Македонија
Орбан: Пристапни преговори час поскоро (поширока верзија)
Македонија што поскоро треба да ги започне пристапните преговори со Европската Унија, порача унгарскиот премиер Виктор Орбан по денешната средба со неговиот македонски колега Никола Груевски.
Македонија што поскоро треба да ги започне пристапните преговори со Европската Унија, порача унгарскиот премиер Виктор Орбан по денешната средба со неговиот македонски колега Никола Груевски.Според Орбан, почетокот на преговорите е во интерес на Европската Унија и е важен предуслов за понатамошниот развој на земјата. Како неприродна состојба го оцени фактот што Македонија веќе шест години по одредувањето на кандидатскиот статус чека почеток на пристапните преговори.„Не е моја работа да заземам став за билатералните односи на Македонија со друга држава. Но, мојата работа е да ги застапувам интересите на Европа. Интересите на Европската Унија се Македонија час поскоро да стане член. Затоа сметам дека овие преговори треба час поскоро да започнат. Затоа и јас, како актуелен претседавач на Европската Унија и како премиер на Унгарија ќе се залагам и понатаму овие разговори да започнат што поскоро. Добивањето на статусот за членство дава многу повеќе можности за да ги реализираат своите интереси. Затоа, нема никаква логика и причина некој да спречува започнување на тие преговори. Затоа сметам дека ниеден интерес на Европската Унија нема да се наруши доколку започнат разговорите“, рече Орбан, кој од позиција на претседавач со Европската Унија вети заложба прашањето за отпочнување на преговорите да се држи на дневен ред.Од македонска страна, пак, премиерот Груевски изрази благодарност за унгарската поддршка. Во посетата на Орбан препознава силен поттик за продолжување на реформите неопходни за понатамошна интеграција во унијата.„Денешната посета претставува и силен политички сигнал дека унгарското претседателство активно се залага за продолжување на процесот на проширување на Европската Унија, што за нас преставува силен поттик за понатамошно исполнување на неопходните реформи за остварување на нашата стратешка цел, а тоа е полноправното членство на Република Македонија во Европската Унија“, изјави Груевски.Во рамки на посетата на Орбан, министерот за економија, Фатмир Бесими и унгарскиот министер за национален развој, Томас Фелеги потпишаа спогодба за економска соработка. Орбан денеска се среќава со претседателот Ѓорге Иванов, а ќе учествува на македонско-унгарски бизнис форум. /крај/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Коцевски: Ако градоначалникот Ѓорѓиевски има докази за злоупотреби во јавните претпријатија нека пријави
Републичкиот јавен обвинител Љупчо Коцевски изјави дека градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, доколку има докази за злоупотреби во јавните претпријатија, е надлежен тоа да го пријави во Министерството за внатрешни работи или во Јавното обвинителство.
„Во однос на изјавите на градоначалникот, ќе кажам дека тој како градоначалник, доколку има докази и е надлежен, тоа може да го пријави на надлежните органи – МВР, и да ги достави тие документи евентуално во Јавното обвинителство. И досега Обвинителството така постапувало, што значи дека ќе постапува и натаму. Ако има злоупотреби, стоиме на располагање“, изјави Коцевски.
Градоначалникот Ѓорѓиевски претходно на социјалните мрежи објави дека во скопските јавни претпријатија се отпуштени 500 лица кои со месеци или години не доаѓале на работа, и дека нема да има толеранција за такви случаи.
Дополнително во телевизиско гостување, Ѓорѓиевски објасни дека до него пристигнале документи кои укажуваат на можни незаконитости во работењето на повеќе претпријатија.
Македонија
Следната недела почнува судењето за пожарот во „Пулс“, обвинителството со тим од 15 обвинители
Судскиот процес за трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој животот го загубија 63 лица, а над 200 беа повредени, почнува следната недела, на 19 ноември.
Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски најави дека обвинението ќе го застапува тим од околу 15 обвинители, со веќе утврден план за нивна координација.
„Во судница обвинението ќе го застапуваат истите обвинители што беа и досега, но најверојатно ќе ангажираме уште неколку, за да не се одолговлекува постапката. Од наша страна сме целосно подготвени и екипирани“, изјави Коцевски, додавајќи дека вчера се одржал координациски состанок во Јавното обвинителство.
Обвинението, поднесено во јуни годинава, опфаќа 34 физички и три правни лица, обвинети за тешки дела против општата сигурност. Меѓу нив се тројца поранешни градоначалници на Кочани, четворица директори на Дирекцијата за заштита и спасување, пет државни службеници, генерален секретар и двајца поранешни министри за економија. Првообвинети се тројцата одговорни лица и сопственици на фирмата чија подружница бил кабарето „Пулс“.
Покрај главниот предмет, се води и посебна истрага против 13 полицајци поврзани со случајот, која се одвива побавно поради одложени сослушувања на сведоци. Одлуката од Јавното обвинителство се очекува на почетокот на декември.
Во Основното јавно обвинителство Кочани се води и предистражна постапка против службеници на Управата за јавни приходи.
Македонија
Утре делови од Шуто Оризари без вода за пиење
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека утре ( среда ) поради промена на затворач ф-125мм на крстосницата Индира Ганди/Гвадалахара, прекинато водоснабдување ќе имаат следниве улици; Гвадалахара, Индира Ганди, Метохиска, Јован Хаџи Шишко и Гарсија Лорка.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.(општина Шуто Оризари)

