Македонија
Охрид ќе добие современ спортски комплекс
Со вчерашното усвојување на предлог одлуката за донесување детален урбанистички план за Урбана заедница 17, Спортски центар Атина Бојаџи од страна на советниците, се даде зелено светло за изработка на архитектонско- урбанистичкиот проект
Со вчерашното усвојување на предлог одлуката за донесување детален урбанистички план за Урбана заедница 17, Спортски центар – Атина Бојаџи од страна на советниците, се даде зелено светло за изработка на архитектонско- урбанистичкиот проект за градежната парцела на овој простор на која ќе биде изграден современ спортски комплекс. Во рамки на комплексот предвиден е стадион со капацитет од 25 илјади гледачи, покриена спортска сала, една помошна спортска сала, два базени од кои едниот ќе биде покриен и еден на отворено, помошни спортски терени за голем и мал фудбал, кошарка, тенис, одбојка, како и еден објект кој во зимски период ќе се користи како лизгалиште, а во летниот како игралиште за хокеј на трева. Во комплексот се предвидува и паркинг простор кој ќе го опслужува целиот комплекс, кој ќе се протега на голема површина под нивото на теренот и над првиот кат, а на приземниот кат ќе има содржини поврзани со спортските активности.Како што потенцира раководителот на секторот за урбанизам при локалната самоуправа, Бранко Арнаудоски, за да се стави предлог одлуката за овој простор пред советниците, претходел долг период договори со министерството за транспорт и врски и министерството за животна средина, по што била добиена согласност од надлежните министерства. крај/охридњуз/к.с.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без вода денеска дел од Центар
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· поради поврзување од стара на нова водоводна мрежа со пречник од ф-200 мм на улицата Тодор Александров бб, од 08:30 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од делови од улиците: Тодор Александров, Партениј Зографски и Периша Савелиќ, општина Центар.
Македонија
Дел од Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 10:00 до 12:00 часот, корисниците од дел од улицата Ловќенска, општина Карпош.
Македонија
Променливо облачно и студено со сончеви периоди, повремено ќе дува засилен северен ветер
Времето денеска ќе биде променливо облачно и студено со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието и во источните делови повремено засилен ветер од северен правец (над 60 km/h).
Минималната температура ќе биде во интервал од -13 до -5, а максималната ќе достигне од -4 до 3 степени.
Во Скопје, променливо облачно и студено со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, претпладне во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец.
Минималната температура ќе се спушти до -9, а максималната ќе достигне до 2 степена.
Времето во наредните денови
Следува период на стабилно и суво време со студени утра и утрински температури кои насекаде ќе бидат негативни. Во вторник наместа дневните температури ќе се задржат негативни, а од среда ќе бидат во постепен пораст. Од средината на седмицата по котлините ќе има услови за појава на магла.

