Македонија
Тачи – Охридскиот договор е мртов
Охридскиот договор не се имплементира, тој е мртов, а Владата на Македонија последнава година само потврдува дека тој договор е мртов
Охридскиот договор не се имплементира, тој е мртов, а Владата на Македонија последнава година само потврдува дека тој договор е мртов.
Ова денеска во интервју за Радио Слободна Европа го изјави лидерот на опозиционата Демократска партија на Албанците (ДПА) Мендух Тачи, објаснувајќи зошто се залага за нов договор.
Сето ова го правам како последна опомена дека Македонија е пред голема опасност, рече Тачи порачувајќи им на сите што толку многу ги потценуваат Албанците и системот на мерење на капацитетот на Албанците како дилетанти и луѓе што ништо не ги интересира- ако овој предлог не успее, ќе бидеме живи, ќе видиме.
Капацитетите, енергијата на Албанците, ако ова не се прифати, ќе завршуваат со албанска држава внатре во овие територии, нагласува лидерот на ДПА.
Можеби до одредени места ќе има промени на Уставот, но треба да разјасниме нешто. Апсолутно не се зборува за територија, за федерализација, туку ако ги нервира овој наш Договор, ние ќе имаме друг пристап, рече Тачи, додавајќи дека ќе го земеме Охридскиот Договор и да видиме до каде се исполнети тие начела што ги има во него. Ако е 30% исполнето, тогаш да се договориме како да ги надминеме другите 70%.
Ќе бараме соработка со сите, особено со меѓународната заедница. Сеуште давам предност на таа парадигма ЕУ и НАТО, мултиетничност, изјави во интервју за Радио Слободна Европа лидерот ДПА Мендух Тачи.
Претходно, Тачи, како што јави албанската телевизија „Топ Чанел“. го обвини македонскиот премиер Никола Груевски, дека има за цел да ја уништи Македонија.
Тачи акцентот на своето обвинување го стави на Охридскиот договор, кој, според него, е целосно уништен токму од Македонците и врвот на Владата./крај/рсе/мп
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Во прекин сообраќајот на граничниот премин Евзони
Од 17:30 часот сообраќајот на граничниот премин Евзони (Богородица) е во прекин, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Македонија
Во наредните десет дена изменет сообраќаен режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта
СВР Охрид информира дека од денеска во наредните десет дена, на сила ќе бидат измените на сообраќајниот режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта, општина Дебрца.
„На овој патен потег, сообраќајот ќе се одвива наизменично по левата сообраќајна лента гледано во правец од Охрид кон Кичево поради што, апелираме до возачите, крајно внимателно и со прилагодена брзина да ги управуваат своите патнички и други моторни возила и во согласност со поставената хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација“, соопштуваат од СВР Охрид.
Македонија
СДСМ: „Тефтерчињата“ во судството од времето на Никола Груевски се вратија
„Го сменија јавниот обвинител за да постават обвинител под своја контрола. Сопруга на градоначалник од ДПМНЕ назначија за член на Судскиот совет, поставија партиски човек во Советот за јавни обвинители. ‘Тефтерчињата’ во судството од времето на Никола Груевски се вратија“, велат од СДСМ.
„Сите знаат, следува целосно погребување на правдата. Со неуставна Резолуција во Собранието ДПМНЕ-ЗНАМ ја гушат демократијата, слободата на говор и се обидува да ја замолчи опозицијата да не зборува за договорот мигранти за пари.
Дури и Катица Јанева ја пуштија од затвор. Три години порано ја пуштија надвор од затвор за 3 месеци да тера кампања. Copy-paste сценарија како методите на Никола Груевски и Вучиќ. Режим 2.0.
Затоа е потребен широк фронт за правда на сите слободоумни граѓани, опозициски партии, прогресивни сили, здруженија. Заедно ќе ја одбраниме демократијата, заедно ќе ја одбраниме Македонија!“, се наведува во соопштението на СДСМ.

