата на легендарниот пејач Здравко Чолиќ неодамна беше фрлена бомба, само неколку дена подоцна беше киднапиран македонскиот пејач кој живее во Србија, Даниел Кајмакоски. Овие настани предизвикаа загриженост кај фановите, но и естрадата во таа земја, пишуваат српските медиуми.
Додека полицијата и надлежните органи интензивно ги истражуваат околностите на двата инцидента, јавноста ги следи деталите, а некои од српските пејачи сега се соочуваат со страв, пришто во јавноста се отвори и темата за приватно обезбедување.
Mеѓу првите што реагираа беше пејачот Бане Мојиќевиќ, кој не го криеше својот шок.
„Ужасно е, искрено не се плашам за мојата безбедност, ниту за безбедноста на моето семејство, но ете, се случува, се надевам дека Даниел е добро“ рече Бане.
Пејачката Каја Остојиќ, пак, призна дека по нападот врз куќата на Чола, сериозно сфатила дека треба да се грижи за својата безбедност.
Таа рече и дека ја чува обезбедување.
Пејачката се осврна на неодамнешните настани на сцената и го коментираше бомбардирањето на куќата на Здравко Чолиќ, како и бомбардирањето на барот на нејзиниот поранешен сопруг.
Имено, Каја Остојиќ истакна дека има многу да каже, но дека ќе зборува за тоа кога ќе дојде време:
„Мојот прв импулс беше да помислам дека е грешка. Се зборува секакви работи и ми се гади. Сега пишуваат и дека го киднапирале мојот колега Даниел. Се случуваат работи што мора да ни пречат. Не знам зошто сме толку таргетирани. Порано, немав обезбедување цело време, но во последната година почнав да го практикувам тоа. Имам многу да кажам, но ќе зборувам за тоа кога ќе дојде време“, заклучи Каја во емисијата „Премиера – Викенд специјал“, пренесе „Телеграф“.
Во Премиера – викенд специјал, зборуваше и Елма Синановиќ, а на самиот почеток го коментираше киднапирањето на Даниел Кајмаковски:
„Ова се ужасни работи, не знам што се случува “, рече Елма, а потоа се сети што се случи пред дваесет години:
„Беше почеток на 1997 година, купивме стан во Белград, јас бев пред породување, купував работи, и едно утро мојот сопруг го напушти станот и не можеше да го најде автомобилот. Ни ги украдоа автомобилите. Имав и ситуација каде што моите семејни пријатели ми ја украдоа компанијата, измамнички ми ја зедоа компанијата, ме натераа да потпишам полномошно. Верував, но верувам во правдата, дека сè ќе биде во ред“, рече Елма.
Таа се осврна и на нападот врз вилата на Здравко Чолиќ:
„Видов сè, ужасно е, жал ми е што го слушам тоа, го обожавам Чола, му се восхитувам, тој е најголемата ѕвезда, но тоа им се случува на најдобрите. Морам да кажам дека немам обезбедување, ниту пак ми треба, ако треба, ќе има“, рече Елма.
Пејачката Теа Таировиќ се најде на аеродромот „Никола Тесла“ во Белград, каде новинарите ја прашаа дали слушнала дека нејзиниот колега Даниел Кајмакоски бил киднапиран синоќа во Белград, а Теа беше шокирана од оваа информација.
– Ве молам? Дали е ова шега? Телефонот ми беше исклучен и воопшто не видов што се случува. О, Боже – изјави пејачката, а кога новинарите ѝ објаснија како изгледало киднапирањето, како и како пејачот бил спасен, Теа останала целосно збунета.
Потоа ја прашале и дали стравува за својата безбедност.
„Далеку било, не дај боже“, повтори Таировиќ, а потоа следел коментарот на новинарката дека нема од што да се плаши бидејќи има сопруг покрај себе, па овој разговор завршил со насмевки, пишуваат српските медиуми.
Свет
Јапонската премиерка Такаичи освои историска победа на изборите
Ризичниот потег на премиерката на Јапонија, Санае Такаичи, да распише предвремени избори ѝ донесе убедлива победа – нејзината владејачка Либерално-демократска партија освои повеќе од 310 од 465 пратенички места во долниот дом, јави „Си-Ен-Ен“, повикувајќи се на анкетите на јапонската телевизија NHK.
Ова е првпат по Втората светска војна една партија да има двотретинско мнозинство во парламентот. Тие сега можат да предлагаат уставни измени и да ги надгласуваат блокадите во горниот дом.
Такаичи, првата жена на чело на јапонската влада, ја доби поддршката на гласачите само четири месеци откако стана премиерка. Во јавноста е популарна по нејзината работна етика, активноста на социјалните мрежи, како и заедничките настапи со светски лидери – меѓу кои и импровизирано свирење на тапани со јужнокорејскиот претседател.
Победата ѝ овозможува силен мандат за справување со економските предизвици, слабата валута и влошените односи со Кина. Тесно соработува и со американскиот претседател Доналд Трамп, кој ѝ даде „целосна поддршка“.
И покрај позитивниот имиџ, Такаичи беше критикувана поради нејзини изјави за Тајван и интензивниот работен ритам – состаноци до 3 часот наутро. Нејзиниот коментар дека Јапонија би можела да реагира воено ако Кина нападне Тајван доведе до дипломатски тензии со Пекинг.
Свет
Бабиш ја повика Европа да почне преговори со Путин
Чешкиот премиер Андреј Бабиш повика Европа да започне преговори со рускиот претседател Владимир Путин за решавање на конфликтот во Украина, пренесоа денеска чешките медиуми.
„Европските лидери сега почнаа да зборуваат дека треба да се преговара со Путин. Порано, кога унгарскиот премиер Виктор Орбан беше кај Зеленски и кај Путин, сите го осудуваа тоа“, потсети Бабиш, пренесува порталот TN.
Тој ги повика европските земји да воспостават директен дијалог со Москва, оценувајќи дека тоа е неопходен предуслов за примирје.
Бабиш додаде дека Европа не е во состојба самостојно да го запре конфликтот, нагласувајќи дека „клучниот играч во преговорите е американскиот претседател Доналд Трамп“.
Тој потсети дека мир бил близу уште во април 2022 година, но дека тогашниот британски премиер Борис Џонсон го спречил договорот.
„Луѓе умираат во Украина. Мора да има дипломатско решение“, рече Бабиш, додавајќи дека излезот треба да се бара во тековните преговори.
Втората рунда на трилатерални преговори меѓу Русија, Украина и САД се одржа на 4 и 5 февруари во Абу Даби.

