Македонија
Нови 17 лица со симптоми на новиот грип примени на Инфективна
Нови 17 лица сомнителни за инфлуенца А Х1Н1 се хоспитализирани во текот на последните 24 часа на Клиниката за инфективни болести во Скопје.
Нови 17 лица сомнителни за инфлуенца А Х1Н1 се хоспитализирани во текот на последните 24 часа на Клиниката за инфективни болести во Скопје. Како што е соопштено од Министерството за здравство, сите новопримени пациенти се во стабилна здравствена состојба. И натаму, во тешка општа состојба е 25-годишниот пациент со бронхопневмонија (примен а 28.11), кој сè уште е на респиратор, како и 40-годишна пациентка, хоспитализирана на 02.12., чија здравствена состојба во сабота нагло се влошила, поставена е на асистирана вентилација и сè уште е во многу тешка состојба. Во тешка состојба е една пациентка, која во сабота е хоспитализирана со знаци за тешко респираторно засегање и поставена е на вештачка вентилација. Во моментот на Клиниката се хоспитализирани вкупно 115 болни, додека во Воената болница се лекуваат 42 пациенти со симптомите на новиот тип на грип. На Клиниката за детски болести во Скопје во изминатото деноноќие се хоспитализирани 11 нови пациенти и таму во моментов болнички се лекуваат 71 пациент со симптоми на грип (на возраст од шест месеци до пет години). Сите новопримени пациенти се со полесна клиничка слика, освен едно дете кое има потешка форма на пневмонија. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Илинден, Карпош, Кисела Вода и Гази Баба денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:20 – 14:20 часот, корисниците од дел од с. Марино, општина Илинден;
· од 09:00 – 15:00 часот, корисниците на ул. Козле, крак 2, општина Карпош;
· од 10:00 – 13:00 часот, корисниците од улиците: 1511 и 1512, (позади Автосервисот – Мечкаров), општина Кисела Вода;
· од 11:00 – 14:00 часот, корисниците од дел од ул. Коце Металец, општина Гази Баба.
Македонија
Претпладне магла, во текот на денот сончево со мала облачност
Сончево со мала до умерена локална облачност. Во утринските и претпладневните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до -2, а максималната ќе достигне од 8 до 13 степени.
Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала облачност и претежно тивко. Минималната температура ќе се спушти до -5, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Времето во наредните денови
До крајот на седмицата времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и претежно тивко. Во утринските и ноќните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла.
Македонија
Делови од Центар и Карпош денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради уличен дефект на булеварот Св.Климент Охридски (спроти Соборен Храм), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на потегот од крстосницата со Партизански Одреди до паркинг ЈАТ, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот.
Исто така денеска поради реконструкција на водоводна цевка Ф 300мм. на улица Бањалучка 10 со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од улицата Бањалучка, Осло, Будимпештанска, Урош Ѓурович, Љубица Георгиева дел од улица Женевска и Васил Чакаларов. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на работните активности.

