Македонија
Акција за отстранување на терасите од Kејот 13 Ноември
Широка акција за отстранување на привремените објекти на Кејот 13 ноември започна во среда наутро, а на мета беа стаклениците и терасите што сопствениците ги поставиле нелегално.
Широка акција за отстранување на привремените објекти на Кејот 13 ноември започна во среда наутро, а на мета беа стаклениците и терасите што сопствениците ги поставиле нелегално. Акцијата ја организираше Општината Центар, а оттаму информираа дека претходно ги известиле сопствениците да ги отстранат тендите.“Ова е дел од една поширока акција за отстранување на сите привремени објекти кои узурпираат јавни површини. Акцијата започна од кафулињата Тренд и Јаболко кои по добиеното известување самостојно ги отстранија тендите и целата урбана опрема сместена во нив. Денеска на ред дојдоа локалите на Кејот 13 Ноември и акцијата се одвиваше неселективно”, рече портпаролот на Општина Центар Јовица Ацковски.Дел од сопствениците на локалите потврдија дека добиле известување за отстранување на терасите, но протестираат бидејќи Општината не им дала доволно време самите да ги отстранат.„Не може во пресрет на христијанскиот празник Водици, кога Кејот на Вардар е преполн со луѓе, ние да ги демонтираме терасите. Точно е дека добивме известување, но рокот што ни го дадоа општинските власти беше прекраток“, вели сопственикот на еден од кафе-рестораните на Кејот.Од општината Центар информираа дека акцијата ќе продолжи и во наредниот период./крај/вм
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Скопје
Без струја денеска дел од Карпош
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН, информира дека поради планирани зафати во електро дистрибутивната мрежа, без напојување со електрична енергија ќе останат:
– денеска од 10:00 до 13:00 часот, корисниците во околината на новата зграда БИСИ на улица Козле во општина Карпош;
– во вторник од 09:00 до 14:00 часот, корисниците од улицата Димитар Илиевски Мурато и улицата Тодор Чангов (подулици бр: 49. 51 и 53) во општина Аеродром.
Македонија
Поголем дел од Карпош без струја поради испад на трафостаница
Општина Карпош информира дека поради испад на трафостаница без електрична енергија е поголем дел од општина Карпош и тоа населбите Карпош 1, Карпош 2, Карпош 3, Карпош 4, Тафталиџе, како и делови од Влае и Злокуќани.
„Од ЕВН не информираа дека нивните екипи се веќе на терен и работат на поправка на дефектот“, велат од Општина Карпош.
Се огласија и од ЕВН. Оттаму велат:
„Поради испад на 100/35/10 кВ трафостаница „Запад”, дел од Карпош остана без снабдувањето со електрична енергија. Екипите на Електродистрибуција веднаш излегоа на терен и го вратија снабдувањето со електрична енергија во поголемиот дел од општината. Се продолжува со работа се до потполно отстранување на дефектот и нормализирање на снабдувањето за сите засегнати корисници“, ни одговорија од ЕВН.
Македонија
Еуроњуз: Македонија има најмногу смртни случаи во Европа како последица на загадувањето
Најпогодена држава од загадувањето на воздухот е Македонија, а по неа следи Србија, објави „Еуроњуз“ повикувајќи се на извештај на Европската комисија и Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД).
Соседните држави Албанија и Бугарија, како и Црна Гора исто така се наведуваат како земји со високо ниво на загаден воздух.
Според извештаите на Европската агенција за животна средина, изложеноста на PM2.5 честичките предизвикало околу 239.000 предвремени смртни случаи во Европа во 2021 година, додека уште 48.000 луѓе починале како резултат на изложеност на азот диоксид.
Институтот за јавно здравје лани објави извештај според кој речиси 18% од вкупната смртност во Македонија може да се препишат на изложеноста на тековните концентрации на ПМ2.5 честички.
Претходно УНИЦЕФ објави алармантна статистика дека секој деветти смртен случај кај новороденчиња во земјава е поврзан со загаден воздух.